Идеме со ред
Mystery on the rooftop - Класика убиство со умисла од другарот финансиски аналитичар/инвеститор што и да беше. Никој не излетува од дома по папучи ако треба да се соочи со некого или ако знае дека го чека опасност. Исто така учебник потег понудата на парична награда од другарот за ако некој понуди информација во врска со исчезнувањето на жртвата. Тоа што забранил на сите вработени да даваат изјави на полицијата во врска со смртта е уште едно црвено знаме.
Тука според мене нема ништо мистериозно, едноставно превид е направен од страна на полицијата и недоволно желба да се истражи случајот. Можеле да импровизираат и да фрлаат вреќи со компири од различна висина или пак човечки макети и да видат од која висина ќе добијат слична дупка на покривот.
13 Minutes - Овде психопатата сопруг е 99% виновен, сите параметри ги тикира, кај ја има пепелта уште се спрдава со синот. Во стил, ја немам јас (се разведовме) ама нема да ја имаш и ти. Друго, врската помеѓу мајка и син е нешто што не се споредува ни меѓу мајка и ќерка, ни меѓу татко и син и ни меѓу татко и ќерка во психијатријата и едноставно дебилов не можел да прејде преку неоснованата љубомора.
House of Terror - Прво мислев дека ова е егзекуција од ЦИА, Мосад, вамте, тамте ама кога ги најдоа телата одма ми текна дека таткото има партал направено бидејќи скоро ја изгледав цела Forensic Files. На претходниот проект каде што работев имав соработник исто со вакво аристократско потекло и ми викаше еднаш немам пари, зедовме кредит дома, ова ќе правиме, она ќе реновираме нешто и после 2 дена ми пишува како се карале дома, ќе се мажела сестра му, таму некоја наметка ли како ја кажа, сакала да ја земе за себе, требало да остане во фамилијата, мислам, first world problems
Ич не ме чуди што ликов немал буквално леб да јаде ама ги испопраќал децата во приватно училишта и живееле во богат дел на Нант. Ист модус операнди како Џон Лист, кажа Манга погоре речиси се. Има сведоштво на Редит од девојката со која што се гледал малиот, во епизодата е само спомната како сведок кој бил испрашан, нејзините ја испратиле во Америка после инцидентот бидејќи девојчево психички се мрднало и има пишувано како кога си играле кај нив дома, ќе и се пријадело и отишла еднаш го отворила фрижидерот и во него немале буквално ништо
Иако се надевам дека психопатов некој ден ќе биде најден и ќе биде набоден на колец, за жал како што кажа таа жената на крајот, негов најголем плус е што изгледа сосема рандом, сосема нормално, нема нешто што го двои од просечен земјанин по физички изглед, лузна некоја, било што и тешко дека ќе биде најден, поготово па ако е во Аргентина, Еквадор некаде.
No Ride Home - Се согласувам за race hate crime вајбот ама бидејќи едно време се имав толку опседнато со судска медицина и какви се не учебници за факултети прочитав
овде мистерија е како тоа телото е најдено во смртна состојба а нема никаква причина за смрт. Тука вина носи докторот на судска медицина, не може туку така да настапи смрт а ти да се вадиш дека трупот бил во напредна фаза на декомпозиција и не можеш да најдеш што е причината. Има апдејт на Инстаграм/Твитер профилот на Unsolved Mysteries, се јавил некој сведок на tips делот на сајтот дека вечерта имало уште една забава во Ла Син и најверојатно кажал имиња кои ќе бидат интервјуирани во иднина
Berkshire's UFO - Класика Unsolved Mysteries, се согласувам и јас, вакви необјасниви работи без разлика дали веруваме дали постојат или не НЛО и порано со Стек беа језиви за гледање. Тука дилемата ми е само дали виделе НЛО или пак некој експеримент на US Army/NASA
Нема шанси во исто време на исто место 5-6 души да видат сличен феномен и до ден денес да се резилат со сила.
Missing Witness - Овде па буквално најнеспособната полиција од цела Америка е изгледа збрана, имаш и сведоци и што не, тие упорно туц муц се вртат во круг 20 години. Колку сака таа нека чисти во кујната со варикина, крв е, лета, прска, останува во фугите на плочките. На Forensic Files една епизода најдоа крв на фугите на плочките на една куќа која по убиството имаше сменето 3 пара станари, не па напуштена барака. Ни јас не видов ништо мистериозно тука, за жал убиена е и ќерката како и мажот.
За конекцијата со внукот како што пишав погоре на тема „мајка - син“, оваа се изнараѓала деца, сите женски и кога видела ќерка и дека има машко, сите сетапи во главата на OFF ставање и и ја удрила секирата.
Washington Insider Murder - Чичево изгледа знаел премногу ама и малце изгледа и деменцијата + паранојата + PTSD почнале да си го земаат данокот. Ова е веројатно политичко убиство.
А Death in Oslo - Класика Мосад/ФСБ/ЦИА/МI6 егзекуција. Никакво самоубиство, не знам што. Девојкава е бидена или агент или шпион кој е искористен, тоа со сечењето етикети е исто by the book интелигенција. Никаква Белгијка, Холанѓанка, на фаца и се гледа дека е Полска/Чешка/Германија по потеклото а и не ме чуди што нема роднини да ја пријават за исчезната, најчесто таквите инфилтратори што ги врбуваат се баш луѓе кои се оттуѓени од фамилиите или па се самотници за да нема кој да ги бара. А и кој се самоубива онака со пиштол
рацете ќе и беа испрскани со крв во спротивен правец. Исто ваква егзекуција на вработена од ДБК имаше и кај нас пред дваесетина години ама не ми се збори за ова по форуми.
Death Row Fugitive - Психопатско однесување по учебник (моментот кога искористил слободен излез за да кидне од затвор) за да добие доверба од системот и после да ја злоупотреби. Вакви се сите хоспитализирани по психијатриски установи и кај нас, фини и кооперативни додека не добијат награда да излезат во дворот и после тоа кидавела. Голем пропуст и на казнениот систем на Америка во тој период. На профилите на социјалните мрежи на Unsolved Mysteries има апдејт од пред недела дена дека се блиску до апсењето на ретардов.
Tsunami Spirits - Истото како и со епизодата со НЛО, не е моментот дали веруваш во духови или не, туку мистеријата. Најдобро изрежираната епизода досега, цела ноќ како на шилци спиев
Lady in the Lake - Кое црно самоубиство на -50 во замрзнато езеро бе
женава е убиена, сега дали од екс маж и или пак од некој што сакал да се освети на брат и заради матните бизниси, којзнае.
Stolen Kids - деца најверојатно украдени од парови кои не можат да имаат деца. Има исто апдејт на профилите дека двете мајки сабмитирале своја ДНК и се молат сите луѓе кои личат на двете скици од ФБИ да ја сабмитираат својата. Жал ме фати многу за женине, се надевам дека ќе ги најдат децата пред да починат
Како што и може да се заклучи од погоре, не беа сите епизоди на исто ниво фала богу ама па се гледа дека се потрудени да направат омаж на место на Роберт Стак и засега целта е постигната.