ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.965
- Поени од реакции
- 57.716
Страшно мал процент за Хрватска и Словенија.Нешто во контекстот. Иако само кај етничките Македонци на прво место е Србија.
Е сега после ветото од Блгарија чисто се сомневам дека повеќе од 0.5% ќе ги одберат како најголеми пријатели, а и дека ЕУ ќе остане на прво место.
Затоа што во Македонија не постојат Југоносталгичари, туку постојат Србомани повеќе за жал, како што покажала и акнетава, особено нормално пензионерите.
Таа категорија на луѓе сеуште се води по принципот Србија = ние. Пријателот на Србија е пријател и на Македонија ( пр. Русија), а непријателот на Србија е непријател и на Македонија. Токму „љубовта“ кон Србија е причина за толку малиот проент за Хрватска, просто сум уверен. Кај нас оваа категорија на луѓе ги гледа Хрватите низ призмата на српското око и ги смета за лоши затоа што немаат добри односи со Србите. Нешто слично е и за Словенците и Босанците, иако и Босанците се многу „попријателски“ расположени кон Македонците од Србите.
On the other hand, тоа секако не е случаји vice versa, односно Србите не ги сметаат Грците за лоши затоа што се лоши кон нас, туку напротив, ги сметаат за најголемите православни браќа на Србија заедно со Русите.
Единствен реален заеднички „непријателски народ“ за нас и Србите се Албанците и толку. Немаме други заеднички непријатели. Хрватска и Босна нас не ни се непријатели, со ништо не направиле да бидат тоа.
Реално е и доста поларизирано во Србија, има многу кои не сметаат за браќа и пријатели ама има и огромен дел кои не потценуваат и не сметаат за народ од втор ред.
Затоа јас лично не би ги ставил ниту во топ 5 најпријателски народи за Македонија, се шуњаат во топ 10, тука некаде се.
п.с. Не сум србофил, ни па ги мразам Србите, мразам србомани, а под србомани не мислам на СРБИ кои живеат во Македонија, туку Македонци кои немаат допирна точка веќе со Србија ама мозокот им е толку опран што српските победи и порази ги допираат повеќе отколку македонските.
п.п.с. едини поиспрани од овие што ги споменав погоре се овие што гласале за Бугарија и Грција, треба да си вон разум или дел од советничкиот тим на премиерот па да гласаш дека Бугари и Грци ни се воопшто пријатели, а не па најголеми пријатели.