Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво! Некој пат кога некој ќе ми реплицира на коментар воопшто не ми стигнува известување. Кој е проблемот?
 
Многу
Мразам
На
Фејсбук
Ко
Ќе
Ми
Пишит
Некој
Вака
Порака...

Ко санкир список за пазарење...

Па не е само на ФБ, мене и на Вибер вака ми пишуваат, после секој збор Send, телефонот вришти мислиш којзнае што се дешава, одиш и гледаш една реченица :ROFLMAO:
 
Па не е само на ФБ, мене и на Вибер вака ми пишуваат, после секој збор Send, телефонот вришти мислиш којзнае што се дешава, одиш и гледаш една реченица :ROFLMAO:
Не само то туку некои што ги имат абе ни голема буква, ни точка, ни запирка, ни прашалник, секој втор збор со една буква помалку, или со една буква повеќе, или со сосема друга буква, еден збор искомбиниран и со кирилица и со латиница...
 
Апликацијата денеска ужасно ме изненади. Луѓе и страни што сум ги тргнал од news feed комплетно ми се вратени. Кај го усеруваат на дневна основа со реклами на секој можен начин, уште вакви багови им се појавуваат.

Ај следно нека ми ги врати и тие што ги имам и blocked стаено.
 
Другари, некој да не знае до кога ќе трае оваа проверка на Фејсбук за идентитет на профилот?! Од пред недела дена ми е вака откако им дадов лична карта да проверат идентитет дека профилот не е лажњак и сеуште трае таа нивна проверка, некој да знае кога ќе го вратат профилот и дали имал вакво искуство?!
 
Attachments

  • Screenshot_1.png
    Screenshot_1.png
    21,3 KB · Прегледи: 30
Веќе два дена имам проблем со ФБ, ми се покажува само еден пост а другите не се отвараат, морам нон стоп да стискам рефреш. Има некој сличен проблем? Решение???
 
Веќе два дена имам проблем со ФБ, ми се покажува само еден пост а другите не се отвараат, морам нон стоп да стискам рефреш. Има некој сличен проблем? Решение???
Пробај да се логираш од друг browser, од друг компјутер, од телефон... за да видиш дали е до твојот компјутер/browser или до акаунтот.
 
Вака кај вујко ми на три броусера му избацува мобилна верзија на фејсбук, значи зборам за компјутер. Гуглав не можам да најдам, па дали има шанса да му вратам пак на десктоп верзија?
 
Вака кај вујко ми на три броусера му избацува мобилна верзија на фејсбук, значи зборам за компјутер. Гуглав не можам да најдам, па дали има шанса да му вратам пак на десктоп верзија?
Од компјутер се пушта со Firefox/Chrome/Edge, пишува горе facebook.com да пристапи, и автоматски му прави редирект до m.facebook.com? Ова се дешава?
Дали е пробано од истиот компјутер со друг акаунт дали истото ќе се деси?
Да не си се помешал малку, затоа што Фејсбук прават редизајн на сајтот и кај и да е веќе на повеќето што пристапуваат од компјутер сменет им е дизајнот. Ова го направија и Твитер пред некое време, полесно им е за одржување.

Читај овде, се жалат многу, некои викаат сè пробале и не им се средило, некои викаат им се средило со бришење кеш кукис...
 
Последно уредено:

Да автоматски иде на m.facebook.com и тоа на сите три броусера (Место Едге, користи Опера). А исто се случува и со друг акаунт. Ништо само останува да видиме со кукис...
 
Како и каде да се упати човек за disabled account?!
Се зависи од причината за блокирање на профилот, но штом си ги прекршил правилата на Фејсбук не верувам дека ќе можеш да си го повратиш профилот. Пиши тука што ти дале за причина, мораш да имаш некој маил стигнато од нив.
 
Ја има и кај некој друг променава на десктоп верзијата на Faceboоk? Накратко, при клик на messages кај некои јузери (вклучувајќи ме и мене) редиректира на messenger.com (го отвара во нов таб у броузерот). Исто и при клик на некој од јузерите во контакт листата десно. Сигурно сакаат да го имплементираат/ќе го имплементираат ова кај сите малку по малку за да го одвојат месинџерот од Facebook исто како на мобилната верзија. Какви глупости еј, јас на пример сакам додека листам newsfeed на PC на исто место да чатувам, а не вака у друг таб. Гледам има многу негативни коментари околу ова на нетов, ваљда ќе го повлечат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: S.L

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom