Не разбирам како е тоа дупење на клубот што барал поголема минутажа. Пред Погба шанса во средина доби да игра Рафаел, бек кој нема никаква врска со средина. Од страна на Погба, апсолутно оправдано што замина во клуб во кој се разви во фантанстичен играч. Фергусон никогаш нема лош збор кажано за Погба во поглед на неговиот професионализам, туку за Мино. Кон Погба има кажано само што не покажал почит заради тоа што не кажал дека планира да си замине, а имале големи планови со него.
За ова сега што го прави, немам коментар, би го ритал у фаца. Патем, ако имаш линк од изјавите а ла Зидан, би сакал да видам. До сега немам налетано на такво нешто.