Диего Армандо Марадона (1960-2020)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.396
Многу беше јако синоќа на Бомбонера, иако немаше публика, да ти ебам короната.. да имаше народ ова ќе беше спектакл со плачење со све, испраќање на сите времиња. Исто и во Неапол па и скоро низ сите стадиони коа ќе му оддаваа почит со аплауз.

Бомбонера празна вчера, имаше транспаренти за Марадона на трибините, ќерка му Далма го гледаше натпреварот, се уби од плачење.
Првиот гол на Кардона еве го, аплаудираа под ложата на Диего.

Еве на полувреме кога ги изгасија рефлекторите.

Крајот на натпреварот и последен поздрав кон ложата на Диего Марадона и ќерка му Далма.

И ова.

Не престанува да ми е жал. Уште од дете коа сум почнал да разбирам за себе и за фудбалот од Марадона почнало све. Јас сум за тебе Марадона бе, можеби една од најкажуваните фрази коа двајца се расправаат кој е појак у фудбал. Шутираш камен и се дереш Марадонаааааа. Иако имаше и други фудбалски величини коа расневме ние, станаа и тие синоним и симбол на детството наше ама Марадона е нешто посебно. Уште од копиљаци знаевме дека Марадона е најјак фудбалер на сите времиња иако поима немавме ни како изгледа. После коа ми ставија интернет уште толку се зближив со тој култ на Диего. Затоа и станав навивач на Аргентина и ја засакав оваа земја. Затоа и Бока ми е најјак фудбалски клуб на светот.

Е сеа фали, онака, знаеш дека веќе го нема, иако никогаш не ти ни бил близу, си го гледал 2-3 пати годишно ама едноставно си знаел дека е тука, дека може да го видиш, да се појави со некоја изјава, да дојде на Бомбонера да гледа Бока, да дојде како тренер на Гимназија Ла Плата и да му скандира цел стадион, да ја разбранува јавноста со некоја изјава типична за него, да се појави у издание познато за него иако не ми се коментира за тоа воопшто.

Марадона треба да се памти по тоа што го направил на терен. А таму, носел просечни екипи до шампионски титули, единствен лик во колективен спорт каде играл сам во екипите и ги носел до титули. Начинот на кој дошол во тие екипи, причината број 1 зошто го одбрал тој клуб иако немале пари ни копачки да му купат. Затоа е икона.

Последно збогум Ел Пибе!
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917

Причина повеќе што не сакам да се споредуваат Меси и К.Роналдо со Марадона е во овој пасос од постот. И во сите тие споредби Роналдињо го видов спомнуван а само еден или двајца го спомнаа Роналдо бразилецот, црн бумбар :D
За мене одамна Марадона е најдобриот икада али и тоа не е најбитното во светот на фудбалот и во темава. Битно е дека постоел, правел работи на терен што никој дотогаш не ги видел, а малкумина после него успеале да ги направат на истиот начин, за статусот што го има во Аргентина нема потреба ни да се коментира.
Ќе фали дебелкото со вечно насмеаната фаца, јаки ми беа пред 7-8 години со Пеле кога се пецкаа кој е подобар дали Меси или Нејмар, Марадона имаше многу смешни реплики, го дисаше Пеле цело време :D

Уште ми е жал што отиде, покажи им горе кој е најдобар!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
И во сите тие споредби Роналдињо го видов спомнуван а само еден или двајца го спомнаа Роналдо бразилецот, црн бумбар :D
GOAT шпиц, до колена не му се другите.

Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
На првиот клип, пазете на 4:19, лелелеле...
Брат, ја ради Роналдо почнав фудбал да гледам, ама што побогу има на 4:19? Прием на топка и фаул му праат. :D На приемот ли мислиш?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Брат, ја ради Роналдо почнав фудбал да гледам, ама што побогу има на 4:19? Прием на топка и фаул му праат. :D На приемот ли мислиш?
Ја штопна од 50 метри како да е од 1м, unreal stuff
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
GOAT шпиц, до колена не му се другите.

Не памти омладината денес, каков феномен беше човеков. Не за џабе и прекарот му беше тој, il fenomeno. Трепни и ќе пропуштиш како им го извадил р'бетот на цела одбрана. И со 10 кила вишок беше незапирлив, редок, редок талент.
Штета за повредите и здравствените проблеми што му ја уништија кариерата. Тоа касапите во италијанска лига му скратија неколку години од кариерата, инаку ќе ги вадеше бројките на Роналдо и Меси уште во тоа време.
Али ај, темата е за Марадона.
 
Роналдо имаше нешто што никој го нема, покрај талентот секако, а тоа е стартната брзина. Значи не постои ниту еден играч во историјата на фудбалот со поголема стартна брзина од Роналдо, едноставно нереално беше добар од тој аспект. Плус на ова кога ќе го додадеме талентот, финтите со тело кои исто му беа ГОАТ, добиваш една неверојатна верзија на фудбалер.

Штета што го изјебаа повредите, можеше да има уште поплодна кариера од аспект на трофеите.

П. С. Нешто најблиску до него од аспект на стартната брзина е Мбапе, само ќе видиме како ќе му се развива кариерата.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Кога се поправи толку со килажа еден период кога отиде во Реал, не личеше физички на Роналдо што го знаевме од пред тоа, али пак стана најдобар на светот некој период. Како две помали ери да имаше човеков, една пред повредите и една после повредите, во двете успеа да стане најдобар, неговото траеше подолго од она на Роналдињо, али и тие сезона-две на Роналдињо се едни од најдобрите што сме ги виделе во фудбалот.
Еден на еден со голман веројатно најдобриот во историја е Роналдо бразилецот, со тој јебени дриблинг 500 пати им кршеше кичми. Тогаш не, но како проаѓа време се помалку спомнуван и некако ми делува потценет во фудбалската историја.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.446
Можда го романтизираме минатото премногу, поради тоа што сме биле копиљаци тогаш кога сме ги гледале играчиве, ама побогу види го тимов на Франција, Кандела, Зидан, Турам, Десаи, Виера, Пирес, Дешамп, Бланк, Лизаразу... победен си уште кога ги влечеле групите.

Од друга страна Бразил со Роналдо, Роберто Карлос, Ромарио, Дунга и Кафу, а да не зборам 5 години покасно од утакмицава, на Светското 2002 плус со Ривалдо и младичите Кака и Роналдињо. Огин.

За Марадона секогаш сум имал почит иако никогаш не сум го гледал како игра, општо имам почит кон тие постари генерации на фудбалери, и според мене не е праведно да се споредуваат со било кој денешен играч, затоа што прво они направиле нешто од себе за цел свет да ги памти такви какви што се, додека овие вториве тек сега треба да се докажуваат, (ги исклучувам од ова Роналдо и Меси) и второ условите и начинот на играта не се исти тогаш и сега, затоа Марадона ќе си остане Tier 1 играч на сите времиња.

Последен поздрав до кадравиот гаучо.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Роналдо имаше нешто што никој го нема, покрај талентот секако, а тоа е стартната брзина. Значи не постои ниту еден играч во историјата на фудбалот со поголема стартна брзина од Роналдо, едноставно нереално беше добар од тој аспект. Плус на ова кога ќе го додадеме талентот, финтите со тело кои исто му беа ГОАТ, добиваш една неверојатна верзија на фудбалер.

Штета што го изјебаа повредите, можеше да има уште поплодна кариера од аспект на трофеите.

П. С. Нешто најблиску до него од аспект на стартната брзина е Мбапе, само ќе видиме како ќе му се развива кариерата.
Стартна бризна со топка, корак позади противнички играч беше овој додека да се заврти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom