Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

  • Креатор на темата Креатор на темата filip007
  • Време на започнување Време на започнување
Стих 19 и 20, второ поглавје: Адам им дава имиња на тукушто создадените животни.

Стих 28 и 29, прво поглавје: И ги благослови Бог и им рече... (Не се обраќа само на еден човек, туку на двајца (или повеќе).

Второто поглавје наместо да го надополнува (како што тврдиш), му противречи на првото.

Еве убав пример, колку да ти објаснам и самиот да се увериш зошто Библијата е Книга на Црквата, и дека начинот на разбирање преку Неа има смисла без контрадикторности, заради дијалогот Бог - човек во историјата, отколку нецрковните, самоволни па и разни “научни“ пристапувања( за кои претходно веќе кажав, никој не ви ги брани, но бидете искрени дека само Авторот е компетентен да каже што сака да каже, мислел...)..., кои се само човечки, рационални спекулации најчесто промашени, бидејќи човекот е создание од Бог, Кој е Апсолут,Несоздаден, и ако не му се открие, влезе во дијалог со човекот, на човекот не му преостанува ништо друго освен да спекулира, претпоставува, користи научни методи кои за Бог не важат..., како на пример што е античката, паганска философија, археологијата... :)

Битие 1, претставува химна со ритмираност од еден референ и е составена од 7 строфи, додека Битие 2 е наратив од кого се очекува развојот на дејствието во следните поглавја. Разликата во стиловите е лесно воочлива.

„4. Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата,

6. но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја. “

Вториот расказ за создавањето започнува со опис на еден свет во кој сеуште нема ниту едно човечко суштество, дрва, нема ниту дожд..., очигледно авторот се навраќа некаде на почетокот од создавањето, иако главната цел му е да го опише создавањето на човекот. Што значи не се работи просто за продолжение, туку за друг расказ кои не случајно се повразни.

„Во она време го немаше ниту човекот што ќе ја обработува земјата(писателот упатува на сите следни генерации), кога ќе го слушнат, да познаат како на почетокот беше создадено она што израснува од земјата и да не ги припишуваат приносите и сето останато на грижата на оние што кои ја обработуваат земјата, туку на словото и на заповедта која Творецот на почеткото ја даде“ - вели Свети Јован Златоуст.

П.С.Таков е Христијанскиот пристап кон Библијата, Личност со личност, не мора да ви се допаѓа, да ви е прифатлив итн., но барем колку елементарно ко луѓе да се разбереме зошто непотребно се расправаме, докажуваме...
Сепак Исус повторно ќе дојде, тоа е нашата вера, ДОВЕРБА во Него, кој не прифаќа, слободен е.:)
 
Ако мислите дека ќе дојде, чекајте го. Кој чека ќе дочека. Или ќе се начека.
Што се однесува до библијата, сакате да ја прикажете како поезија. Хммм!
Но не добив одговор како може еднаш да бидат создадени машко и женско, друг пат само машко. Не добив одговор како можат безмалку цела година под вода да опстанат сувоземните растенија. Не добив одговор колку и каква храна имало за месојадните животни во коработ, оти немало замрзнувачи, а мора да се признае дека за една година било која храна начисто ќе се распадне. Не добив одговор колку вода е потребна за потопот и каде можела да се повлече таа вода.
Не добив многу одговори, а нема ни да ги добијам, нема логични одговори.
 
И мене ми е чудно некој да ги слуша васка илиева и блага петреска а да не е рисјанин од искона... Стварно чудно
 
Твоето верување во света книга е во ред
Хепта,и твоето верување во дрогерашот Алистер Кроули и неговите дела настанати под дејство на дрога за некого не се во ред ама ти имаш слободна воља и прави што сакаш,демократски ти го кажав ова,сега ти како сакаш сфати го
 
Да, Исус ќе дојде по втор пат и овој пат ќе биде подготвен.
Сакаш да кажеш дека првиот пат не бил подготвен? Мислам дека грешиш во врска со тоа дали бил или ќе биде подготвен.

Ако веруваме на писанијата таму се вели парафразирам: Татко ако може да ме одмине оваа чаша (да не биде распнат и да умре на крстот) а потоа се поправа и вели, но нека биде твојата волја, не мојата...

Така да можеби овој пат ако доаѓа Исус (штом доаѓа, значи сега е некаде сигурно) сигурно двете волји ќе бидат една па ќе има промена на Истокот :)
 
Реално Исус ако се врати ќе треба да постане претседник на САД за да направи нешто у ова време модерно.
Има интересна серија на Нетфликс, Месија.. интересен концепт... новиот месија зборува во името на сите религии... али ја прекинаа после прва сезона. :)

Има интересна серија на Нетфликс, Месија.. интересен концепт... новиот месија зборува во името на сите религии... али ја прекинаа после прва сезона. :)

Ме интересира ти што мислиш дека ќе се случи кога Исус ќе дојде.
 
Ме интересира ти што мислиш дека ќе се случи кога Исус ќе дојде.
Ќе се разбудиш Рон едно сабајле со невообичаена топлина во градите, ќе поиташ надвор, ќе добиеш силна потреба да ја чепнеш тревата, да го прегрнеш дрвото... и тогаш една солза ќе ти се стркала по обравчето, оти во тојмомент ќе сватиш дека Рон... отсекогаш сум те сакал!
 
зоки, едноставно мислење побарав од тебе
 
Знам... а и ти знаеш дека мене солза веќе ми потече.

значи немаш одговор. Разликата меѓу мене и тебе Зоки е што ја се бавам со реални работи, а ти со филозофии, ја го гледам тоа што постои а ти тоа што мислиш дека постои.
 
значи немаш одговор. Разликата меѓу мене и тебе Зоки е што ја се бавам со реални работи, а ти со филозофии, ја го гледам тоа што постои а ти тоа што мислиш дека постои.
Технички си скроз во право Рон, тоа ти шо го гледаш е резултат на опсегот на фрекфренциите кои ги ловиш, кога ќе дојде Исус опсегот ќе ти се прошири.
Така да не се замарај, уживкај си вака за сега.
 
Технички си скроз во право Рон, тоа ти шо го гледаш е резултат на опсегот на фрекфренциите кои ги ловиш, кога ќе дојде Исус опсегот ќе ти се прошири.
Така да не се замарај, уживкај си вака за сега.

ќе го чекаме тој момент, и ќе умреме, исто како и безброј генерации кои ќе дојдат после нас, додека не дојдат роботите, они мислам нема да се замараат со тие работи, зависи до алгоритмот само на кој ќе работат. Ако ги програмира некој верник поготово....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom