Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Ево од мене некои предлози:

Cleveland Browns - Houston Texans 45,5+ @ 1,85

Две добри офанзивни екипи со слаби одбрани, мислам дека е мала границата и би рекол дека е зицер. Според мене и двете имат еднакви шанси за победа. Браунс 5те утакмици шо ги тепаа на сите имаа 30+ поени и примаа минимум 20. Ево резултати од нивните претходни утакмици:
6-16 L
37-34 W
7-38 L
32-23 W
49-38 W
34-20 W
35-30 W
6-38 L
Освен последната, претходните два пораза и беа против најдобрите екипи и дефанзиви у лигата. Кај Хјустон исто скоро сите утакмици са со ногу поени, 25-27, 20-35,42-36,30-14,23-31,28-21,16-33,34-20. Само на 3 немат преминато преку 50 поена, едната 49.

LA Rams - Seattle Seahawks 54,5+ @ 1,90

Како и претходнио пат кд гу предложи Сиетл против Бафало за +, истата приказна е и сга. Сиетл е одлична офанизвна екипа со просечна одбрана. Пас ориентирана игра у напад и слаба пас одбрана. Ремс са солидна офанизвна екипа. На само 2 од претходните утакмици не е надмината ваа граница и тие две завршија со 53 и 54 поени(за Сиетл). Вилсон игра МВП сезона и не е имал лоша утакмица и не верувам дека и вечер нема да има добра утакмица.

За фиксови би ги кажал Тампа 2ка 1.40, Детроит 1 1.50, Филаделфија 2ка 1.50, со помали квоти Питсбург 1 1.30, Балтимор 2ка 1.30, Њу Орлеанс 1 1.20 и Грин Беј 1.15.
 
Последно уредено:
Не пратам НФЛ, а сакам да помножам коефицинет, сигурни се Њу Орлеанс, Питсбург и Грин Беј Пекерс?
 
Не пратам НФЛ, а сакам да помножам коефицинет, сигурни се Њу Орлеанс, Питсбург и Грин Беј Пекерс?
Ништо не е сигурно во коцкање :D

А дали се апсолутни фаворити? Да, се.

Ама нешто ми вели дека минимум една, ако не и две од овие екипи ќе се мачат до самиот крај.

Ама да, апсолутни фаворити се екипиве, ако бараш дуел на екипи што се борат за титула vs дно екипи...тие се :D
 
Абе 9:8 нека завршат ако треба. (Не пратам НФЛ не ми се смејте), само да излезат. И у фудбал 1:0 е битно некогаш да фатиш, со гол у 90-та минута. :D
 
Абе 9:8 нека завршат ако треба. (Не пратам НФЛ не ми се смејте), само да излезат. И у фудбал 1:0 е битно некогаш да фатиш, со гол у 90-та минута. :D
Ја лично избегавам вакви апла фаворити, на еден тикет ги Стаив сејнтс да не победат дополнителен хендикеп.

Еве у кратки црти што се дешава ако те интересира:

Њу Орлеанс играат против екипа што има повреден пола тим
Грин Беј играат против тотално распашана команда што ќе биде меѓу најслаби 3 екипи во лига ваљда (во моментов чинам претпоследни се)
И Питсбург играат против дивизиски противник што ваљда ќе биде најслаб во дивизијата. Питсбург до сега нема ниту еден пораз и единствена екипа без пораз до сега
 
Не пратам НФЛ, а сакам да помножам коефицинет, сигурни се Њу Орлеанс, Питсбург и Грин Беј Пекерс?
Ако се работи за мои пари, не би го изиграл Питсбург. Реално, треба да победат 35-3, ама е дивизиска утакмица и се непоразени досега. Кога-тогаш мора да изгубат барем една, а ова е одлична навлакуша за тоа.
 
@BilboBaggins
@dragonsky
Ај склопете ми еден тикет плуски/минуски/хендикепи со 4 текми од НФЛ ако не ви е мака. На ситно ќе изиграм ама да пратам нешто.
 
@BilboBaggins
@dragonsky
Ај склопете ми еден тикет плуски/минуски/хендикепи со 4 текми од НФЛ ако не ви е мака. На ситно ќе изиграм ама да пратам нешто.
Сега најде на 7 минути пред да почнат утакмиците? :D
За тие од 10 да видам што има, немам ништо изиграно пошто викендов, ниту пак салам разгледано. Единствено Грин Беј изиграј ги ако ти фали коефициент за данок да покриеш од 7 овие што се.
 
Не ни видов кога почињаат. :D
Живи и здрави да сте ако нема за покасно, не е страшно ќе играм Еквадорци и Чилеанци фудбал. :D
 
Што е ова бе 3 квота за моите луѓе Пејтриотс? Ме тераат глупости да правам или?
Едвај ги победија Џетс што се на 0-9, што го имаат најлошиот тренер некогаш и што буквално отворено тенкаат за 1 пик :D. Мислам дека и ресиверите им се полуповредени или така нешто, Еделман сигурно не игра. Ама да, 3 е некако ептен потценувачки, 2,50-2,70 максимум :D.
 
Апсолутна блампертиза од тикет
Screenshot_20201115_194302_com.android.chrome.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom