Моментално возиме голф 3ка, и сакаме да се тркаме против ферари, порше, бмв, ауди итн.
И Шумахер/Сена/Хамилтон да го стаиме у голфот нема да победи.
Артета има вина у моментов, ама не сакам да го бркаме на сред сезона пошто кој и да дојде нема да направи ништо.
Мислам дека не го вади максимумот од овој тим АМА сметам дека треба да најдеме играчи што би можеле да ја играат замислата на Артета.
Белерин е ужасен, Џака не би требало да припари до тимот, и генерално пола од тимов би го сменил затоа што НЕМААТ поима од играње со топка и ја кочат играта. Неможе да ти требаат 4 додири со топката за да ја додадеш или пак ако е додавање од прва/втора да е само назад.
Ги нема оние играња во триаголник што беа специфични за средината порано со едно - две додавања и исфрлање на цела средина на противникот.
Денес Мурињо изигра очекувано, ни ја даде топката и ја затвори средината (ептен тешка работа нели?), што ги натера по игра од страна каде што цело време им затвараа крилата како што треба (Бергвајн, Сон и Ло Селсо искинаа дефанзивно).
Воедно лево ЦЕЛО време се дуплираа Сака и Тирни, и Вилиан и Тирни без да се појави ТРЕТ играч некаде во централенио дел од 20 - 30 метри од гол за да го изиграат оној триаголник при што топката во најголем дел или беше изгубена, или нафрлена и пак изгубена,или вратена до Џака кој беше лев бек во тој момент. Нормално таа позиција е за 10ка, проба Лаказет денес да го игра тоа, и иако не беше лош сепак го нема тој инстинкт и тргнуваше често во шеснаесетник како напаѓач наместо да иде да разигра.
Ептен сме предвидливи вака и секој поцврст тим ќе ни крати бодови со контри. Имаме квалитет и со овој тим да притиснеме екипа назад на нивна половина, ама џабе кога нема ефект и нема шанси од тоа.
Ако сакаме да бркаме резултат сезонава со овој тим, мора да им препуштаме иницијатива на противниците и да чекаме шанси од контри, колку и да звучи лошо тоа. Во спротивно, само ќе кружиме наоколу без идеја, ќе нафрламе и ќе примаме голови од контри.
Денес двата нивни голови паднаа баш по такви контри, 3 пасови имаше од губење на топка до примен гол, и и во двата наврати Белерин ја нафрлаше топката и нормално после го немаше никаде во одбрана.
Едит: За првиот гол, Сон беше позади Белерин кога ја "изгубивме" топката. Додека се свести Белерин каде е Сон веќе беше позади...