- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.602
- Возраст
- 37
Учесниците треба да ја прифатат реалноста таква каква што е моментално, да се помират дека биле изиграни за ситни партиски интереси, а не да се кријат зад некакви патриотски идеали. Оти ако идеалот на тоа движење беше државата, истото немаше да замре штом овие дојдоа на власт. Што значи дека мотивите на мнозинството биле други, ситни и себични, немале врска со патриотизам.
Интересна работа, сите учесници во тоа шарено движење што ги познавам штом се спомне нивната компромитираност во истото веднаш стануваат аполитички, политика веќе не ги интересира, иако веќе многу брзо се виде оти шарената револуција беше се освен непартиска, тоа не ги спречи и понатаму да излегуваат и да се шлакаат со боја.
Летаргија владееше и во време на режимот на Грујо, па не видов тоа да ги спречи шарените да излезат на протест.
Што тоа беше мотивот да ги натера да излезат тогаш на протест, што порив ќе беше тоа? По што ако се работеше за патриотизам, истиот сега е најпотребен, а ваму патриотите денес се вадат на летаргија, демек разочарани ќе бегаат во странство.
Поривот за шарената револуција кај мене не беше класичен патриотизам или не дај боже национализам. Поттик беше што веќе беше неподносливо една мала група криминалци да ја киднапираат државата и да прават што им е волја, да газат преку трупови и да уништуваат судбини. Сум пишувал порано на форумов дел од тоа низ што поминував јас и членови на моето семејство во тој период ама тоа е само мал дел, нема потреба да замарам со лични приказни. Како и да е груевизмот секогаш ќе го сметам за период кој е без преседан и најголемо зло што и се случило на мојата земја.
Може конструктивно да се критикува шарената и резултатите од неа. Еве за твоите коментари немам некоја замерка. Ама секогаш ќе реагирам на муабети од типот "шарените ја мразеа својата држава" зашто се коментари дадени со злоба и без некој доказ или поткрепа.