Како човек кој со децении го почнува денот со 100 грама чоколадо, па после ќе видиме колку уште, си давам право да го истакнам своето мислење. Секако, на крајот од денот, станува збор за вкус - секој си има свој. Некој ќе се сложи со некои мои мислења, некој не.
Чоколади/фирми кои можат да поминат:
Банат - една од најдбрите понуди за тие пари.
Соко Штарк - исто, али се искурназија у задње време и ја намалија грамажата.
Алпико како Тоблероне што е - добра замена за Тоблероне, за тие пари.
Европа - тие ексклузив, или како и да ги викаат се океј, другото не баш
Чоколади/фирми кои не се баш за купување, од икс причини:
Краш/Дорина - го имаме не-Дорина-Краш од порано, од времето на СФРЈ и овој Дорина-Краш денес. Различно е. Дорина е најлошиот проект на Краш. И не-Дорина производите им се со полош квалитет од порано (Бајадерите на пример). Не знам дали во Хрватска се исто срање, како кај нас. Бев таму, не купив, пошто беа доста поскапи од Дорина/Краш што се кај нас.
Пионир - ужас, не купувај
Звечево - боље од Пионир и од Дорина, ама сепак за во долнава група.
Милка кај нас - биг Ноу. Сте пробале Милка у странство? Чоколадото е океј кај нас, ама ќе сфатиш за што даваш пари тука, кога ќе пробаш Милка у Германија.
Алпико - што не е како Тоблероне: nope
има и други секако, али сега само за овие
(само да кажам дека ја кога немам чоколадо, би јадел било какво, али остајте ме вие мене)