Дечки ајде help.
Неодамна купивме нова Indesit машина. Старата ни е од 2005 - та мислам, па редно беше да се подновиме, за во новиот стан.
Но сега има еден голем проблем, а тоа е што многу време треба да испере алишта, а да не зборам за плус сушење.
Го гледав и упатството, и претходно чинам на Седма или Осма програма перевме бидејки само тие програми подржуваат до 90C.
Алишта има бели и малку шарени (дали се 2 - 3)ама ќе се перат сега на бели.
Подолу имам слики од упатството, пералната и објаснувам:
Еве кои опции ги има. На третата програма која што е за маици, чорапи на 60C и треба дури 2 часа. А претходната перална што ја имавме не и требаше повеќе од саат ипол па дури и на 90 степени да испере дали бели, дали шарени алишта.
Седма и Осма програма се едини што поддржуваат перење до 90C. Ама тоа е за волна. Претходно перев на едно од овие програми, и испаднаа ОК алиштата ама беа малку згужвани (тоа изгледа од сушењето).
Подолу еве колку треба за седма и осма програма да испере:
Скоро 4 часа, а да не зборам со се сушење, едно 6 часа сигурно...
Еве го точно моделот на пералната:
А еве какви алишта има ставено:
Е сега за ова читав на интернет дека наводно новите перални така работеле, переле подолго бидејки помалце вода влечеле, некоја нова технологија, и дека тоа било сосема нормално.
Ама на мајка ми тоа не и се доаѓа, и нејќе да чека со часови да се исперат алиштата бидејки навикната е на старата перална за помалце од саат ипол переше без проблеми.
Дали јас правам некоја грешка овде или? Има чаре да се намали времето на перење? И дали ова што пере вака со часови ја зголемува потрошувачката на струја?
Ајде help xd, стварно луда работа 4 часа перење па уште 2 да исуши убаво...
Edit:
Заборавив да напоменам, пералната е монтирана според упатството како што треба. Доводот и одводот се исто така поврзани како што треба, и вентилот е отворен да има проток на вода.