Значи многи сме малери нема што
Аврам Грант: Челзи може повторно да стигне до финалето од ЛШ
Поранешниот менаџер на Челзи, Аврам Гранат вели дека Сините имаат се што е потребно за и оваа сезона да бидат дел од финалето на Лигата на Шампионите
Иако Аврам Грант со Челзи лани стигна до второто место во Премиер Лигата и финале во Лигата на Шампионите кое го загубија откако Џон Тери се лизна при изведувањето на пеналот, на крајот од сезоната зарботи отказ и на негово место дојде Луис Фелипе Сколари. Бразилецот едвај успеа пола сезона на кормилото на Стемфорд Бриџ и на негово место до крајот на сезоната како привремен менаџер беше назначен Гус Хидинк.
Под водство на Холанѓанецот, Сините повторно прикажуваат добра игра и Грант верува дека тие оваа сезона можат повторно да стигнат во финалето на ЛШ:
“Мислам дека Челзи може да биде во финалето од Лигата на Шампионите повторно оваа година.” – рече Грант.
“Потребна ви е среќа и многу други работи за ова да стане реалност, но тие го имаа потребниот талент за да го сторат тоа а јас знам дека ја имаат и потребната желба.”
“Ги видов лицата на играчите во соблекувалната по поразот од Јунајтед во финалето. Тие беа многу повредени и јас тогаш им кажав дека тие ќе се вратат и ќе го освојат овој трофеј. Можно е тоа да е оваа година.”
“Најдобрите тимови во Европа се блиску еден до друг кога е во прашање талентот, па во оваа фаза од Лигата на Шампионите победникот се решава со помош на други квалитети.”
“Потребен е прав ментален пристап и многу искуство. Челзи ги има и двата квалитети и затоа мислам дека ќе успеат.”
Грант потоа продолжи да говори за времето кога доби отказ: “Многу луѓе ме прашаа дали ќе бев менаџер на Челзи доколку Тери погодеше но никогаш нема да го знаеме одоговорот на тоа прашање.”
“Јас сакав да продолжам со Челзи но тоа сеге е завршено и нема потреба да се грижам за тоа.”
“Потребно е да се прифатат одредени одлуки во животот и не гледам наназад со жалење. Имав одлично време поминато во Челзи и тие спомени ќе бидат дел од мене, но бев многу разочаран кога тие побараа од мена да се повлечам иако успеавме многу.”
“Мојата сопруга пред некој ден ми кажа дека Гус Хидинк ќе биде херој доколку Челзи влезе во финалето од Лигата на Шампионите и го освои второто место во Премиер Лигата, но тоа не беше доволно за јас да остана.”
“Покрај тоа, таа е секогаш во право!”
Гус Хидинк: Лапмард е извонреден фудбалер
Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк имаше многу пофални зборови за Френк Лампард, опишувајќи го како најдобриот играч од средниот ред со кого соработувал
Холанѓанецот за време на својата клубска и репрезентавивна кариера има тренирано многу големи играчи, но чуствува дека ѕвездата на Англија, Лампард е шлагот на тортата. “Тој има извонреден карактер.” – рече Хидинк. “Го знаев и пред да дојдам тука, но по работењето со него мојот почит порасна уште повеќе.”
“Во тимот на Холандија од 98 имавме многу добри играчи од средниот ред но тој е на врвот.”
“Френк е способен да игра во централниот дел на средниот ред но исто и како офанзивен играч во редот за врска.”
“Неверојатно колку добри перформанси прикажува.”
Чех не се откажува од титулата
Голманот на Челзи, Петр Чех верува дека тие сеуште имаат шанси во трката за титуал во Премиер Лигата
Сините го задржаа чекорот со водечкото дуо Манчестер Јунајтед и Ливерпул по победата од 2-0 на Њукасл. Челзи има заостанување од четири бода во однос на Јунајтед и натпревар повеќе од актуелниот шампион, но Чех одбива да се откаже од битката за титула во Премиер Лигата.
“Се додека постојат математички шанси (за освојување на титулата), ќе се бориме за да ја освоиме.” – рече Чех за официјалната страна на клубот.
Интернационалецот од Чешка исто така е среќен што успеа да ја сочува мрежата на дуелот со Њукасл и да го продолжи сонот за титула.
“Секој пат кога ќе ја сочувате мрежата се чуствувате среќно. Особено на натпревар против Њукасл каде што секогаш било тешко за играње.”
“Се справивме со натпреварот на најдобар можен начин. Немав премногу работа за време на натпреварот но имаше некој опасни додавања. Сите ги фатив па имам голема самодоверба.”
Чех чуствува дека победата е добра подготовка на Челзи за дуелот со Ливерпул од четврт-финалето во Лигата на Шампионите.
“Секогаш е добро кога со победа ќе се пречека ваков важен дуел. Успеавме во тоа па заота ќе одиме на следниот натпревар во добро расположение.”
Еве еден оптимист во Челзи.