Македонска берза

Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Што има врска владата со тоа што НЛБ не исплати дивиденда , па владата (НБРМ)може само да предложи, конечната одлука ја има газдата на банката бидејки е приватна ...

Еве ти пример како КМБ можеше да исплати а НЛБ не ? Така да тоа што повторно НЛБ излажа и не даде тоа е нивна одговорност , требало да знаат дека НБРМ пак може да им сугерира за дивидендата а не да се излетаат и со тоа да излажат луѓе да купат акции кај нив , срамота за НЛБ ..

Иначе јас не сум партиски определен , Сдсм има секако доста лоши политики , ама за Нато ја завршија работата и тоа придонесе за сигурност на берзата затоа ги пофалив за тоа.
Da ne si ti i takvi kako tebe nema da ima na kogo da mu perat mozok !!
Da ne mislish deka guvernerkata sama odluci za trifko da go zaebat do daska i da ne bilo neshto kako megu redovi kazano na tnb za da gi predomislat da isplatat dividenda ?
Pa platen im e danokot na dobivka i realno koga ke gi prefrlat parite ke si platat danok samo vo slovenija posto imaat dogovor za dvojno odanocuvanje i de fakto ke namalat devizni rezervi i ke narushat predispozicii za zadolzuvanje vo idnata godina !!!
Ovie so ovakvi pogledi da ne ocekuvaat nikakvi stranski investicii i neka predlozat ovaa godina da ne se iaplaka k-15 za da ne se oslabnuvaat firmite dopolnitelno i onaka narod sedi doma i place koga ke gi smeni nekoja popametna vlast !!!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Они можеби дале аргумент али не и забрана. Lehman Brothers i AIG исплаќале нагрди за менаџери и кога пропаѓале. така да тука е наведена само дивидендата
Како прилично голем акционер, какво е твоето мислење за последните случувања и мислењето на ОД за дивидендната политика? Ќе продаваш, купуваш? Преземаш некакви дејствија против Слободан што си исплаќа бонуси или не ти пречи што те оштетува?

Инаку, што се однесува до платите, јас мислам дека се соодветни за толкава компанија и одговорност. Според овие податоци, синовите зимаат по околу 5-6.000 евра нето, а овие втор ешелон директори по 2-3.000.

Надоместоци за раководството 2019.jpeg

Износите не ми се спорни, туку профитот што компанијата го прави. Со исти толкави плати, директорите у Стопанска прават 20 пати поголем профит, а управуваат со трипати повеќе вработени и осумпати поголема актива. Токму затоа и се сомневам дека компанијата е многу попрофитабилна, па вреди со инспекции да се расчепка подетално каде завршува секој грам месо и секое цигаре. Интересно како не ги објавиле податоците за останатите двајца членови на ОД што стојат на сајтот на берзата, Дарио Кадиев и Светлана Мицковска. Ќе се посомнева човек дека воопшто и не се членови според овој извештај...
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Како прилично голем акционер, какво е твоето мислење за последните случувања и мислењето на ОД за дивидендната политика? Ќе продаваш, купуваш? Преземаш некакви дејствија против Слободан што си исплаќа бонуси или не ти пречи што те оштетува?

Инаку, што се однесува до платите, јас мислам дека се соодветни за толкава компанија и одговорност. Според овие податоци, синовите зимаат по околу 5-6.000 евра нето, а овие втор ешелон директори по 2-3.000.

Прегледај го приврзокот 276733

Износите не ми се спорни, туку профитот што компанијата го прави. Со исти толкави плати, директорите у Стопанска прават 20 пати поголем профит, а управуваат со трипати повеќе вработени и осумпати поголема актива. Токму затоа и се сомневам дека компанијата е многу попрофитабилна, па вреди со инспекции да се расчепка подетално каде завршува секој грам месо и секое цигаре. Интересно како не ги објавиле податоците за останатите двајца членови на ОД што стојат на сајтот на берзата, Дарио Кадиев и Светлана Мицковска. Ќе се посомнева човек дека воопшто и не се членови според овој извештај...
Ти кажав еднаш, јас сум без емоции. Сакам што побрзо да се расчисти ова и да можам да излезам. Не ме интересира што прават внатре ме интересира само капитална добивка. Имам инвестирано и на странски берзи каде не ги знам ни менаџмент ни никој само гледам бројки и да направам пара.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.302
Поени од реакции
2.362
Они можеби дале аргумент али не и забрана. Lehman Brothers i AIG исплаќале нагрди за менаџери и кога пропаѓале. така да тука е наведена само дивидендата
Тоа е разликата. Денес учествував на брокерска панел дискусија каде европските компании си се претставуваат самите себеси, за да привлечат што повеќе и поголеми инвеститори. Тие се компаниите од 21 век.

А еве која е иднината на компании како Lehman Brothers, AIG и Пекабеско. Тие се компании со менаџери заостанати во 20 век. И таму ќе си останат. Нема за нив иднина во 21 век. Еве на графикот како личи AIG, а претпоставуваш нема график за Lehman Brothers. Ако продолжат вака Кутревци и Пекабеско ќе ја има истата судбина.

1606837513206.png
 
Последно уредено:
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Они можеби дале аргумент али не и забрана. Lehman Brothers i AIG исплаќале нагрди за менаџери и кога пропаѓале. така да тука е наведена само дивидендата
Токму делењето неодмерени и незаслужени награди на менаџерите е една од причините што Lehman Brothers, четвртата по големина американска, инвестициска банка во 2008 година, денес e историја, минато.
Затоа:
1. Добро е сите акционери, менаџери, регулатори итн. постојано да се потсетуваат дека основна цел на постоењето на акционерските друштва е остварување на добивка, профит.
2. За судбината на добивката што ќе рече за нејзината распределба одлучуваат сопствениците на друштвото, значи акционерите.
3. Крај на приказната!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Ете во таа ТНБ се слеале можеби десетина милиони евра инвестиции по огромни цени на акцијата, ама на акционерското собрание кадешто се одлучувало за клучен интерес, дошле можеби само неколку акционери, па според гласањето и тие веројатно се некои газолижачи на управата пошо гласале воздржано и против дивидендата. Просто е шокантна таа негрижа за сопствениот капитал!

Какошто компанијата им припаѓа на своите акционери, така и државата им припаѓа на своите граѓани. Истата незаинтересираност, пасивност и инертност е пресликана и кај користењето на граѓанските права. Какошто компанијата со расположливите средства треба да им остварува профит на своите акционери, така и државата треба да им остварува „профит“ на своите граѓани, односно квалитетена инфраструктура, правосудство, образование, здравство... Доколку акционерите/граѓаните не се заинтересирани за својот имот, тогаш директорите/политичарите бесрамно ќе им го узурпираат и раскуќат.
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Акционерите заради грижа за сопствениот капитал по препораки на ЕЦБ и ММФ одлучуваат да ја стопираат исплатата на дивиденда. Тоа се играчи на долг рок.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Мене искрено ми е смешна целава ситуација со ПКБ.
Поседувам акции од странска компанија која на реално заслужен менаџер, кој поради лично залагање и завршена работа има заработено на компанијата над 100 милиони евра во реализација на проект со кои им се намалуваат даноци за овој износ, значи чисти 100м еур оваа и наредна година кои ке ги заштеди компанијата = зголемена добивка ( а толку е и добивката на фирмата лани ), останатите директори предлагаат на наредното собрание да се изгласа да му се додели награда од неколку милиони и пази сега, некои малите акционери се бунат против таа одлука и овие директориве и мнозинските акционери ЈА ПОВЛЕКУВААТ одлуката, па во образложението се вели дека тие ке дадат напори и образложенија на малите акционери дека тој менаџер навистина е заслужен за тие даночни ослободувања вредни над 100м еур и дека навистина треба да се награди и откако ќе ги убедат, ке ја стават одлуката на гласање.

Е сега, споредете го сето ова со ПКБ, каде истотака имам акции. :tapp:
 
Споредба:

Во странската компанија постои корпоративно управување, корпоративна демократија, корпоративна култура.

Во домашната компанија постои корпоративна автократија, корпоративна диктатура, корпоративна ароганција.

Но, да не заборавиме дека корпоративната демократија, управување и култура не паѓаат од небо, туку за нив некој се изборил...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
Еве еден скорешен пример на добра корпоративна пракса: по собранието на КОМУ, еден од членовите на УО ме покани да ја посетам фабриката, што во прва погодна прилика по вакцинирање и ќе го направам. На тој начин се демонстрира транспарентност и акционерите почнуваат да се чувствуваат како сопственици коишто сигурно ќе имаат шанса да направат нешто корисно за фирмата, или барем ќе шират добар глас за неа, што во оваа прилика и го правам.

За волја на вистината, пред едно од собранијата Слободан навистина организирал тура за акционерите низ ново изградениот погон, меѓутоа немав шанса да присуствувам затоа што дојдов точно на време. По закрвувањето на односите поради бонусите, не верувам дека повторно би организирале вакво нешто, а колку што знам ниеден мал акционер не бил повикан на прославата на 40-годишнината од фирмата, што е апла срамота и недомаќински, па би рекол дури и немакедонски потег.

Ете два дијаметрално различни примери на поставување на мнозински акционери со 80% сопственост спрема малите. У првиот случај малите ќе расчепат уста да те фалат или да поврзат за некоја зделка, а у вториот ќе те плукаат пред секого и ќе гледаат да ти напакостат кајшто ќе стигнат. Ситуацијата е ескалирана до таа мерка што додека не предложат некој независен експерт или мал акционер да влезе во ОД како неизвршен член наместо овие марионети со слика без тон, нема да имам никаква доверба во тоа што го зборуваат и прават.
 
Член од
23 мај 2017
Мислења
66
Поени од реакции
35
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.455
Поени од реакции
1.883
На Макпетрол ако му исплатат таква огромна сума со спорна валуација среде криза и од задолжување, стварно ќе треба некој да заглави затвор кога ќе се смени власта. Во нормална држава народот би ги обесил среде плоштад сите вмешани у таква штетна и коруптивна зделка, ама оваа проста и затуцана раја не се буни иако само ќе добие нови кредити, трошоци и паразити за хранење, а гас нема да протече во ниедно домаќинство уште којзнае колку години. Впрочем, нека си инвестира Макпетрол солидарно според својот удел, па нека прави и он пари кога е толку профитабилна оваа „златна кокошка“.

Инаку, веќе по ценава од 8.000 со задоволство би си докупил акции од ПКБ, пошо тоа би било купување на убедливо најјак пазарен играч што работи турбо по двојно пониска цена него празни згради од петтиот најслаб во стечај без машини, вработени, производство и пазар :pos: Искрено се надевам дека некој ќе пушти некоја акција по таа цена па да се реализира ваква бизарна трансакција, а за некоја година да коментирам дека ми била у ранг на СТБ по 130 денари.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom