Даисекаи 8, кој ја купил по стара цена ја преплатил по мое мислење, ја купил по надуена ценаАкцијата со Даисекаи 8 е логична и е страшно добра. Да не споредуваме со многу други поинакви добра. Се знае кога веќе има нови модели на пазарот и една серија веќе не постои логични се и големите ценовни разлики секако тоа добавувачот ги прави математиките. Ние како крајни корисници најбитни аргументи треба да ги гледаме резултатите - поточно зделката се гледа од добиениот квалитет во согласност зададената цена. Не значи дека ако некој земал пред 4 години по стара цена дека тој го преплатил, напротив тој го земал најновиот и најдобриот модел на пазарот во тоа време. Е сега ако јас сега ми понуди некој машиниште по екстра цена би бил пресреќен а не би споредувал години наназад колку бил и колку би изгубил, бесмислено е да се прават компарации. Слично е и со возилата кога веќе споредувате кога една серија завршува и се заменува со друга. Има тогаш големи попусти на недотрошените серии а воедно кај понеразвиени земји се прават и поголеми залихи како би постигнале екстра цена за квалитетни модели.
Лошо би било ако се прават огромни попусти одма после издавање на одреден модел на пазарот, тогаш е нешто сомнително.
а тоа најдобро ќе го види ако проба да ја продаде како половна.
Можеби си во право повеќе ги пратиш и знаеш овие работи па затоа ме интересира како
ќе искоментираш пример, за оваа клима-Даикин FTXB50C/RXB50C Дали по твоја логика треба да очекувам оваа клима да ја купам за 20-25000ден.