Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.
За малку ќе помислевме дека моќната Бугарија е причината за нашето вето и нивните неприфатливи барања.
Знаат дека секако ќе јадеме вето па да ја искористат ситуацијата. Се имаше некое чуство дека воопшто не не планират во тоа нивно друштво ама ај мораа да се преправаат дека не сакаат и дека Бугарија е проблемот сега.
Се е однапред договорено на високо ниво. Зад кулоарите.
После приемот на Хрватска на 1 Јули 2013 година, ќе помине долго време пред некоја држава да стане членка на ЕУ. Само ќе се измислуваат и пронаоѓаат различни изговори со цел да се пронаоѓаат мани, недостатоци и забелешки на земјите кандидати за членство во ЕУ, се со цел да не се примаат нови членки долго време.
На еден Хрватски форум, некои Хрвати во тема за нашата држава пишуваа дека поради Бугарија нема да почнеме преговори, јас им вратив дека во 2018 Холандија беше пречка, во 2019 Франција беше пречка а сега е демек Бугарија, но напишав дека Бугарија е ситна боранија, да имаат забетонирана желба и одлучност да не примат најмоќните држави како Германија, Австрија, Франција во ЕУ, ние одамна ќе бевме во ЕУ а не да зезаат за почнување на преговори во 2020.
Плус им напишав на Хрватите за реалноста, дека нивната држава е спонзорирана од 1991 од Германија и Австрија и дека овие две држави ја гураат Хрватска во секој поглед од 1991 наваму, и може Хрватите се навредија, но ништо не ми возвратија на тој мој коментар.
Сите ја знаеме состојбата дека Хрватска е помагана од Германија и Хрватска и да ја има целата своја територија во владение, но е и помагана за ЕУ членството. Имаше држави кои беа против Хрватска да влезе во 2013 во ЕУ, но сепак спонзорите Германија и Австрија застанаа одлучно зад своето дете Хрватска и мораа да молчат разно разни Данска, Холандија и слични ЕУ членки.
Е ние немаме такви спонзори како Германија и Австрија и затоа сме тука кај сме. Ова што го зборуваат Меркел и некои Германски политичари дека не подржуваат на патот кон ЕУ, тоа е само реда ради, само се театрални изјави за политичка коректност и за употреба пред медиуми и јавност. Во суштина немаме подршка од Германија и Меркел, да имавме подршка каква што имаа и имаат и ќе имаат Хрватска, ние одамна ќе бевме во ЕУ.
Сетете се, Хрватска имаше, има и уште има гранични спорови со Словенија и Италија земји кои се одамна дел од ЕУ, но овие две земји си беа опоменати од Германија и Австрија да не ја сопираат Хрватска на патот кон ЕУ и мораа Јанезите во Словенија да молчат и да не ја блокираат Хрватска.
Сега Јанезите само прдат и тропаат дека ќе ја блокираат Хрватска за влез во заедничката валута еврото, но пак ќе бидат Јанезите опоменати од Германија и Австрија и ќе мораат да дозволат Хрватска да го има евро за валута.
Германија да искрено и одлучно сака ние да сме во ЕУ, ќе им шлапнат финансиски ќотек на Бугарите и Бугарија како пиле ќе пее песна за ние да отвараме поглавја.
Ама не, Германија е само фиктивно демек наш пријател, како што Русија е пријател на многу држави па ги остава на цедило ( се знае на кои мислам).
И постојано само ќе се измислува топла вода, демек ова ни фали она ни фали во реформи и во држава, а се однапред договорено сценарио да нема нови членки на ЕУ многу, многу долго време после 1 Јули 2013.
Една година ќе биде против Холандија, наредна Франција, наредна година Бугарија, следни години Данска, па пак Холандија, после може да биде против некоја сосема трета, четврта членка на ЕУ. Продавање муда за бубрези.