... не е во прашање „штелување “ на бројките, туку најмалку три дена им треба, сите брисеви од цела држава што се земаат до 16 ч се испраќаат централно во Скопје, додека се добие резултатот, додека се заведе пациентот, додека дојдат и другите резултати од приватните лаборатории и болници и овие три дена се малку според тоа колку не се ажурни, а што ми е најчудно зошто министерството јавно се правда дека се направило техничка грешка околу презимето на починатиот 21 годишен, кога сите брисеви, ниту истиот ден не се испитани, ниту истиот ден евидентирани централно да би се дало еден едниствен извештај за ситуацијата со заболените во државата,
...за правилна статистика треба да информира јавноста не само со бројка на заразени, оздравени и починати, туку треба да кажат и етничка припадност, како и роднинска врска, друго е да има државата заразени пациенти кои не се фамилијарно поврзани, друго да се роднини, така да кластер од цела фамилија со три генерации ќе бидат 20 позитивни ама во една куќа, а друго е 20 пациенти распрснати низ цела населба!
...и не само тоа, туку имаме случаеви кога некои се скептични на резултатите од тестирањето и во исти ден или последователно самоиницијативно прават повторно тестирање во други лаборатории и ако е повторно позитивен тоа не значи дека има нов инфициран, туку е ист човек и затоа треба со такви параметри да се елаборира дневниот извештај околу коронавирусот не само во бројки што дава можност за погрешно манипулирање!