Ние сме библиска земја момчееее.... Дај бе место Филипче нека стават некој поп/оџа и да се комплетира циркузот.
Не те сваќам, ако со морбилите со 90% вакцинирани деца букнало, тогаш како би се истребил овој вирус? Свесен си дека за ковид треба да се среќни властиве ако 50 посто од луѓето ако се вакцинираат. Здрав човек нема да ја прими вакцинава ни по цена у затвор да иде.
Така да моли се да постои нешто такво како имунитет од кога ќе го прележиш, во комбинација со вакцина за постарите, зашто цел живот у страв ќе го поминеш како глушец.
Дај Боже сите со лесно да си го поминеме! А и за вакцина ако дојде ќе се вакцинирам,и онака сите ги имам примено...
Тоа колку другите ќе сакаат или нејќат вакцина нивно право. Ете имавме и случај да родители изгубат чедо од болест за која повеќе од пола век имаме вакцина(од 1957 ако не се лажам),затоа што биле.... ај ќе си премолчам....
Е сега да разјасниме нешто за Морбилите и зошто беше тешко да се стават под контрола.
За разлика од ковид19,тие се далеку по вирулентни! Доволно е да те погледне некој болен и ако не си вакциниран крај

И ти закачуваш! Се испостави и дека вакцинацијата била на многу пониско ниво отколку што се претпоставувало,а во некои општини и заедници дури и испод 50%! За толку вирулентен вирус потребно е ниво од 99,9% вакцинација за да се спречи,односно да се најде/дијогностицира нултиот пациент пред да зарази некој друг... Затоа и сите од бебиња до баби,дедовци се(сме) вакцинирани.
Ковидот за среќа не до толку вирулентен. Најчесто се пренесува преку капков пат во воздух,или поретко капка-раце-уста,нос,очи!
Затоа и прва одбрана е маска,дистанца,лична хигиена,дезинфекција.
Самото тоа е прва линија на одбрана.
Второ,доколку се развие имунитет(вакцина или прележување сеедно), дополнително ќе се намали коефициентот на трансмисија. Според некои проценки 60% би било некој минимум.Што значи тоа?
Секој ширач ќе налета на ѕид од имунизирани луѓе,и предострожни мерки од останатите. Во просек ќе успее да зарази помалку од еден човек. Најверојатно самиот ќе покаже симптоми и ќе биде изолиран пред воопшто да зарази некој. Доколку е асимптоматски нормално ќе има поголема шанса(повеќе време) да зарази еден до двајца нови... но кога тие ќе пројават симптоми лесно ќе стигнат до нултиот,па дури и новите да се асимптоматски,пак на ист принцип лесно може да се следи кластерот.
Со тек на време сите болни од ковид ќе бидат пронајдени(изолирани,излечени,умрени) и болеста ќе биде целосно под контрола.
Додуша сеуште ќе постои "увоз од надвор" на вирусот,но нема да се шири неконтролирано.