КАКОВ МОДЕЛ НА КЛИМА Е ДОБАР ЗА ДОМАШНИ ПОТРЕБИ
МОИ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И СОЗНАНИЈА
-- Да можеш да го ПЛАТИШ моделот, кој ќе биде точно димензиониран за просторот кој ќе го затоплуваш - ладиш.
-- Моделот да ја затоплува - лади просторијата во посакуваната температура, со варијации од 0,5 степени. Ова, да може да го постигнува 350 дена во годината.
-- Да може да се користи и ДЕЊЕ и НОЌЕ - да има доволно тивок режим на работа
-- Да работи долго без поправки, барем 15-20 год.
Ова го поседува Панасоник од 2004-та год.
Прегледај го приврзокот 275490
А моделот Митсубиши, е нов кај мене и ќе почекаме да го достигне последниот услов.
Прегледај го приврзокот 275491.
Прегледај го приврзокот 275514
Овие модели, додека не ја достигнат зададената температура, работат со околу 700 вати во ладење и околу 900 вати во греење- Панасоник, а потоа после неколку часа, ја одржува прецизно температурата со околу 200 во ладење и околу 270 вати во греење.
Митсубиши-то работи поекономично, бидејќи е и фабрички таков модел, а и поставен е во помала просторија.
Да сум појасен, овие модели работат како што и очекувам од еден инвертер, да ја прилагоди неговата работа - потрошувачката на струја со голема ефикасност, према потреба на просторот.
Меѓутоа овие модели не се продаваат веќе.
Мои блиски роднини во, нивни , скоро идентични простори се затоплуваат со Гри Хансол 12-ка
Прегледај го приврзокот 275515
и Хјундаи 12-ка. И двете затоплуваат простор, стан од 60м2 , дневна и спална. Ориентиран Југо-Исток, добро изолиран, со многу застаклен надворешен ѕид. И двете си го затоплуваат просторот, но има поголема варијација на температурата, отколку со првите два модела. Хансолот е за класа потивок, има 5 брзини на дување, ( Хјундаи 3), поличен- изглед пластика, .... но беше и 150-на евра поскап. И двата модела најчесто работат со исклучување. Ќе се активира внатрешната, ќе дувне со топол воздух,, брзо ќе се угаси, и обично по подолг период, зависи од надворешната температура, се вклучува повторно со краткотрајно дување на топол воздух. И овие два модела не можат сега да се купат.
Бидејќи се работи за постари особи, нив воопшто не им смета како работат овие модели.
Тука сакам да го потенцирам различниот начин на доживување на греењето.
Некој сака да му ја одржува зададената топлина, без да ја слуша климата, да дува тивко со температура на воздухот кај крилцата на В.Е. од 30-33 степени, просто да заборави што го затоплува. Ова е посебно битно за во спални соби.
Друг сака да почуствува топол воздух од 40-45-50 степени и да знае дека нешто го грее.
Со моделите кои коштаат 27-35 000 ден., моментални цени, корисникот треба да очекува да направи некој компромис со квалитетот и конфорот.
Јас ЛИЧНО, за моделите околу 450-600€, би очекувал да ја одржуваат температурата на просторот со варијација од +-1 степен, со начин на работа вклучи-исклучи и да работат 10-12 години без поправки.
За дополнителни информации, слободно прашајте ме, не е можно се' да се објасни во едно пишување