Снукер

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Во преносот од мечот Бари Хакинс- Рајан Деј во Понеделникот, коментаторот на Спортклуб кажа ова: Во овие 8 групи во 6 групи има 1 играч кој го освојувал светското првенство и ги наброја Трамп, Марфи, Селби, Бингам, Хигинс и Кен Дохерти имаат титули од светското првенство.

Заборави коментаторот дека во групата Д покрај Селби, и Грем Дот има своевремено во 2006 освоено титула на светското првенство во Крусибл театарот во Шефилд.
Им пишав вчера утрото на мејлот на Спорт клуб дека и Грем Дот има светска титула, и вчера веднаш на почеток од преносот на мечот Шон Марфи - Доминик Дејл, истиот коментатор на Спорт клуб си призна дека направил лапсус и кажа дека и Дот има светска титула.

ПС: еден од моите омилени играчи Шон Марфи не е во форма, се надевам дека ќе ја поправи играта до идната седмица бидејќи ќе игра и следна седмица на турнирот Шампион на шампионите, турнир кој исто ќе се пренесува на Спортклуб, и во 1 рунда во 1/8 финале Марфи и Трамп чекаат противници од овој турнир, и можно е во потенцијално 1/4 финале следната недела на тој турнир да играат моите омилени играчи Трамп и Марфи меѓусебе.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Лига на шампиони во снукер сезона 2020/2021,
завршница, втора и трета фаза во Милтон Кинс, Англија.

Финале: Кајрен Вилсон - Џад Трамп 3-1.

На 28 годишна возраст Англичанецот Кајрен Вилсон ја освои 4 рангирана титула во својата професионална кариера, совладувајќи го светскиот број 1 Џад Трамп.
Воедно со оваа победа Кајрен Вилсон од 6 место сега ќе се искачи на 5 позиција на рејтинг листата.

За одбележување е 11-тиот максимален брејк од 147 поени во кариерата на Џон Хигинс во мечот од групна фаза против Кајрен Вилсон. Сега на вечната листа, Џон Хигинс се изедначи со легендата Сивен Хендри и двајцата имаат по 11 максимални брејкови од 147 поени, лидер е Рони О' Саливен со 15 максимални брејкови од 147 поени.

Се прекина неверојатната серија на Џад Трамп од 10 последователни победи во финалињата на рангирачките турнири, и Марк Селби се уште има серија од 10 последователни победи во рангирачките финалиња. Рекордот го држи Стивен Хендри кој своевремено имаше 11 последователни победи во финалињата на рангирачките турнири. Марк Селби е се уште во игра евентуално да го изедначи или сруши рекордот на Стивен Хендри од 11 последователни победи во финалиња на рангирачки турнири, прва шанса за такво нешто ќе има од 16-23 Ноември на шампионатот на Северна Ирска, рангирачки турнир.

Нареден турнир од сезоната 2020/2021 ќе биде Шампионатот на шампионите, нерангирачки турнир, од 2 Ноември до 8 Ноември, во Маршал арената во Милтон Кинс. Преноси на Спорт клуб 3 ќе има од турнирот.

Иако е нерангирачки турнир, ова ми е еден од омилените турнири, играат играчи кои освојувале титули во претходни 12 месеци, а доколку на тој начин не се пополни бројката од потребни 16 играчи, тогаш играат оние најдобро рангираните на рејтинг листата, како што е случајот со Дејвид Гилберт кој ќе игра на турнирот, реално со променлива форма доаѓа Гилберт.
Така е кога Трамп освои 7 титули во изминатите 12 месеци, и другите не можеа да дојдат на ред да освојат титули.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Знам дека е тотално оф-топик - добро, 99.99% оф-топик, но ако Светската Снукер Асоцијација може да му изрази почит, тогаш и ние обожавателите на снукерот можеме да му изразиме почит и да се простиме од една од најголемите актерски легенди на сите времиња.

Вчера, сабота, 31 октомври 2020, во 91-та година од својот живот, почина актерската легенда Шон Конери.

Сер Томас Шон Конери
25 август 1930 - 31 октомври 2020

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

2 ноември 2020
Прв ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 4:0 Џими Вајт;
Џон Хигинс 3:4 Динг Џунхуи;

2 ноември 2020
Прв ден - Четвртина финале:

Нил Робертсон 6:4 Динг Џунхуи;

Денес, вторник, 3 ноември 2020, треба да се одржат вторите 2 меча од осмина финалето на турнирот Шампион над шампионите 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Стјуарт Бингам;
Шон Марфи - Дејвид Гилберт.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

3 ноември 2020
Втор ден - Осмина финале:

Џад Трамп 4:0 Стјуарт Бингам;
Шон Марфи 2:4 Дејвид Гилберт;

3 ноември 2020
Втор ден - Четвртина финале:

Џад Трамп 6:3 Дејвид Гилберт;

Утре, среда, 4 ноември 2020, треба да се одиграат претпоследните 2 меча од осмина финалето на турнирот Шампион над шампионите 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Лука Бресел;
Кајрен Вилсон - Стифен Мегваер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

4 ноември 2020
Трет ден - Осмина финале:

Марк Селби 4:2 Лука Бресел;
Кајрен Вилсон 4:1 Стифен Мегваер;

4 ноември 2020
Трет ден - Четвртина финале:

Марк Селби 6:5 Кајрен Вилсон;

Денес, четврток, 5 ноември 2020, треба да се одиграат последните 2 меча од осмина финалето на турнирот Шампион над шампионите 2020, во кои силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Мајкл Холт;
Марк Ален - Скот Доналдсон.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Чек бе, нели водеше Вилсон 4-0? И изгубил?

Да, 4-0 успеа Вилсон да прокоцка.
Уште му е прекарот ,, The Warrior" - ратник. ;)

Оваа трета деценија од 21 век извесно е дека Трамп ќе доминира на врвот на рејтинг листата. Премногу имаат неконстантност во резултатите на турнирите останатите играчи и така ако продолжат нема да можат да го симнат од врвот. Да, овој турнир не е рангирачки и не носи бодови за рејтинг листата.

Во втора деценија на 21 век Марк Селби прилично долго време беше број на рејтинг листата, сега е редот на Трамп.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Вилсон успеа да изгуби скоро добиен меч и покрај тоа што имаше неверојатна среќа повеќе пати...
Селби остана прибран до крај и мислам дека искуството си го направи своето.

Види го ударот во 5:30 минута кај што има потег од снукер позиција...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

5 ноември 2020
Четврт ден - Осмина финале:

Рони О'Саливен 4:1 Мајкл Холт;
Марк Ален 4:3 Скот Доналдсон;

5 ноември 2020
Четврт ден - Четвртина финале:

Рони О'Саливен 3:6 Марк Ален;

Утре, петок, 6 ноември 2020, треба да се одигра првиот меч од полуфиналето на турнирот Шампион над шампионите 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Марк Селби.

Да, 4-0 успеа Вилсон да прокоцка.
Уште му е прекарот ,, The Warrior" - ратник. ;)

Оваа трета деценија од 21 век извесно е дека Трамп ќе доминира на врвот на рејтинг листата. Премногу имаат неконстантност во резултатите на турнирите останатите играчи и така ако продолжат нема да можат да го симнат од врвот. Да, овој турнир не е рангирачки и не носи бодови за рејтинг листата.

Во втора деценија на 21 век Марк Селби прилично долго време беше број на рејтинг листата, сега е редот на Трамп.
Мислиш дека Кајрен Вилсон има проблем ?

Шон Марфи мене ме заеба за 20.000 и нешто на ливче во 2018 година, не помнам кој турнир беше. И водеше цело време и на крајот го оплеска мечот.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Мислиш дека Кајрен Вилсон има проблем ?

Шон Марфи мене ме заеба за 20.000 и нешто на ливче во 2018 година, не помнам кој турнир беше. И водеше цело време и на крајот го оплеска мечот.

Марфи се бара себеси и својата форма после поразот на Светското првенство во финалето од 2015 против Бингам. Имаше солидна 2019/2020 сезона, но еве оваа сезона пак Марфи е во лоша форма.

Не е дека мислев нешто лошо за Кајрен Вилсон. Факт е медиумите го претставуваат како новата голема Англиска снукер ѕвезда и нормално е дека постојат високо очекувања кон Вилсон во поглед да не губи веќе добиени мечеви во кои има водство од 4-0.
Млад е Вилсон и се уште стекнува искуство, впрочем Џад Трамп на еден турнир во Шкотска опен ( 2015,2016 тука некаде беше годината) играше Трамп против Хигинс и Трамп водеше со 5-1 и му требаше само уште еден фрејм за победа и бум, Хигинс направи пресврт и победи Хигинс со 6-5 против Трамп, е да и тогаш Трамп имал 26-27 години.

Сериозниот Трамп почна да го има од летото 2018 кога почна постојано да работи и тренира снукер со неговиот постар брат Џек Трамп, оттогаш Џек е постојано заедно на сите турнири со Џад. И стигнаа резултатите за Џад, во есента 2018 имаше добри резултати на турнирите, го доби Северна Ирска опен против О' Саливен финале, и потоа пролетта во 2019 Светско првенство и 7 титули во следната сезона 2019/2020.
Пожелно е и за Кајрен Вилсон да има сериозен тренер како што има Џад Трамп.

Лично очекував многу повеќе од младиот Џек Лисовски.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не е дека мислев нешто лошо за Кајрен Вилсон. Факт е медиумите го претставуваат како новата голема Англиска снукер ѕвезда и нормално е дека постојат високо очекувања кон Вилсон во поглед да не губи веќе добиени мечеви во кои има водство од 4-0.
На Вилсон му фали искуство, паѓа и физички и психички и тоа е приметно во подолгите мечеви. Мене ми смета кај него „занесот“ што го има... Нпр бил многу изнервиран кога загубил од Рони во финалето?!?!?!
Му требаше еден ваков меч како со Селби да го тресне од земја.
Од друга страна иако Трамп е еден од поконзистентните играчи некако и кај него ми е приметна нефокусираност. Си дозволува глупи грешки кои не му беа својствени. Претпоставувам дека целата ситуација има некаков психолошки ефект.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

6 ноември 2020
Петти ден - Полуфинале:

Нил Робертсон 6:5 Марк Селби;

Денес, сабота, 7 ноември 2020, треба да се одигра вториот меч од полуфиналето на турнирот Шампион над шампионите 2020, каде што силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Марк Ален.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
На Вилсон му фали искуство, паѓа и физички и психички и тоа е приметно во подолгите мечеви. Мене ми смета кај него „занесот“ што го има... Нпр бил многу изнервиран кога загубил од Рони во финалето?!?!?!
Му требаше еден ваков меч како со Селби да го тресне од земја.
Од друга страна иако Трамп е еден од поконзистентните играчи некако и кај него ми е приметна нефокусираност. Си дозволува глупи грешки кои не му беа својствени. Претпоставувам дека целата ситуација има некаков психолошки ефект.

Се согласувам дека му треба уште искуство на Вилсон, впрочем убаво и напишав во мој претходен коментар дека и Трамп кога беше помлад ( од 22-29) во тој период правеше многу грешки и губеше добиени мечеви.

Трамп кога игра со послабо рангирани играчи не е толку посветен на тие мечеви и некако има помалку внимание и мотивација во такви мечеви, и често во тие мечеви има мала резултатска негатива со послабо рангирани противници. Додека кога игра со појаките играчи има поголема мотивација и желба за игра.

Кај Трамп посебно една работа е феноменТрамп ќе се реши да игра ризичен напаѓачки удар и ќе промаши куглата се случува ситуација да не остане ништо лесно за противниците да уфрлат во дупките дури и тоа влијае писхолошки над ривалите на Трамп. Да, си треба и одредена доза на среќа, среќни околности и спретност во снукерот, а Трамп несомнено има честопати среќа да промашува ризични удари а останува безбеден.
Веројатно и многу тренира такви потези на тренинзите со неговиот тренер т.е со брат му Џек.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Шампион над шампионите 2020
од 2 ноември 2020 до 8 ноември 2020
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

7 ноември 2020
Шести ден - Полуфинале:

Џад Трамп 1:6 Марк Ален;

Утре, недела, 8 ноември 2020, во финалето на турнирот Шампион над шампионите 2020 силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Марк Ален.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom