Дали професионален шофер ќе вози за беспари ?
Не се прави мутав, хумана е професијата, ама докторите не се будали.
Поради некои ратни профитери сите доктори се ставени на купче. Во едно понормално време, да бидеш хуман не беше еднакво со тоа да бидеш будала. Еве побарај сведоштва од земјотресот во Скопје 1963, дали тие што помагале биле будали или хумани, и шофери, и лекари.
Заради некои поединци, ратни профитери, ова подоле во нашава држава може слободно да се испечати на тоалетна хартија. Ако сега не е времето оваа професија да се воздигне, тогаш засекогаш кај нас ќе остане во заложништво на тие ратни профитери.
ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА
Во часот кога стапувам меѓу членовите
на лекарската професија свечено
се обврзувам дека својот живот
ќе го ставам во служба на хуманоста.
Кон своите учители ќе покажувам должна
благодарност и почитување.
Својата професија ќе ја извршувам
совесно и достоинствено.
Најголема грижа ќе ми биде здравјето
на мојот пациент.
Ќе ги почитувам тајните на тие
што ќе ми се доверат.
Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и
благородните традиции на лекарската професија.
Моите колеги ќе бидат мои браќа.
Во вршењето на должностите кон болните
на мене нема да делуваат никакви обзири, вера,
националност, раса, политичка или класна припадност.
Од почетокот апсолутно ќе го почитувам
човечкиот живот.
И под закана нема да дозволам моите
медицински знаења да се искористат
спротивно на законите за хуманоста.
Ова го ветувам свечено,
повикувајќи се на својата чест.