- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Ѕинго замина и лесна му земја. Остави неизбришлива трага зад себе, која ни 100 шлепери тоалетна нема да ја избришат. Веројатно оставил некоја пара и за потомството, па ги обезбедил, со неговите десет прсте, следните генерации (нешто скромно, претпоставувам). Вечно ќе остане во спомените на неговите современици, кои на еден или надруг, а можеби и на повеќе начини, им го направил животот повеќе неподнослив отколку што е. Но, така одат работите. Верувам дека неговите ќе одат по истиот пат и ќе бидат потсетник за животот и делото на оваа, од повеќе аспекти, истакната фигура.
Но, не жалете. Ѕинго не е ни единствениот, ни првиот кој вака го задолжил Македонецот. Некои од тоа елитно друштво, и денес, иако малку подостарени и здебелени, се живи и здрави, успешни и задоволни бизнисмени. Угледни. Влијателни. Почитувани од секоја опозиција и власт. А ако не се, нивните деца не се ништо понаивни од нив.