Најекономично греење и ладење

Член од
7 август 2017
Мислења
11
Поени од реакции
9
Мој најискрен совет, клима за да се користи 8 саати не се купува.
Прва работа е тоа што инвестицијата од 25000+ денари со вклучена монтажа никогаш нема да ја вратиш. Некои производители бараат да се платат и годишни гаранции па со сите тие скриени трошоци може вкупната сума да биди 30000ден.
Друго е тоа што климата загрева бавно, па доколку ја исклучиш во 7 сабајле и ја вклучиш пак во 23:00 таа само ќе го замлачи воздухот но не и сите објекти во собата кои ја изгубиле топлината.
По мое панелка или друго слично грејно тело кое има побрзо затоплување се иплаќа повеќе за 8 саати греење. Инвестицијата е минимална до 50евра, останатите 20000+ден да ги трошиш за струја ќе се грееш многу години.
Јас веќе имам доста добар панел кој сметав исто како тебе ќе е доволен и ефикасен, но пресметката вика доволен е но не е ефикасен. 2,5 кв троши. 8 часа х 2,5 кв х 3 денари (ефтина тарифа) = 60 денари од вечер или 1800 денари месечно.

Климата според спецификацијата неможе да повлече повеќе од 1,5 кв без разлика што само 8 часа би се користела, првиот час би била агресивна, меѓутоа изолацијата се надевам ќе си го направи своето наредните 7 часа...

Сепак ова го зборувам со скромно познавање се надевам дека постручни ќе ме корегираат ако не е така...
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156

Доколку 2,5кв панел не успее да затопли тогаш 2,5 клима која во зима е 1.5кв нема да може ни половина да те затопли од панелот.
Иако јас сум сигурен дека панелот работи пали гаси во текот на тие 8 часа и не троши постојано.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Во зима климата е околу 3kw со тоа што троши 1.5kw. А не 1.5кв. (ако е некоја најбуџет)

Со тоа што има тајмер и правилно ќе си ја ставиш во 4-5 сабајле да се пали за да искористи ефтина струја првите 2-3 саати додека највеќе влече. Ем ќе дојдеш во замлачена просторија. Секако најдобро да ја оставиш 24/7 на 22ц и да си ги уживаш благодетите на висок цоп и топол објект.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2017
Мислења
11
Поени од реакции
9
Доколку 2,5кв панел не успее да затопли тогаш 2,5 клима која во зима е 1.5кв нема да може ни половина да те затопли од панелот.
Иако јас сум сигурен дека панелот работи пали гаси во текот на тие 8 часа и не троши постојано.
Јас реков дека доволен е но не е ефикасен... тоа значи дека одлично топли но потрошувачката му е голема, незнам како слушна дека не ме топлел. 9000 бту клима може да произведе топлина и до 3,5 - 3,8 кв тоа е скоро дупло повеќе од панелот, но за производство на таа топлина користи (инвертира) 1,5 кв максимум(а просечно 0,7 - 0,8 кв) тоа е дупло помалку од панелот. Не држи таа теза..
 
Член од
8 ноември 2017
Мислења
2.532
Поени од реакции
2.828
Почитувани, во спална соба со големина 17м2 и висина 2,65м сакам да наместам инвертер. Битно е да може во ладни денови да одружува помеѓу 15 до 18 степени топлина и да е тивка. Изолацијата ми е одлична (10см стиропор) со еден отвор двокрилна врата со солидно стакло и собата е на северна страна како и позицијата на надворешната единица. Планот ми е со тајмер климата да се уклучува во 23 часот, а со тајмер да се исклучува во 7 утрото.
Прашањата:
1. Со моето скромно познавање потребна е 9000 бту клима. Зошто сите продавачи велат за ситно земи си 12000 бту? (сметам дека 12к би била побучна и по неекономична, незнам дали сум во право?)
2. Не преферирам бренд или модел, меѓутоа од ова што го гледам од понудата пулар еко 9000бту е 20990 денари и до моментов е адекватна на мојата потреба, сакам да го прашам форумот што би направил и која е подобра алтернатива?
3. Како информација + детската соба која се граничи со ѕид до спалната исто така ќе треба да ја решам со греење, дали има некаква опција (пр. мулти сплит систем) за која вреди да размислувам сега или да си местам единечни системи засебен во спална, засебен во детската?
Фала ви за консултациите предвремено
Mislam deka razmisluvanjeto za Pular ti e OK.
Sto se odnesuva za drugata soba, stavi si isto edinecna, poeftina varijanta e.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Јас реков дека доволен е но не е ефикасен... тоа значи дека одлично топли но потрошувачката му е голема, незнам како слушна дека не ме топлел. 9000 бту клима може да произведе топлина и до 3,5 - 3,8 кв тоа е скоро дупло повеќе од панелот, но за производство на таа топлина користи (инвертира) 1,5 кв максимум(а просечно 0,7 - 0,8 кв) тоа е дупло помалку од панелот. Не држи таа теза..

Иако се залагам за клима уреди, би ти реплицирал.
Гарант панелката не троши 8 часа.
Најмногу 65% од времето гори со 2,5 кв. Со неа секогаш имаш 2,5 кв топлина без разлика од надворешната температура. Работи нечујно. Кошта БЕЗ ПАРИ бидејки ја поседуваш.
Добра клима која ќе ти испорача 2,5кв во ладно е околу 35 000 ,со монтажа, па и одржување 4-5 год.
За да загрееш или ќе работи 24/7 на најмала брзина, или нема да биде тивка. Ако ти смета, ќе се нервираш.
По мое искуство , треба да очекуваш 2,5 пати помалку да те кошта струјата со климата. Една клима рачунај да трае 12 год.
Ако грееш 4 месеци со панелката, по мое е 1200 денари, месечно, а со клима 500 ден. месечно, губиш 700 месечно. Или 3000 годишно. Еве ти 12- 13 години со исти пари.
Клима треба и да ја одржуваш, а и ќе лади, ако ти треба, ама тогаш екстра трошак со струја ќе праи.

Само со мерач на потрошувачка ќе знаеш колку троши ВО ЦЕЛА ГРЕЈНА СЕЗОНА
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2019
Мислења
10
Поени од реакции
11
Поздрав, Климава не кондензира
Имам 2 Клими Gree Fairy 3.5, монтирани пред 2 месеци
за Едниот не приметувам дека кондензира и да гледам дека капе вода кај конденз цревото. Кај дргуит најнормално капе при греење.

Дали знае некој дали е некој Дефект или све е нормално да не кондензира ?
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.862
Поени од реакции
10.832
Јас реков дека доволен е но не е ефикасен... тоа значи дека одлично топли но потрошувачката му е голема, незнам како слушна дека не ме топлел. 9000 бту клима може да произведе топлина и до 3,5 - 3,8 кв тоа е скоро дупло повеќе од панелот, но за производство на таа топлина користи (инвертира) 1,5 кв максимум(а просечно 0,7 - 0,8 кв) тоа е дупло помалку од панелот. Не држи таа теза..
Друже,по муабетов ти веќе решен си за клима! @НЕКОЈ има добра поента,ама изгледа ти само економичноста ја гледаш...
Не те разубедуваме,ете и ќе ти препорачаат некој модел.
Јас лично никогаш не би ставил клима во спална! Ај летно време и така и така,ама зимно време кога секое струење се осеќа како ладно,непријатно,ќе бучи,ќе пали-ќе гаси,ќе крцка... сто причини има.
А ти како сакаш.
Автоматски споено мислење:

Поздрав, Климава не кондензира
Имам 2 Клими Gree Fairy 3.5, монтирани пред 2 месеци
за Едниот не приметувам дека кондензира и да гледам дека капе вода кај конденз цревото. Кај дргуит најнормално капе при греење.

Дали знае некој дали е некој Дефект или све е нормално да не кондензира ?
Па не е нормално да кондензира на греење o_O
Ај види на сушење на воздух да не ти е ставена таа "исправната"?
 
Последно уредено:
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Поздрав, Климава не кондензира
Имам 2 Клими Gree Fairy 3.5, монтирани пред 2 месеци
за Едниот не приметувам дека кондензира и да гледам дека капе вода кај конденз цревото. Кај дргуит најнормално капе при греење.

Дали знае некој дали е некој Дефект или све е нормално да не кондензира ?

Не знам што подразбираш под " кондензира ". На кое црево мислиш.
Само на ладење или " сушење" климата капе од цревото што е споено со внатрешната. Надворешната , пушта вода- тече, само кога прави одмрзнување. Ама тоа е повремено, поретко или почесто , зависи од температура и влага надвор, најчесто околу + - 5 степени надворешна.
 
Член од
8 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
13
Stasa VOX klimata eve sliki od montaza za poveke rano e da zboram samo edna prevara ima od proizvoditelot ja pisuva so wi-fi redi i podarok modul a sega izleze deka nema kade dase prikluci wi-FI modulot
 
Attachments

Двете клими се на мод греење, кај едниот тече вода од цревото што доаѓа од лулето на надворешната а конденз цревото од внатрешната иде на олук.
А Кај другата клима не гледам воопшто да капе.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.724
Поени од реакции
4.114
Stasa VOX klimata eve sliki od montaza za poveke rano e da zboram samo edna prevara ima od proizvoditelot ja pisuva so wi-fi redi i podarok modul a sega izleze deka nema kade dase prikluci wi-FI modulot
Toa so wi-fi to nee vo red taka da se deklarira a vo realnost da nee.! Montazava ne izgleda za loso so toa sto nese izoliran bakarot do kraj
do kolendar,majstorite stedad 5 kruga od sirokiot pvc izolir...
Dali ti vakumiraa..?i ako si vo moznost watt metar i spodeli kako e pali/gasne/postignuva T,itn ...a vo vrska so wi.fi to razbaraj taa Vox ja proizveduva Aux
Автоматски споено мислење:

Двете клими се на мод греење, кај едниот тече вода од цревото што доаѓа од лулето на надворешната а конденз цревото од внатрешната иде на олук.
А Кај другата клима не гледам воопшто да капе.
Malce cudno.... Na razlicna pozicija se/mestopolozba...??kaj mene vcera koga vrnese kapea i 2te ama vlaznosta bese ogromna i toa kapejne e od vozduhot sto go smuka e vlazen po izmenuvac se isceduva vodata...
 
Член од
8 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
13
Toa so wi-fi to nee vo red taka da se deklarira a vo realnost da nee.! Montazava ne izgleda za loso so toa sto nese izoliran bakarot do kraj
do kolendar,majstorite stedad 5 kruga od sirokiot pvc izolir...
Dali ti vakumiraa..?i ako si vo moznost watt metar i spodeli kako e pali/gasne/postignuva T,itn ...a vo vrska so wi.fi to razbaraj taa Vox ja proizveduva Aux

Da ja vakumiraa no na 10 minuti za wi-fi prijaviv vo riversoft rekoa deka treba da ima i ke cekam odgovor utre dase slusnale so majstorot za potrosna nemam merac a veke ako e ista kluma so AUX poarno da zemev od nea barem ke zastedev 2000den za montaza no ima pa pomalku garancija i toa e.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Двете клими се на мод греење, кај едниот тече вода од цревото што доаѓа од лулето на надворешната а конденз цревото од внатрешната иде на олук.
А Кај другата клима не гледам воопшто да капе.

Извини пријател, ако не е како што пише претходниот колега, за мене е престеучно прашањето. Јас кај мојата клима не сум видел да капе, освен на дефрост. Не би можел стручно да ти одговорам.
Знам дека сите препорачуваат лулето да се извади, помалку ќе замрзнува во цревото, јас немам луле.
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.322
Поени од реакции
5.392
Stasa VOX klimata eve sliki od montaza za poveke rano e da zboram samo edna prevara ima od proizvoditelot ja pisuva so wi-fi redi i podarok modul a sega izleze deka nema kade dase prikluci wi-FI modulot
So zdravje da se sluzis dolgo da ja koristis klimata

Super izgleda montazata koja firma ti ja montirase ?
Inace okolu garancijata VOX dava 5 godini garancija a AUX dava 3 godini taka da podobro sto si kupil Vox klima
Sravi slika od dalecinskoto kakvo e vakvo li
 
Kajgana Shop

На врв Bottom