Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Значи многи сме малери нема што:tapp:

Аврам Грант: Челзи може повторно да стигне до финалето од ЛШ
Поранешниот менаџер на Челзи, Аврам Гранат вели дека Сините имаат се што е потребно за и оваа сезона да бидат дел од финалето на Лигата на Шампионите
Иако Аврам Грант со Челзи лани стигна до второто место во Премиер Лигата и финале во Лигата на Шампионите кое го загубија откако Џон Тери се лизна при изведувањето на пеналот, на крајот од сезоната зарботи отказ и на негово место дојде Луис Фелипе Сколари. Бразилецот едвај успеа пола сезона на кормилото на Стемфорд Бриџ и на негово место до крајот на сезоната како привремен менаџер беше назначен Гус Хидинк.
Под водство на Холанѓанецот, Сините повторно прикажуваат добра игра и Грант верува дека тие оваа сезона можат повторно да стигнат во финалето на ЛШ:
“Мислам дека Челзи може да биде во финалето од Лигата на Шампионите повторно оваа година.” – рече Грант.
“Потребна ви е среќа и многу други работи за ова да стане реалност, но тие го имаа потребниот талент за да го сторат тоа а јас знам дека ја имаат и потребната желба.”
“Ги видов лицата на играчите во соблекувалната по поразот од Јунајтед во финалето. Тие беа многу повредени и јас тогаш им кажав дека тие ќе се вратат и ќе го освојат овој трофеј. Можно е тоа да е оваа година.”
“Најдобрите тимови во Европа се блиску еден до друг кога е во прашање талентот, па во оваа фаза од Лигата на Шампионите победникот се решава со помош на други квалитети.”
“Потребен е прав ментален пристап и многу искуство. Челзи ги има и двата квалитети и затоа мислам дека ќе успеат.”
Грант потоа продолжи да говори за времето кога доби отказ: “Многу луѓе ме прашаа дали ќе бев менаџер на Челзи доколку Тери погодеше но никогаш нема да го знаеме одоговорот на тоа прашање.”
“Јас сакав да продолжам со Челзи но тоа сеге е завршено и нема потреба да се грижам за тоа.”
“Потребно е да се прифатат одредени одлуки во животот и не гледам наназад со жалење. Имав одлично време поминато во Челзи и тие спомени ќе бидат дел од мене, но бев многу разочаран кога тие побараа од мена да се повлечам иако успеавме многу.”
“Мојата сопруга пред некој ден ми кажа дека Гус Хидинк ќе биде херој доколку Челзи влезе во финалето од Лигата на Шампионите и го освои второто место во Премиер Лигата, но тоа не беше доволно за јас да остана.”
“Покрај тоа, таа е секогаш во право!”

Гус Хидинк: Лапмард е извонреден фудбалер
Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк имаше многу пофални зборови за Френк Лампард, опишувајќи го како најдобриот играч од средниот ред со кого соработувал
Холанѓанецот за време на својата клубска и репрезентавивна кариера има тренирано многу големи играчи, но чуствува дека ѕвездата на Англија, Лампард е шлагот на тортата. “Тој има извонреден карактер.” – рече Хидинк. “Го знаев и пред да дојдам тука, но по работењето со него мојот почит порасна уште повеќе.”
“Во тимот на Холандија од 98 имавме многу добри играчи од средниот ред но тој е на врвот.”
“Френк е способен да игра во централниот дел на средниот ред но исто и како офанзивен играч во редот за врска.”
“Неверојатно колку добри перформанси прикажува.”


Чех не се откажува од титулата
Голманот на Челзи, Петр Чех верува дека тие сеуште имаат шанси во трката за титуал во Премиер Лигата
Сините го задржаа чекорот со водечкото дуо Манчестер Јунајтед и Ливерпул по победата од 2-0 на Њукасл. Челзи има заостанување од четири бода во однос на Јунајтед и натпревар повеќе од актуелниот шампион, но Чех одбива да се откаже од битката за титула во Премиер Лигата.
“Се додека постојат математички шанси (за освојување на титулата), ќе се бориме за да ја освоиме.” – рече Чех за официјалната страна на клубот.
Интернационалецот од Чешка исто така е среќен што успеа да ја сочува мрежата на дуелот со Њукасл и да го продолжи сонот за титула.
“Секој пат кога ќе ја сочувате мрежата се чуствувате среќно. Особено на натпревар против Њукасл каде што секогаш било тешко за играње.”
“Се справивме со натпреварот на најдобар можен начин. Немав премногу работа за време на натпреварот но имаше некој опасни додавања. Сите ги фатив па имам голема самодоверба.”
Чех чуствува дека победата е добра подготовка на Челзи за дуелот со Ливерпул од четврт-финалето во Лигата на Шампионите.
“Секогаш е добро кога со победа ќе се пречека ваков важен дуел. Успеавме во тоа па заота ќе одиме на следниот натпревар во добро расположение.”


Еве еден оптимист во Челзи. :)
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Абе ај?! :smir:
Без еден Рајт-Филипс? Џо Кол е повреден, Бриџ и Шевченко ги нема на клупа, исто и Пизаро. Само на десен бек сме поарни него лани, со Босингва. Плус сите „пензионери“ се една година постари.
Зато Сколари ме бендисуваше, резултат се брка, ама не Дрогба, влегуваат Ди Санот и Сточ. А само видете ја шансата шо сам си ја создаде и ако не беше блокиран шо гол ќе даеше... Солидни младинци се гушат во Челзи, ама то е ко нема тренер и ко Абрамович не знај шо сака.
За бодовната разлика и не зборувам, цело време бевме на -3 од Манчестер + натпревар на Стемфорд кој го добивме.



Да победиш ко ќе имаш негатива, макар и на десет минути до крајо; да победиш без игра; да се мачиш да пробијаш бункер ама да успејш, макар и во 95 од 94 минути.....то се карактеристики на шампионски состави. Челзи такво нешто НЕМА(ШЕ) сезонава, баш спротивно, Челзи играше солидно и против Њукасл на Стемфорд, Хул, Арсенал...ама не успеа победи. Па да не зборувам за Ливерпул кој тактички не прегази, Манчестер на Олд Трафорд. Од ко дојде Хидинк такво нешто имавме против Портсмут на гости, искрено и со Њукасл некни. И толку. Епа малку е, не можи цела сезона да се прегазуваат противниците, немаме меси(ја) ние.

Во превод, никош не сум рекол „дрва се, појма немаат...“ сезонава (освен после Олд Трафорд малку), нема титула, не знајме да играме...пошто не е така, баш со Сколари имаше игра, ама јалова, без резултат (од ноемри наваму то). Арно ама, нема шампионски карактер, можеби од толку поединци кои го имаат, тимскиот се губи.

ЛШ е друга прикаска, треба и среќа (доста среќа), не мора ни фантастична игра, моментална инспирација на една „ѕвезда“..... :je:
Па гледајте реално, тоа е шанса, ПЛ е завршена од Олд Трафорд 99%, од Вајт Харт Лејн и 100%, барем за титулата.




Исто и во Иран еднаш беше така...:vozbud:


Дрогба и со штаки ќе игра ако треба! :toe:
Босингва не знам, а ја и не би го играл искрено.
Друго за Ливерпул да кажам, ако Лампард е неутрализиран, ни се еба играта. Само ко шо реков, во вакви дуели не решева само играта.

Глејте го Аврамчо шо вели:
“Мојата сопруга пред некој ден ми кажа дека Гус Хидинк ќе биде херој доколку Челзи влезе во финалето од Лигата на Шампионите и го освои второто место во Премиер Лигата, но тоа не беше доволно за јас да остана.”

Не бе еврејчо, не бе, Хидинк (ќе) е херој само со освоена ЛШ. Макар и во ПЛ освоил само 4 место. Титулите се бројат бе Аврамчо, титулите...:toe:

СЕКОЈ РЕЗУЛТАТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ОСВЕН ТИТУЛА Е НЕУСПЕХ!!!

П.С.: Титула во ФА Купот можи да биди „олеснителна околност“.
Не би рекол баш. Имавме -15 од Арсенал и -8/9 (или повеќе не знам баш точно) од Манчестер. Ама не знаевме за пораз и затоа дојдовме да се бориме за титула во последно коло (ако го заборавиме срамот од Виган во 94 минута).
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Абе јас ви реков вчера, фудбал се игра до крај!

Е сеа шо тепаат неколку утакмици во 90+ тоа е друго, и не е нивна вина тие играат да победат а пошо има некои глупави екипи (меѓу нив е и Челси искрено кажано) Манчестер ќе си освојуваат бодови:toe:
Ние кога губевме бодови со Хал и Њукасл, Манчестер полека полека гол по гол си го полнеа салдото...
Кога незнаеше Абрамович шо сака, Фергусон знаеше. Таа е реалната слика
Сеа ќе им честитам во Фан Клуб Манчестер Јунајтед затоа што заслужија да бидат шампиони во ЛШ...


Даворе еве сега и мене ме стај во оној твојон клуб, на песимисти ли како го нарековме...
ПЛ, грешка...

Освен Дрогба и Босингва имате ли инфо за други повредени или неизвесни фудбалери?
 
В

Вори

Гостин
Босингва да игра би било добро.Иванович слабо игра по десна стррана и спор е.Бабел,Бенајун или Риера ке му го извадат паметот.Затоа да се молиме Жосе да игра.А,да се молиме и за Дрогба,дека знаеме кој е лекот за Лузерпул!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Босингва да игра би било добро.Иванович слабо игра по десна стррана и спор е.Бабел,Бенајун или Риера ке му го извадат паметот.Затоа да се молиме Жосе да игра.А,да се молиме и за Дрогба,дека знаеме кој е лекот за Лузерпул!
Ја мислам дека битно е да се одбраниме првата утакмица, да не загубиме.
Балак,Деко и Лапмард у среден ред да се умртви играта, само со 1 шпиц, одбрана стандард... :toe:


П.С. Даворе абе шо вака ти со тој аватар ?
 
В

Вори

Гостин
Микел задњи везник,Есиен и Лампард пред него,оваа ни е најдобар среден ред ако играме со тројца,ако играме со уште еден тогаш треба Балак да го уфрлиме да сече со Микел и да ги умртвиме.
Иначе изгубив кладба со Мастер и сеа мора да носам ваков аватар.Фала Богу што не е од Ливерпул.
 
F

fantomX

Гостин
Не би рекол баш. Имавме -15 од Арсенал и -8/9 (или повеќе не знам баш точно) од Манчестер. Ама не знаевме за пораз и затоа дојдовме да се бориме за титула во последно коло (ако го заборавиме срамот од Виган во 94 минута).
Мал лапсус имам, мислев за овај период, финишо на сезоната. :smir:
А за пред то, Арсенал се префорсира без соодветни замени, годинава од Ливерпул и особено од Манчестер такво нешто не можиме да очекуваме. Плус и нашата клупа е доста потанка од лани ко шо реков прееска.

Босингва да игра би било добро.Иванович слабо игра по десна стррана и спор е.Бабел,Бенајун или Риера ке му го извадат паметот.Затоа да се молиме Жосе да игра.А,да се молиме и за Дрогба,дека знаеме кој е лекот за Лузерпул!
Баш мислев, и не ми текна на Банета. Босингва шо ако е брз, појќе од 5 пробиви не би имал. Сепак шах се игра, со 11 фигури. А во дефанзива не се покажа како најсигурен псотив најдобрите. Банета во отсуство на Фереира токмако е добра солуција. Бабел, Бенајун или кој и да е....ќе биди „собран“ од Иванович со или без фаул уште пред да почни да дрибла. А рековме, шах...

Ја мислам дека битно е да се одбраниме првата утакмица, да не загубиме.
Балак,Деко и Лапмард у среден ред да се умртви играта, само со 1 шпиц, одбрана стандард... :toe:
П.С. Даворе абе шо вака ти со тој аватар ?
Со еден шпиц, не така, и Дрогба и Анелка напред, а Анелка да ора насекаде како и секош (од лево до десно крило, преку средината...и во шпицот).

Средината со тие тројца плус Оби Микел за подефанзивно, или Калу за поофанзивно. Малуда и Есиен се тука секако, али за нив не сум сигурен баш, сепак нека останат како дополнителни можности.

Мое мислење. :smir:
 
В

Вори

Гостин
Ако не игра Дрогба напад,тогаш Анелка,Калу и Лампард може полушпиц.Малуда никако живци ке ми кине!
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Јас мислам дека во средината сигурно ќе играт Лампард, Есиен и Балак. А и мислам дека Хидинк нема да постави тактика за да се брани, туку ќе нападне уше почетокот. А во нападот тогаш треба да ги пушти Деко, Дрогба и Анелка, доколку веќе реши да нападне уше почетокот.
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Аманте бре луѓе, каков Деко барате?!? Ако веќе до толку е зорт да не се стави Калу, нека го стави Сточ (или Штох, како и да е)! Ако е пријавен во ЛШ.

Или Ди Санто. Тој е 100 пати подобра одлука од Деко! Барем според мене.

На крај краева, ќе видиме што ќе смисли Хидинк...
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Босингва да игра би било добро.Иванович слабо игра по десна стррана и спор е.Бабел,Бенајун или Риера ке му го извадат паметот.Затоа да се молиме Жосе да игра.А,да се молиме и за Дрогба,дека знаеме кој е лекот за Лузерпул!
Точно(како шо пишав и некни, Ивановиќ не може да продуцира брза контра по десната страна - тој од класичен дефанзивец не може да биди ништо повеќе)

мислам дека Гус треба да испроба во одбрана со Есиен крило + и брз е човекот знае да повлече контра, и нема да му биди ништо ново да игра на таа позиција. Најпаметно е сега да се одиграа таа варијанта, а со Микел како везни-дефанзивец и Балак и Лампард во средина.... во напад Анелка со крила Ди Санто по лева и Калу или Деко десно (секако, ова во случај да не игра Дрогба)
а стварно ќе биди голем хендикеп ако го немаме Ѕверот во тимот :uvo:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Па што не го клава Белети десен бек ?
 

Blaster

Sex, Drugs & Rock'n'Roll
Член од
9 ноември 2008
Мислења
1.742
Поени од реакции
44
Како што е општо познато, кога игра Белети или даваме или примаме гол по негова вина. Прошлиот пат и дадовме и примивме гол (пеналот со Јуве). Пред тоа мислам дека дадовме, па на ред е да примиме. Затоа мислам дека не треба да го играме него :smir:

Која филозофија ја извадив еј. :pos2:
Инаку ми се свиѓа идејата Есиен да биде десно во одбрана, Микел Лампард и Балак средина, крила Ди Санто и Калу (можеби Малуда) и Анелка напад.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Како што е општо познато, кога игра Белети или даваме или примаме гол по негова вина. Прошлиот пат и дадовме и примивме гол (пеналот со Јуве). Пред тоа мислам дека дадовме, па на ред е да примиме. Затоа мислам дека не треба да го играме него :smir:

Која филозофија ја извадив еј. :pos2:
Инаку ми се свиѓа идејата Есиен да биде десно во одбрана, Микел Лампард и Балак средина, крила Ди Санто и Калу (можеби Малуда) и Анелка напад.
Тоа е победничкиот тим.... ВЕРУВАЈТЕ.....:vozbud::vozbud:
:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom