liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Еве убав пример, колку да ти објаснам и самиот да се увериш зошто Библијата е Книга на Црквата, и дека начинот на разбирање преку Неа има смисла без контрадикторности, заради дијалогот Бог - човек во историјата, отколку нецрковните, самоволни па и разни “научни“ пристапувања( за кои претходно веќе кажав, никој не ви ги брани, но бидете искрени дека само Авторот е компетентен да каже што сака да каже, мислел...)..., кои се само човечки, рационални спекулации најчесто промашени, бидејќи човекот е создание од Бог, Кој е Апсолут,Несоздаден, и ако не му се открие, влезе во дијалог со човекот, на човекот не му преостанува ништо друго освен да спекулира, претпоставува, користи научни методи кои за Бог не важат..., како на пример што е античката, паганска философија, археологијата...Стих 19 и 20, второ поглавје: Адам им дава имиња на тукушто создадените животни.
Стих 28 и 29, прво поглавје: И ги благослови Бог и им рече... (Не се обраќа само на еден човек, туку на двајца (или повеќе).
Второто поглавје наместо да го надополнува (како што тврдиш), му противречи на првото.
Битие 1, претставува химна со ритмираност од еден референ и е составена од 7 строфи, додека Битие 2 е наратив од кого се очекува развојот на дејствието во следните поглавја. Разликата во стиловите е лесно воочлива.
„4. Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата,
6. но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. “
Вториот расказ за создавањето започнува со опис на еден свет во кој сеуште нема ниту едно човечко суштество, дрва, нема ниту дожд..., очигледно авторот се навраќа некаде на почетокот од создавањето, иако главната цел му е да го опише создавањето на човекот. Што значи не се работи просто за продолжение, туку за друг расказ кои не случајно се повразни.
„Во она време го немаше ниту човекот што ќе ја обработува земјата(писателот упатува на сите следни генерации), кога ќе го слушнат, да познаат како на почетокот беше создадено она што израснува од земјата и да не ги припишуваат приносите и сето останато на грижата на оние што кои ја обработуваат земјата, туку на словото и на заповедта која Творецот на почеткото ја даде“ - вели Свети Јован Златоуст.
П.С.Таков е Христијанскиот пристап кон Библијата, Личност со личност, не мора да ви се допаѓа, да ви е прифатлив итн., но барем колку елементарно ко луѓе да се разбереме зошто непотребно се расправаме, докажуваме...
Сепак Исус повторно ќе дојде, тоа е нашата вера, ДОВЕРБА во Него, кој не прифаќа, слободен е.