Бебиња и се за нив, грижа, играчки, поплаки, совети итн...

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Морнинг!

Фала на искуствата, половите ќе ги дознаеме здравје за 3-4 недели, па тогаш официјално ќе купам нешто од мерак, а останатото ќе нарачувам, ќе купувам со тек на време. Количка најдовме како изгледа за 3ка, не не, тоа нема шанси! Ќе се снаоѓаме некако, ќе најдеме решение.

... со среќа нека ти е бременоста,(ин витро?) нека помине со убаво, па купувањето не е проблем, количка ќе купиш исти три па ќе ги завариш кај мајстор :) ... тројка е и тешка задача на мајката да ги носи, мисли на тоа, пиј витамини и одмарај не се замарај со купување од сега, нели самата ни пишуваше за присуство на петарди и други особи кои ете ќе љубоморат... седи и уживај и не им давај повод! ...се разбира мое мислење! :smirce:
Природно! Докторот вика ова е толку ретко и во мојава 25 годишна кариера прв пат го гледам, е така. Отприлика 1 година пробувавме не идеше и после 1 година, ба бам, тројка! Засега вели постои ризик, до 13та недела, само од себе едното близиначе да се откине, така некако ми објасни, затоа ќе одмарам малку повеќе овие недели. Јас сум малку слабичка, за носење ќе биде малку тешко, па ме ставија на протеинска диета да качам малку килажа.

Тенкју на сите!
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
185
Поени од реакции
840
Тројкааа? И ја сакам:D:love:
За купување и средување почни си со време, не оставај се за пред крај. Тогаш поуспаничена ќе бидеш и нервозна и поголеми шанси нешто да се пропушти. Само смирено:)
 
Само да добијам резултати :rolleyes:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Темава не е активна али да си прашам. Пумпа за молзење. Маст хев или не? Тројка не очекувам дека ќе ги исхендлам за цицање сите без да ме фати паничен напад па претпоставувам ова ќе ми заврши работа. Има некоја со близнаци да даде инфо? Гуглав кај нас Медела ја имаме на располагање за изнајмување и има убави критики. Не дека ќе ја купам утре која и да е, ама да имам инфо. Да, досадно ми е и читам свашта :LOL:
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.822
Поени од реакции
20.237

Must have, тука претежно здравствено осигурување ги покрива. Плус со 3ка, јас би ти препорачала.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Темава не е активна али да си прашам. Пумпа за молзење. Маст хев или не? Тројка не очекувам дека ќе ги исхендлам за цицање сите без да ме фати паничен напад па претпоставувам ова ќе ми заврши работа. Има некоја со близнаци да даде инфо? Гуглав кај нас Медела ја имаме на располагање за изнајмување и има убави критики. Не дека ќе ја купам утре која и да е, ама да имам инфо. Да, досадно ми е и читам свашта :LOL:
Да, треба. Прво пошто пумпата е најефикасен начин да ја зголемиш продукцијата на млеко. Или се случува бебето да спие повеќе, па да треба пумпа наместо да го будиш. Или да нејќе да цица од двете страни, па да сакаш едната да ја измолзиш со пумпа. На почеток, може и бебето неефикасно да цица, па да ти останува млеко кое ќе го отстраниш со пумпа. Битно е да не заостанува млеко во градите многу, зошто тоа доведува до сигнал на телото да намали со создавање, или пак до мастит, состојба да кренеш температура и да се затнат каналите. Кога бебето ќе се навикне на цицањето, тоа ќе биде најефикасен начин на испразнување на градите, така што секогаш кога ќе можеш нека биде прва опција да се стави бебето на града, а тек потоа да се празниш со пумпа. Некои експерти препорачуваат покрај редовните подои, да се додава плус кратко пумпање заради давање сигнал на телото да продуцира повеќе млеко. Но сепак зависи, ако бебето ги празни двете гради на секој подој и после е задоволно, не е гладно и има мокри и какани пелени, во одреден момент не ти треба пумпа. Но, сепак се наоѓа пумпата по дома, заради ситуациите што ги наведов погоре. Или ако треба да излезеш и да оставиш млеко дома. Со три бебиња истовремено, тебе можеби и нема да ти треба пумпа, доколку ги доиш сите. Но, од друга страна баш дека се повеќе бебиња, може и баш ќе ти треба. Зависи колку брзо и ефикасно они ќе цицаат. Можеби на почеток ќе увидиш дека за да ги нахраниш сите малку побрзо, ќе ти користи пумпата, па млекото потоа ќе може да го дава и сопругот со шише. Но, од друга страна, внимавај да не ги навикнеш премногу на шише. Сепак, за да успееш сите да се нахранети добро и редовно, може ќе мора да употребуваш и шише понекогаш. Мене ми се најде рачната пумпа на Медела, особено на почеток додека бебето се учеше да цица (многу често ми плачеше и одбиваше да цица, па некогаш користев плус шише ако мислам дека не се дојало, а сум пробала 100 пати сепак прво на града, мора упорност). А приметив дека тоа е и единствената пумпа за која се продаваат резервни делови во Мк. На митра.мк можеш да побараш. Сега кога е 2 месеци ја користам само еднаш ноќе затоа што ноќе цица само од едната страна и заспива, па ако ја немам пумпата, ќе треба да останам околу 7,8 h без да испразнам страна. Со среќа во доењето и информирај се максимално во текот на бременоста. Да знаеш дека е можно и со повеќе бебиња истовремено, затоа што телото колку што му бараш, толку и ќе создава. А во првите 2,3 месеци обично има и вишок млеко. Така да не се грижи од аспект дали ќе имаш доволно млеко, повеќе околу временскиот аспект, како да успееш сите да ги нахраниш, па легнеш на спиење итн.
 
Поише од 2 бебиња и да сакаш не можеш да доиш во исто време, нели :LOL: Еве истражувам па гледам некои пумпи кои се многу интересни у странство, па и тоа ќе имам на ум. Сопруг сигурно до породување ќе патува па ќе ми донесе. Дајбоже да успеам со доење, па ќе се снаоѓаме. Главно прашање ми е, што ако сите 3 решат дека се гладни у исто време. Леле у каков сос сум пикната.... :pos:Сопруг ми се смее, вика само ти однапред мислиш Што ако?!
 
Член од
4 септември 2020
Мислења
39
Поени од реакции
50
Здраво на сите,со малата бевме во клиника Жан Митрев на затворанје дуктус,малата помина супер,за нас беше многу стресно ама помина, докторите се супер персоналот само пофалби,еден проблем се среди и сум многу срекна,а во врска со асиметријата сеуште ја има ама е подобра продолжуваме со вежби ма да сега е поголема и сама си вежбат хехехе
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Грчеви кај машкото, кои капки да ги земам? Оној сирупон го бива?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.019
Поени од реакции
10.118
Грчеви кај машкото, кои капки да ги земам? Оној сирупон го бива?
Да прашаше во кој клуб фудбал да игра, одма ќе ти одговорија 100 души...ама овде на овој форум вакво прашање???
Ма ти Мамасита се зафркаваш:rolleyes:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Да прашаше во кој клуб фудбал да игра, одма ќе ти одговорија 100 души...ама овде на овој форум вакво прашање???
Ма ти Мамасита се зафркаваш:rolleyes:
Абе темава е за бебиња па.... 6 доктори прашав, сите со различни искуства, ги имам купено буквално сите капки на светов што постојат, од Бугарија, од Србија, од Грција, мажулево премалува од плачење овие 2 дена. Еве откажав и одење на викенд, не можам да го мачам по пат. Уплативме одмор, ама и тој ќе го откажам ако остане вака. Матичниот негов вика издржи 10 дена макс ќе биде ваков. Очајна сум веќе од пребарувања по нетов.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.822
Поени од реакции
20.237
Абе темава е за бебиња па.... 6 доктори прашав, сите со различни искуства, ги имам купено буквално сите капки на светов што постојат, од Бугарија, од Србија, од Грција, мажулево премалува од плачење овие 2 дена. Еве откажав и одење на викенд, не можам да го мачам по пат. Уплативме одмор, ама и тој ќе го откажам ако остане вака. Матичниот негов вика издржи 10 дена макс ќе биде ваков. Очајна сум веќе од пребарувања по нетов.
Треба да пробаш повеќе, секое бебе различно реагира на капките, знам дека помага топол термофор на стомачето и масажи, исто возење во кола, самите вибрации го смируваат стомакот на бебињата со колики.
И на стомаче легни го на тебе и нежно тапкање, се ова е поради неразвиен дигестивен систем, ако доиш јади храна која не предизвикува гасови, и пиј чаеви билни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.354
Грчеви кај машкото, кои капки да ги земам? Оној сирупон го бива?
Ништо не помага, @MaMasita . Еспумисанот се користи само за исфрлање на гасовите. Пробај, може ќе има некој ефект, ама верувај дека до 3 месеци ќе мора да издржувате со плачки. По третиот месец, магично ќе исчезнат, ко да не ни постоеле.

Купи си термофорче, или ставај му затоплени крпчиња на мешето, малку од малку ќе се смирува. И мноооогу гушкање. Ништо не помага колку гушкањето. ;)

А да, и white noice, обавезно. Што рече @Луси , вози го во кола, или пушти му правосмукалка или фен, нека брмчи. (Има на youtube снимени правосмукалки и фенови, по 1 саат и повеќе :D)
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Треба да пробаш повеќе, секое бебе различно реагира на капките, знам дека помага топол термофор на стомачето и масажи, исто возење во кола, самите вибрации го смируваат стомакот на бебињата со колики.
И на стомаче легни го на тебе и нежно тапкање, се ова е поради неразвиен дигестивен систем, ако доиш јади храна која не предизвикува гасови, и пиј чаеви билни.
Пробав мислам се што има на пазарот и ни помогнаа Бекутан со Плантекс. Се смирија и сега се јавуваат само после пладне. Само машкото има, девојчињата ништо немаат. Купив и апаратче за бели звуци, се кенгурираме секој ден по 3 пати на ден пошто се прематурчиња а и пошто сакаме, наутро девојчињата кај тато, машково кај мене, на пладне ги ставам сите 3 врз мене, навечер пак се двоиме и мењаме. Во кола се возиме сигурно 1 дневно до средно да прошетаме уште од следниот ден откако си дојдовме дома. Не цицаат, не добив воопшто млеко, ни капка.
Ништо не помага, @MaMasita . Еспумисанот се користи само за исфрлање на гасовите. Пробај, може ќе има некој ефект, ама верувај дека до 3 месеци ќе мора да издржувате со плачки. По третиот месец, магично ќе исчезнат, ко да не ни постоеле.

Купи си термофорче, или ставај му затоплени крпчиња на мешето, малку од малку ќе се смирува. И мноооогу гушкање. Ништо не помага колку гушкањето. ;)

А да, и white noice, обавезно. Што рече @Луси , вози го во кола, или пушти му правосмукалка или фен, нека брмчи. (Има на youtube снимени правосмукалки и фенови, по 1 саат и повеќе :D)
Ме утеши до 3 месеци ова. Немам искуство со бебиња, прво па Х3 ми се погоди. Поголемки малку сум ги чувала од братучетка ми и другарка ми, ама волку мали, па и по едвај 2 килца, прв пат гледам волку мали бебиња. Имаме и термофори, имаме се што слушнавме дека помага. Од Бекутан + Плантекс, бели звуци апаратчето и кенгурирање најмногу се смирува. Машко бе, компликации триста.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom