Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447

„И ви велам: нема да Ме видите додека не дојде време да кажете: „Благословен е Оној Кој доаѓа во Господово име!”"
- Лука, 13

Ова времево, никако не доаѓа, а „скоро ќе да беше“ да се случи.
Ете, пак евреите криви што не го познале Исус како месија. Ерусалиме што ли начека и муслимани и христијани и евреи да не може да кажете баш ова што се бара за да заврши еднаш засекогаш ова „доаѓање“.

П.С. Кое е тоа „Господово име“ ме интересира за дас е познае оној што доаѓа ?
Евреите т.е.еврејските старешини и свештеници не го примиле Исуса во Господово име(како пратеник во нечиво име, пр. Амбасадор на Македонија во САД.)Но вториот пат ќе му се поклонот и ќе речат- Благословен е оној кој доаѓа во Господово име.
Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание. И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
2. Петар 3:9‭-‬10 MK1990
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
„Ќе“ е идно време од „Лажам“.

Твоето верување во света книга е во ред. Но да зборуваш со сигурност бидејќи ти веруваш така без никаква поткрепа од друго место туку само од света книга која е дискутабилна - не оди во твој прилог.

Ја знам библијата, не мора да ми цитираш од неа „за да ми докажеш“ дека Исус ќе доаѓа пак. Сеуште се води полемика дали воопшто се случило било што од ова што е запишано во новиот завет, не пак да ја земаме книгата како доказ за самата себе.

Убаво велам јас: кога ќе престане христијанскиот свештеник да ги обвинува евреите од кои го украдоа и искасапија учењето - тогаш можеби ќе се промени нешто во самата срж на верувањето кај вас, христијаните.
Но тоа, тешко. Нема да го дозволат свештениците!

Затоа, чекајте и надевајте се, бидејќи „времето е блиску“. 2000 години се ништо за боговите.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Која е разликата меѓу откровението и сите други апокалиптични верски текстови? Светот досега требаше 500 пати да се распадне.

Како можеме да бидеме сигурни дека тој што го пишувал си немал психички проблеми, како Мухамед со шизофренијата? Зошто баш него му се појавиле визиите? И зошто еве веќе 2000 години чекаме на судниот ден?
Апостол Јован заради верата во Христа бил прогонет на островот Патмос каде што го напишал Откровението според визиите кои му ги дал Господ таму. Пред да биде прогонет императорот на рим го фрлил во вжештено масло но тој излегол жив од таму.Сите кои тоа го виделе посведочиле за натприродноста на настанот.Императорот не се осмелил да ја повторува егзекуцијата туку го испратил на осамениот остров Патмос.Во времето кога Апостол Јован Богослов го пишувал Откровението бил остарен, почитуван старешина на црквата, и бил при здрав памет.Откровението, како што и самото име кажува е Божје откровение за иднината кое Бог преку својот слуга Јован ни го дал нам.Затоа благословен е кој ги чита и кој ги слуша зборовите на таа книга.Многу од настаните опишани таму веќе се случиле, некои се случуваат сега, а некои ќе се случат во блиска иднина.Единствено Апостол Јован од 12те апостоли умрел со природна смрт.Сите други биле измачувани и убиени.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Како можеме да бидеме сигурни дека тој што го пишувал си немал психички проблеми, како Мухамед со шизофренијата?
Од кај ти оваа информација? Или си заклучи сам без научни докази?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Од кај ти оваа информација? Или си заклучи сам без научни докази?
Има научници кои што мислат дека имал шизофренија, епилепсија или нешто слично. Не ми текнало мене на памет.

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Има научници кои што мислат дека имал шизофренија, епилепсија или нешто слично. Не ми текнало мене на памет.

Само мислат, други пак мислат дека лапнал печурчиња и имал ДМТ трип, трети ова...

Muhammad, like Isa, and Budda, practiced meditation, slowing his mind and clearing his thoughts, over time his ability to slow his mind grow more controlled until one night he achieved 4 to 5 cycles per second, a key cycle of consciousness, triggering something that shattered the very fabric of his reality, this is no small achievement, as in a natural circumstance you will enter REM sleep in such a mental state, so it is the ability to overcome the mechanism of the mind and remain conscious while your mind is at rest. A state of consciousness Buddha called enlightenment....

Ама се е ова шпекулативно и никој не може научно да провери... па кој во што сака да верува, нели?
 
Иса - значи од муслимански извор :)

Не знам дал је он био дрогиран или пијан, нормалан био није.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Како тоа еднаш ги создал машко и женско, па после ги создал животните, па после ги довел пред Адам за да им даде име, па откако не си нашол неѓу нив сопатик(како воопшто би барал ако веќе имал една)?А си слушнал ли ти за стилски фигури, после за инверзија, па за пореметување на хронолошкиот ред на настаните со цел истите да се потенцираат, нешто слично имаш во филмоот Пред дождот, ако си го гледал?Навистина разочарувачки како ја растегнуваш, распарчуваш, и вулгаризираш вистината, настојувајќи по секоја цена да се најдеш како Богоборец.Ти честитам.п.с.Доколку вака го испревртуваш, парчосуваш и пљачкосуваш Битието, што ќе биде кога чќе стигнеш да го касапиш Откровението, кое пак е полно со симболи, стилски фигури и е напишано во инверзија?ќе си имаш многу работа.Но послушај ги зборовите кои Исус му ги рекол на Апостол Павле: Тешко е да се риташ против бодило!
Не го измислувам јас ова, го пишува во Библијата. „Ги создаде машко и женско“, баш така пишува. Впрочем нема логика сите животни создадени во пар, само човекот како единка.
И за животните пишува дека бог ги создавал и ги носел пред човекот да им даде име. Го пишува и тоа во библијата, ама изгледа дека тебе ништо не ти значи ако не одговара на твоите сфаќања.
Измислуваш стилски фигури за да ги оправдаш нелогичностите. На крај библијата ќе ја направиш сценарио за филм.
Не грижи се, до Откровението не можам да стасам. Битието е толку искасапено и измешано што не е доволен еден живот човек да ги постави работите на вистинското место.

И по трет пат да прашам:
Која Библија да ја читам?
Онаа од МПЦ, од СПЦ или од Јеховините сведоци?
 
Уште еднаш да ти дообјаснам :Настаните пишувани во првата глава од Битие, втората глава ги надополнува и ги дообјаснува.Не се работи за различни случки, туку за исти.
Читај ја онаа од МПЦ, бидејќи српскиот превод се изјасна дека не ти годи.А таа третата остави им ја на Јеховините сведоци.Тие нека си ја читаат.
Според библијата работени се многу сценарија за филм.
Задоволен ли си сега?
 
Задоволен сум од одговорот која Библија да ја читам.
Не сум задоволен дека втората глава ги дополнува и дообјаснува настаните од првата глава. Ако животните се создадени пред човекот, како можел Бог да ги создава и да ги носи овој да им дава имиња? Кога ќе го разјасниме тоа, повторно ќе се навратиме да разјасниме зошто Бог му зборувал на Адам во множина кога го благословил и му ја дал земјата да господари со неа.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Задоволен сум од одговорот која Библија да ја читам.
Не сум задоволен дека втората глава ги дополнува и дообјаснува настаните од првата глава. Ако животните се создадени пред човекот, како можел Бог да ги создава и да ги носи овој да им дава имиња? Кога ќе го разјасниме тоа, повторно ќе се навратиме да разјасниме зошто Бог му зборувал на Адам во множина кога го благословил и му ја дал земјата да господари со неа.
Конкретно на кој стих мислиш?
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Потоа рече Бог: »Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!«
Битие 1:26 MK1990
Тоа што стихот почнува во еднина, а потоа продолжува во множина, значи дека еден е Бог но тој се манифестира преку три личности,Бог Таткото секогаш создавал во присуство на Бог Синот и Бог Светиот Дух. Тројството може да го разберат(до некаде)само духовни луѓе и затоа не би сакал да спорам околу тоа понатаму.А и не е тоа темата.Всушност воопшто темата не е за контрадикторностите кои некому му текнало да ги наоѓа во библијата.Кој сака за тоа да спори нека си отвори тема.Оваа тема е за второто Христово пришествие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom