TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.405
- Поени од реакции
- 29.797
Маска на отворено на пример во парк, или таму каде што има доволно растојание не ми држи вода. Секој човек со свест и совест ќе стави маска каде што треба и ќе одржува растојание. Но повеќето и тоа не го прават, ниту ќе го прават. Си дишат во врат, без покриен нос и во најголема гужва. Оваа мерка нема да даде никаков бенефит.
Забрана за групирање по 22 часот. Кој ќе го исконтролира тоа на ниво на цела држава....немаме толку ресурси. Друга небулоза е во угостителски објект седи до 23 часот, слободно без маска....нема логика. Со еден збор слободно е се во текот на денот, групирање може и по 500 души, ама после 22 часот не. Ниту ова нема да вроди со плод.
Додека се носат половични мерки, една многу важна работа се пропушта......границата со Косово е отворена, и ќе остане отворена макар и 10000 дневно да имаме.
Се додека сме со половични мерки и двоаршински игри ќе врие од вирусов во државава.
А министерот вели „Граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.”
Сакаат ем волкот сит, ем овците на број........не може. Економија се одржува и се гради со здрав народ. Здрав народ, здрава економија. Болен народ, болна економија. Просто.
Секојдневно веќе извесен период броиме над 30% позитивни од тестираните, и сеуште се надеваат дека со апелирање и со половични мерки ќе го намалат ширењето на вирусот? Очајно.
Додека "глупавите држави" кои имаат болнички капацитети и медицински кадар за разлика од нас што немаме ништо....спроведуваат поригорозни мерки, ние тука си играме дрндупки.