Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Нејќам да ширам некоја паника на форумот или да се правам паметна ама едно имам да кажам, овој месец колку шо видов низ град плакати од починати, статуси на фејс од личности кои се испраќаат од своите блиски, мајка, татко, дедо, баба небитно ( а немам многу пријатели по социјалниве мрежи) па коментари од мои пријатели како изгубиле некоја блиска личност, значи можам да кажам дека стварно ситуацијата е застрашувачка, небитно дали биле починати од корона или од негрижа поради корона или шо ти јас знам ама едно знам дека овие неколку месеци рекорд ќе турниме за умрени, со сигурност.

Вечерва почина еден роднина мој, ( не од корона) чекаа погребално да го земи од 18 часот до 22, кога дојдоја човекот задолжен за таа работа ни рече дека каснат оти е хаос, премногу починати, не можат да престигнат, поснопица шо викаа тука на форумот.
 
Среќа што си ја немала таа среќа(или несреќа) да видиш што се случува по болнициве.
 
Во право е дечкото и моментално само целосен локдаун од минимум 4 дена може да помогне да му даде бар мал простор на системот да функционира. Во оваа ситуација нема друго што да се понуди. Франција го примени тоа и вроди со плод кај нив.

Доколку се продолжи само со овие безвезни мерки кои ништо не помагаат, тие страшни сведоштва за починати пациенти како кучиња што ги читаме на интернет само ќе се множат.

Филип втори моментално нема веќе слободни места за пациенти со Корона и имаат листа на чекање.
 
Ова е катастрофа,мора да се превземе нешто зашто вака буквално сите ќе се заразиме.Мајка ми е позитивна веќе 3 дена,пред тоа од симптоми само грлото ја болеше и кашлаше,е сега немаме ние останатите никаква информација колку дена да сме во изолација,не дојде ни џандар ни ништо иако кај други позитивни им кажувале точна дата до кога да седат дома и се.Па ако знае некој како одат овие работи нека каже.
 
Треба да ви се јават од центар за јавно здравје или санитарна инспекција и да ве прашаат кои сте дома, како живеете и според тоа ќе ви изготват решенија и ќе ви ги испратат. Ама, пошто е хаос, нормално и тие се во хаос и каснат премногу, како со решенијата за изолација, така и со тие за ослободување. За заболените е 20 дена ако е со симптоми, 10 ако е без, а за останатите „цимери“ е 14 без разлика.
 
Какви мерки бе луѓе, пола Рек е во Битола заразено, добиле наредба од "горе" дека мора да одат на работа сите кои не се позитивни ( иако нив и колеги од иста смена се позитивни .
Изолација, шо е то,ти му викаш во нашата смена има заразени неколку, тој ти вика " А контакт имавте " Каков контакт, заедно сме биле во смени по 8 часа шо поќе, дали сме се швалерисвале ?? :facepalm: Не знам стварно, многу лоша стратегија им е оваа, цело Рек е со заразени, никнуваат како печурки секој ден, кријат контакти, буфтаат,се мрсулат и одат на работа, е затоа сме до тука.

Еве еден случај денес, носат замена за еден позитивен, по два дена и замената негова со позитивен тест, :popce: Како тргнало ќе нема кој да работи
Не очекувајте намалување на бројките, само се надевам дека со ова темпо ќе стекниме до Март колективен имунитет оти од овие се виде ајро.
 
Да е само во РЕК така.Нели и Кромберг/Шуберт имаше таква ситуација?И сличните им такви фирми во секој град скоро.Плус, поради осетно намалување работна сила истиов систем и во секакви други дирми продолжи, од кабловски, брзи пошти, банки, маркети, кладилници, јавен превоз, угостителство...па и здравство!
Ако си без симптоми колегите не пријавуваат како контакт и скокај Ламбе.
Нормално, на тв или интернет вести не го среќаваме.Вродено вазалство.И тука е поврзан и тој притисок да не се заострат мерките со евентуален карантин.Економија мора ради.Логично е зошто и хроничните болни се вратија на работа, а секој трет е.
 
Мајка ми е позитивна веќе 3 дена
Од петокот член на семејство е позитивен, значи шести ден, дури денеска попладнево се јави некој да му каже дека на вибер ќе му испрати решение за изолација, ама не доби ништо. Веројатно е хаос, не можат да постигнат? Немам појма ...
За заболените е 20 дена ако е со симптоми, 10 ако е без, а за останатите „цимери“ е 14 без разлика.
Фала за информацијата и од мене, прашував пред некој ден за истово, ама никој изгледа не виде за да ми одговори.
 
Нејќам да ширам некоја паника на форумот или да се правам паметна ама едно имам да кажам, овој месец колку шо видов низ град плакати од починати, статуси на фејс од личности кои се испраќаат од своите блиски, мајка, татко, дедо, баба небитно ( а немам многу пријатели по социјалниве мрежи) па коментари од мои пријатели како изгубиле некоја блиска личност, значи можам да кажам дека стварно ситуацијата е застрашувачка, небитно дали биле починати од корона или од негрижа поради корона или шо ти јас знам ама едно знам дека овие неколку месеци рекорд ќе турниме за умрени, со сигурност.

Вечерва почина еден роднина мој, ( не од корона) чекаа погребално да го земи од 18 часот до 22, кога дојдоја човекот задолжен за таа работа ни рече дека каснат оти е хаос, премногу починати, не можат да престигнат, поснопица шо викаа тука на форумот.
Баш ме интересира официјалната статистика и споредбата со минатата година, иако јас немам впечаток дека толку драстично е зголемена смртноста на народот.

Познавам двајца луѓе што починаа и имаа позитивни тестови со корона и тоа: првиот беше со мозочен удар и 87 години - 6 месеци беше како растение и го држеа на инфузии, вториот пушач цел живот, 72 години со срцеви проблеми и дијабетес кој на целата криза без маска кажуваше син му дека си одел на пазар.

Луѓе што ја прележаа познавам >10 и најголем дел од помладите (до 40 години) ја минаа со: дијареа, температура и кашлица, еден само се пожали дека после прележувањето кога се качува по скали се задишува и губи здив, сите останатите се како нови. Другар со жена му се исто во изолација во моментов, таа е позитивна веќе 9 денови и нема апсолутно никакви симптоми.

Поентата ми е дека со короната можеби е зголемена смртноста, особено кај луѓе кои имаат и други болештини кај себе. Али дај искулирај малку, читај нешто друго, работи нешто попаметно оти те следам откако почна ситуацијава паничиш небаре крај на светот е дојдено.
Не нема врска со крај на светот од аспект на здравје, проблемот е од економска природа и од него ќе се умира во следните 2-3 години, имам пријатели кои пропаднаа со бизнисите, пријатели кои изгубија работни места и тешко да најдат било што блиску со плата до тоа што го заработуваа пред короната, луѓе на кои му пропаднаа визи за работа во странство - е за овие ми е повеќе жал, отколку за некој 80 годишен кој секое сабајле веќе 20 години пиел по една кеса со апчиња.
 
Од петокот член на семејство е позитивен, значи шести ден, дури денеска попладнево се јави некој да му каже дека на вибер ќе му испрати решение за изолација, ама не доби ништо. Веројатно е хаос, не можат да постигнат? Немам појма ...

Фала за информацијата и од мене, прашував пред некој ден за истово, ама никој изгледа не виде за да ми одговори.
Очекувајте најрано четврток порака на Вибер :pos:

А, да, припазете си и на извештаите што матичните ги праќаат до епидемиолошките центри. За да се ослободите од изолација матичните треба да испраќаат секој ден извештај, 20 дена редовно и да имате барем 3 последователни зелени извештаи со 0 симптоми. Само еден извештај да сте во минус или да е заборавен, нема да можете да добиете решение за прекин на изолација.
 
Да е само во РЕК така.Нели и Кромберг/Шуберт имаше таква ситуација?И сличните им такви фирми во секој град скоро.Плус, поради осетно намалување работна сила истиов систем и во секакви други дирми продолжи, од кабловски, брзи пошти, банки, маркети, кладилници, јавен превоз, угостителство...па и здравство!
Ако си без симптоми колегите не пријавуваат како контакт и скокај Ламбе.
Нормално, на тв или интернет вести не го среќаваме.Вродено вазалство.И тука е поврзан и тој притисок да не се заострат мерките со евентуален карантин.Економија мора ради.Логично е зошто и хроничните болни се вратија на работа, а секој трет е.
Ова е тоа што го зборувам дека поголем проблем ќе направи ваквото функционирање, отколку да турат апсолутен карантин 1 месец и после да се почне со работа по групи и тн.
Сега демек немаме ограничувања, немаме карантини, а со овие што соработувам кај кого јави се повеќе од пола фирма не е на работа: кој позитивен - кој во карантин оти бил во контакт со позитивен, фирмиве не работат ни со 50% од тоа што треба.
 
Очекувајте најрано четврток порака на Вибер :pos:

А, да, припазете си и на извештаите што матичните ги праќаат до епидемиолошките центри. За да се ослободите од изолација матичните треба да испраќаат секој ден извештај, 20 дена редовно и да имате барем 3 последователни зелени извештаи со 0 симптоми. Само еден извештај да сте во минус или да е заборавен, нема да можете да добиете решение за прекин на изолација.
Извештаи секој ден? Матичната не го следи секој ден како му е ... Што ли праќа сега се чудам? :D
 
Матичната треба да се јавува секој ден кај болните за да следи ситуација и да праќа извештај до јавно здравје. Можеби си праќа еднаш неделно, 7 наеднаш и тоа е океј, ама сепак треба секој ден да се слушне со пациентот.
 
ОК, фала, не го знаев ова. Матичната ништо не рече, ниту таа се јавува, ниту побара пациентот да ѝ се јавува секој ден.
 
Матичната треба да се јавува секој ден кај болните за да следи ситуација и да праќа извештај до јавно здравје. Можеби си праќа еднаш неделно, 7 наеднаш и тоа е океј, ама сепак треба секој ден да се слушне со пациентот.
Ако матичната секој ден се јавува кај болните ќе има ли време за други работи освен телефонирање?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom