Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мора copy paste да биде кај нас.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Па нема што мн да размислуваат, и со што, затоа препиши од мастерите и готово. Најлесно е, традиционално е. Народов прво таму чита што направиле, па после полесно ќе го сварат и тука. И така :)
севернојужњовача
 
Штo е пoентaтa нa видеoвo?

Дека вирусот почнал да се пренесува и на животни кои имаат слични (не исти) респираторни органи при што вирусот мутира за да се префрли...
Кога ќе се врати кај човек така мутиран може да биде полош и вакцините кои моментално се развиваат може да не го фаќаат мутираниот.

И ако не се спречи и почне да се шири така мутиран, ќе ја имаме 2020 од почеток во 2021 само наместо Вухан овој пат ќе биде Данска изворот.
 
Како не помага?
Еве вие сте здрави и оптимисти.... ама секој има некој близок и драг но ранлив.... пример родител, мајка.... ваљда на сите тука ви е грижа за мајка ви?
Добро толку ви е сеедно на пример ако продавачот (без маска) во продавница случајно и се искашла во фаца на мајка ви (исто без маска)?

Мислам дека маската или било каква прекривка преку нос и уста помага (малку од малку) при ширењето на респираторни вируси.

Среќа што имам можност да живеам сам на цел спрат од куќата и да ги поштедам домашните од заразување.
Еве 10тина дена по мое броење од први симптоми го преживувам чудово... со лесни симптоми ама сепак осеќам разлика спрема претходни години кога сум бил грипосан или изнастинат.
Не сакам ни да замислам како им е на тие што им се влошува состојбата...
Баш би сакал моите родители сега да умрат од вирусот... Колку грубо и да звучи, јас би бил задоволен.
 
Текстов е малку подолг, но вреди да се прочита. Човекот објаснува зошто карантинот е лоша работа и нуди две други решенија за справување со короната, зголемување на болничките капацитети и масовно тестирање ко тоа што беше направено во Словачка.

На француски е, но гугл хром ви го преведува на мкд без проблем
Не можам да коментирам за предлозите што ги дава. Врши споредба со искуства од други земји, ама не дава образложение како истите би се спровеле во Франција. Франција има популација 12-13 пати повеќе од Словачка. Од старт логистички изведбата е ... потешка. Зголемувањето на болнички капацитети не е замо медицински материјал и објекти. Потребни се болничари и лекари кои знаат да се справат со ситуацијата на интензивна нега. Не е нешто што може да се "среди" за неколку месеци. И двата предлога не се нешто невозможни, ама сепак бараат дологорочно планирање и инвестирање.

Проблемот со статијата ми е следен:
En France (...) il n’est finalement pas mort plus de gens du 1er janvier au 30 septembre 2020 qu’en 2019 sur la même période

Comme le Covid tue surtout des personnes avec une espérance de vie déjà basse, il n’a pas pour l’instant provoqué de surmortalité.

Податоците од Националниот институт за статистика(..) не се согласува со овие изјави.
 
Дека вирусот почнал да се пренесува и на животни кои имаат слични (не исти) респираторни органи при што вирусот мутира за да се префрли...
Кога ќе се врати кај човек така мутиран може да биде полош и вакцините кои моментално се развиваат може да не го фаќаат мутираниот.

И ако не се спречи и почне да се шири така мутиран, ќе ја имаме 2020 од почеток во 2021 само наместо Вухан овој пат ќе биде Данска изворот.
Тоа го разбрав уште пред неколку дена го кажаа него овој као ги исмејува?
Автоматски споено мислење:

Баш би сакал моите родители сега да умрат од вирусот... Колку грубо и да звучи, јас би бил задоволен.
А зашто би бил задоволен од таков исход недај боже?
 
Последно уредено:
Не можам да коментирам за предлозите што ги дава. Врши споредба со искуства од други земји, ама не дава образложение како истите би се спровеле во Франција. Франција има популација 12-13 пати повеќе од Словачка. Од старт логистички изведбата е ... потешка. Зголемувањето на болнички капацитети не е замо медицински материјал и објекти. Потребни се болничари и лекари кои знаат да се справат со ситуацијата на интензивна нега. Не е нешто што може да се "среди" за неколку месеци. И двата предлога не се нешто невозможни, ама сепак бараат дологорочно планирање и инвестирање.

Проблемот со статијата ми е следен:

Податоците од Националниот институт за статистика(..) не се согласува со овие изјави.

Франција има доволно капацитети да го спроведе ова, како што пишав во предходниот пост, тестирањето започна и во аптеки да се прави. Сум поминал многу време по Француски болници, имаат баш се што им треба.

Проблемот е што не направија подготовки летово кога се смири ситуацијата, помислија дека е веќе готово. Наместо да додадат опрема и персонал, тие чешаа јајца и збореа само за стимулации во економијата, не и за помош за здравството. Сега, од кога почнавме да се жалиме дека ништо не направиле, ставија карантин, мислејќи дека вака ќе го биде, но ова е решение само на краток рок.

Всушност, овој карантин е повеќе за да се затворат рестораните и хотелите, да затворат одредени рафтови во супермаркетите, сметајќи дека вака ќе намалат број на ново заболени, меѓутоа овој, споредено со првиот карантин е заебанција. Сите се движат како и кога сакаат, рестораните се затворени, исто и баровите, кафетериите, клубовите кои и никогаш не отворија од првиот карантин, библиотеките... се што е од невитално значење е затворено. Хотелите останаа отворени но има многу протоколи и има стриктно само бизнис патувања.

Со ваков пристап, ни ќе не оправат, ниту долготрајно ќе го решат проблемот, а ќе уништат многу фирми. Сепак владата дава помош на фирмите, не е без ич.

Во твојот линк, видов само резултати за април и март, или јас сум грешка?

Пациентот од Кавадарци вчера го поставија на списокот, а почина на 5-ти ноември (ако грешам поправете ме). Ова ме наведува на помисла дека ги штелуваат бројките не само на заразените туку и на починатите.
... не е во прашање „штелување “ на бројките, туку најмалку три дена им треба, сите брисеви од цела држава што се земаат до 16 ч се испраќаат централно во Скопје, додека се добие резултатот, додека се заведе пациентот, додека дојдат и другите резултати од приватните лаборатории и болници и овие три дена се малку според тоа колку не се ажурни, а што ми е најчудно зошто министерството јавно се правда дека се направило техничка грешка околу презимето на починатиот 21 годишен, кога сите брисеви, ниту истиот ден не се испитани, ниту истиот ден евидентирани централно да би се дало еден едниствен извештај за ситуацијата со заболените во државата,

...за правилна статистика треба да информира јавноста не само со бројка на заразени, оздравени и починати, туку треба да кажат и етничка припадност, како и роднинска врска, друго е да има државата заразени пациенти кои не се фамилијарно поврзани, друго да се роднини, така да кластер од цела фамилија со три генерации ќе бидат 20 позитивни ама во една куќа, а друго е 20 пациенти распрснати низ цела населба!

...и не само тоа, туку имаме случаеви кога некои се скептични на резултатите од тестирањето и во исти ден или последователно самоиницијативно прават повторно тестирање во други лаборатории и ако е повторно позитивен тоа не значи дека има нов инфициран, туку е ист човек и затоа треба со такви параметри да се елаборира дневниот извештај околу коронавирусот не само во бројки што дава можност за погрешно манипулирање!
 
Последно уредено:
Тоа го разбрав уште пред неколку дена го кажаа него овој као ги исмејува?
Малу ги исмејава пошо и таму ко кај нас им дале фора на тоа фармите да затворат до март 2021.
 
Па богами,не знае човек дали е боље да ги уништат ласиците или па да живеат во тие гнасни фарми и да се мачат
 
Нема веќе стратегија за справување за вирусот се е пуштено од ланец па што биде нека биде. Меркиве се веќе смешки и само колку да се прикаже дека нешто се прави. Приватните болници како ратни профитери ги оставија слободно да тераат цела година, милиони собраа од народот. Ниту ги ограничија нивните цени ниту пак државата се понуди да покрие за секој тест на приватно трошок. Да не зборам за лежење по приватни болници кое чини од 10 илјади евра па нагоре. Државното здравство од минатата недела веќе па целосно е колабрирано. Нема тестови освен ако не фатиш некоја врска, од тоа што разговарав и што кажуваат луѓе по болниците е катастрофа ниту има веќе кревети ниту доктори и сестри да ги покријат сите пациенти, викаат луѓе од собите си умираат таму. Отидено е све во пичку матер.

Само ви посакувам ако фатите со лесно да го поминете и со среќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom