Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.879
Поени од реакции
10.406
Германија од наредната недела најверојатно цел месец во локдаун. Мерките исти како од пролетта, затворени ресторани, хотели, кина, теретани, театри, бордели, итн. итн., најверојатно се освен маркети, школи, градинки и (се надевам) фризери. Истите срања со членови од фамилија надвор и слично. Ново е задолжителното носење маска дури и на отворено во делови на градот кајшто има повеќе движење (иако сега кога се ќе се затвори тешко некој во ноември да се движи низ центар), ова засега зависи од местото на живеење (секоја сојузна влада одлучува за себе) и од бројката на нови заразени на 100.000 жители последните 7 денови. Кај мене скокна овој број над 50 и тука веќе си во црвена категорија и важат овие мерки за маска на отворено итн.

Фирмите што ќе затворат сега месецов ќе добијат од 70 до 75% од минатогодишниот профит за истиот месец оштета од државата. 7 до 10 милјарди за еден месец локдаун. Ако ова не помогне имаат други алтернативи како целосен локдаун и целосно затворање граници како што имаше Италија и Шпанија и сл. Изгледа нема План Б, ова ќе е стратегијата се додека не почнат со вакцинирање. Еден месец делумна слобода, наредниот месец ниту делумна слобода и се така. It is what it is :toe:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Читам Вело Марковски бара оставка од Филипче. :lolzz:Не ја мирисам сегашнава влада воопшто....тоа да биде на чисто.
Но како може Вело кој сакаше Шведски модел уште многу поодамна, поттикнуваше на тоа дека маски не ни требаат и тресеше ред други глупости......да критикува и да бара оставка од Филипче поради големата смртност....нашол кој да бара оставка.
Страшно големо лицемерие, без ронка срам, кое веќе преоѓа во лудост.....се е сведено чисто на политика и само политика.
Гитла со таа ваша политика, се утепавте борејќи се едни со други по политички поени, на чива сметка? На сметка на народот. Марш сите во ќош, неспособни и едни и други.....аздисани за моќ, пари.....на никој не му е гајле за народот.

 
Последно уредено:
Член од
13 август 2013
Мислења
1.062
Поени од реакции
2.071
@gigovit kako si ja zamisluvas smrtta od korona, kako smrt od kaslica? Objasni, stvarno me interesira.
Мене па баш ме занима како ТИ ја замислуваш смртта од корона. Дај објасни, мене уште повеќе ме занима, еве не се слагаш ваљда со мојот поглед на тоа поле. Дај стварно објасни еве и на мене и на сите други како се разболува, кои се симптомите и од што умира болен од корона. Колку трае болеста и други ситни детали ако ти се познати. Ајде да расчистиме конечно што е што. Повели.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.479
Поени од реакции
31.023
Мене па баш ме занима како ТИ ја замислуваш смртта од корона. Дај објасни, мене уште повеќе ме занима, еве не се слагаш ваљда со мојот поглед на тоа поле. Дај стварно објасни еве и на мене и на сите други како се разболува, кои се симптомите и од што умира болен од корона. Колку трае болеста и други ситни детали ако ти се познати. Ајде да расчистиме конечно што е што. Повели.
8 meseca sme so virusov zaglaveni, i planiras da povtoruvam nesto so sekoj den se pisuva?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.415
Поени од реакции
18.578
Читам Вело Марковски бара оставка од Филипче. :lolzz:Не ја мирисам сегашнава влада воопшто....тоа да биде на чисто.
Но како може Вело кој сакаше Шведски модел уште многу поодамна, поттикнуваше на тоа дека маски не ни требаат и тресеше ред други глупости......да критикува и да бара оставка од Филипче поради големата смртност....нашол кој да бара оставка.
Страшно големо лицемерие, без ронка срам, кое веќе преоѓа во лудост.....се е сведено чисто на политика и само политика.
Гитла со таа ваша политика, се утепавте борејќи се едни со други по политички поени, на чива сметка? На сметка на народот. Марш сите во ќош, неспособни и едни и други.....аздисани за моќ, пари.....на никој не му е гајле за народот.

Нема ништо во напишаното различно од тоа што го тврдеше и претходно. Прочитај го тоа што го напишал.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.188
Поени од реакции
3.434
Читам Вело Марковски бара оставка од Филипче. :lolzz:Не ја мирисам сегашнава влада воопшто....тоа да биде на чисто.
Но како може Вело кој сакаше Шведски модел уште многу поодамна, поттикнуваше на тоа дека маски не ни требаат и тресеше ред други глупости......да критикува и да бара оставка од Филипче поради големата смртност....нашол кој да бара оставка.
Страшно големо лицемерие, без ронка срам, кое веќе преоѓа во лудост.....се е сведено чисто на политика и само политика.
Гитла со таа ваша политика, се утепавте борејќи се едни со други по политички поени, на чива сметка? На сметка на народот. Марш сите во ќош, неспособни и едни и други.....аздисани за моќ, пари.....на никој не му е гајле за народот.

Швеганите никако да умрат толку колку што Кајгана експертите сакаа :toe:


До средината на овој месец кај нив си е супер, а и понатаму не очекувам нешто драстично да се смени, по првичниот шок во април во кој им ги истепа пензионерите по пензионерските домови, за кој и главниот епидемиолог кажа дека згрешиле, а нашите неписмени медиуми известија дека комплетно ја утнале стратегијата (грешка во преводот за плашење на народот).

Значи само таква стратегија му е мајката, еден месец (па еве и два нека бидат) ќе се мачиме сите, ама после се ќе си биде нормално, вака мачењето трае со месеци и пак нема резултати.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.062
Поени од реакции
2.071
8 meseca sme so virusov zaglaveni, i planiras da povtoruvam nesto so sekoj den se pisuva?
Се пишува све и свашта. Ова не е одговор туку криење под фустан. Пиши како што мислиш и ти гарантирам дека една реченица нема да напишеш точна. Ќе те демантирам во секој збор. Повели, пиши да се соочиме.
Автоматски споено мислење:

Како си ги треснуваш бројките 2000-3000 умирале од грип секоја година глупости. Имаш некој доказ или така си ја лупна бројката?
Земи пример за 2019 имаше на вести и по сите медиуми заради тоа што починале само 28 луѓе од грип и тоа за цела сезона. Летото да претпоставиме по 5-10 да се дали и толку. На крај од година вкупно би ти дошло околу 50-100 што починале од грип.
Значи има разлика конкретно во Македонија на починати помеѓу Ковид и грип.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Зошто си сигурен во тие податоци. Лани има починато 20.000 и велиш има само 28 од грип. Дали тие останати 19.972 биле тестирани со ПЦР ТЕСТ за грип, кој еве постои и за него. Дали и тие 28 биле тестирани. Како утврдиле дека баш тие 28 умреле од грип и никој друг од останатите 19.972. Дали болниците биле празни и немало гужви на инфективна, не биле полни болничките кревети.
Како ти ќе кажеш дека некој умрел од грип, ако не според клиничката слика на пациентот и развојот на болеста. Или тие се постмортално тестирани со ПЦР тест и се заведени како починати од грип. Дај објасни зошто си сигурен во тоа спрема тоа како денес се води статистика.
Сакате да се чаламите, а бегате од дискусија.
 
Последно уредено:
B

Beginner

Гостин
Се пишува све и свашта. Ова не е одговор туку криење под фустан. Пиши како што мислиш и ти гарантирам дека една реченица нема да напишеш точна. Ќе те демантирам во секој збор. Повели, пиши да се соочиме.
Автоматски споено мислење:


Зошто си сигурен во тие податоци. Лани има починато 20.000 и велиш има само 28 од грип. Дали тие останати 19.972 биле тестирани со ПЦР ТЕСТ за грип, кој еве постои и за него. Дали и тие 28 биле тестирани. Како утврдиле дека баш тие 28 умреле од грип и никој друг од останатите 19.972. Дали болниците биле празни и немало гужви на инфективна, не биле полни болничките кревети.
Како ти ќе кажеш дека некој умрел од грип, ако не според клиничката слика на пациентот и развојот на болеста. Или тие се постмортално тестирани со ПЦР тест и се заведени како починати од грип. Дај објасни зошто си сигурен во тоа спрема тоа како денес се води статистика.
Сакате да се чаламите, а бегате од дискусија.
Што го направи ти грипот поопасен од корона. Луѓе умирале и умираат од тешки болести, старост,сообраќајки. Грипот има потврдена ниска смртност 0. (не ја знам точната бројка ама памтам почнуваше со 0.----)% затоа и верувам дека само тие 28 починале од грип. Не бива да бараш повеќе починати од грип на толку мала смртност. А за Короната смртноста во секоја држава варира.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.971
Швеганите никако да умрат толку колку што Кајгана експертите сакаа :toe:


До средината на овој месец кај нив си е супер, а и понатаму не очекувам нешто драстично да се смени, по првичниот шок во април во кој им ги истепа пензионерите по пензионерските домови, за кој и главниот епидемиолог кажа дека згрешиле, а нашите неписмени медиуми известија дека комплетно ја утнале стратегијата (грешка во преводот за плашење на народот).

Значи само таква стратегија му е мајката, еден месец (па еве и два нека бидат) ќе се мачиме сите, ама после се ќе си биде нормално, вака мачењето трае со месеци и пак нема резултати.
Апсолутно не е нормална ситуацијата во Шведска. Сум пишувал многу пати, имам роднини таму и не е дека си живеат најнормално. Да, не носат маски, ама си запазазуваат држење дистанца и освен младите, никој други не движат многу надвор. Да видиш како е усрана тетка ми во моментов. Пролетта и летото не ни веруваше дека има вирус, си шеташе најнормално, а сега кога немаат многу големи бројки на починати, се плаши до маркет да излезе. Не ги спасува тоа што направиле имунитет (дополнително, со ниту едни испитувања не покажаа дека го постигнале бараниот број на заразени пациенти за да достигнат „имунитет на стадо“), туку стравот и дисциплината им ја чува куќата. Братучетка ми прележа корона таму без да се тестира. Таму те тестираат ако си со многу изразени симптоми. Младите секако имаат мал процент на смртност, а они од 18 години добиваат шут карта за да си одат од дома, така да контактираат со најблиските колку што јас имам контакт со претседателот на Зимбабве.
Братучед ми е професор, долго време само он одеше во училиштето и им држеше часови онлајн на учениците. Ние и со било какви мерки, не функционираме толку претпазливо како нив, прекинете да се споредувате со скандинавци. Таму и најголемиот број на умрени се доселеници, кои живеат во гета. Тоа старците нивни куршум не ги бие, пливаат на -100 степени во тоа морето што мислев ќе му ја ампутираа ногата кога стапнав. Тетка ми ќе полни 81 година, поактивна е од другариве мои.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.971
Вадев податоци од ден за ден ко мрднат некој, ги извадив од 20 јуни до 26 октомври (заклучно денешните).
Деновиве кога ќе најдам слободно време, ќе го надополнам екселот :D
За периодот од 20 јуни до 26 октомври, податоците се следни:

Од 20 до 29 години: 6 починати
Од 30 до 39 години: 9 починати
Од 40 до 49 години: 40 починати
Од 50 до 59 години: 112 починати
Од 60 до 69 години: 236 починати
Од 70 до 79 години: 207 починати
Над 80 години: 98 починати

Просекот на возраста на починатите е околу 66 години, медијаната е 67 години.
Минатата година просечната возраст на починатите мажи била 71,6 години, а на жените 76 години. Не можев да најдам податоци со апсолутни бројки. Нема никакви податоци за останатите смртни случаи од годинава (неповрзани со корона).

И горниве податоци кој како сака може да ги толкува. Ако оние 15 починати под 40 години најверојатно имале некои посериозни болести, тогаш 152 починати лица од корона за околу 4 месеци, на лица кои се меѓу 40 и 60 години, воопшто не е мала бројка.
Океј, за наша употреба ги дособрав податоците за возраста на починатите пациенти од почетокот до 27 октомври.
Мака измачив за да ги соберам сите со гуглање за секој ден (особено на почетокот било каша попара во известувањето), но ми недостасуваат податоци за 10-тина пациенти за кои никаде не пишува на која возраст биле.
За 4 од нив е наведено дека се над 60 годишни, но нема прецизирано на која возраст се.
Резултатите се следни:

20 - години: 1 починат (некое бебе кое со хеликоптер го носеа за Швајцарија, ама заведено е кај нас)
20 - 30 години: 8 починати
30 - 40 години: 12 починати
40 - 50 години: 59 починати
50 - 60 години: 155 починати
60 - 70 години: 302 починати
70 - 80 години: 274 починати
80+ години: 127 починати
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Швеганите никако да умрат толку колку што Кајгана експертите сакаа :toe:
Ај што не умираат толку, не умираат. Но факт е дека од средината на јули имаат помалку починати (дневно) од Македонија. Последниве денови да ги прескокнеме (да не се шлогираме), кај нас постојано двоцифрен број, кај нив максимално 5. А тие се 10 милиони (ако не грешам).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.415
Поени од реакции
18.578
Апсолутно не е нормална ситуацијата во Шведска. Сум пишувал многу пати, имам роднини таму и не е дека си живеат најнормално. Да, не носат маски, ама си запазазуваат држење дистанца и освен младите, никој други не движат многу надвор. Да видиш како е усрана тетка ми во моментов. Пролетта и летото не ни веруваше дека има вирус, си шеташе најнормално, а сега кога немаат многу големи бројки на починати, се плаши до маркет да излезе. Не ги спасува тоа што направиле имунитет (дополнително, со ниту едни испитувања не покажаа дека го постигнале бараниот број на заразени пациенти за да достигнат „имунитет на стадо“), туку стравот и дисциплината им ја чува куќата. Братучетка ми прележа корона таму без да се тестира. Таму те тестираат ако си со многу изразени симптоми. Младите секако имаат мал процент на смртност, а они од 18 години добиваат шут карта за да си одат од дома, така да контактираат со најблиските колку што јас имам контакт со претседателот на Зимбабве.
Братучед ми е професор, долго време само он одеше во училиштето и им држеше часови онлајн на учениците. Ние и со било какви мерки, не функционираме толку претпазливо како нив, прекинете да се споредувате со скандинавци. Таму и најголемиот број на умрени се доселеници, кои живеат во гета. Тоа старците нивни куршум не ги бие, пливаат на -100 степени во тоа морето што мислев ќе му ја ампутираа ногата кога стапнав. Тетка ми ќе полни 81 година, поактивна е од другариве мои.
Чисто сумјам дека преку ноќ станаа дисциплинирани и ги намалија бројките 100 пати. Муабетот е дека они си ја погодија соодветната стратегија, а ние не. Дека нели се убедувавте тука дека нашите мерки биле соодветни за нас. Еве ги глеаме резултатите колку биле соодветни. Ги поебавме сите пари за карантин кога болниците беа празни, и сеа нема пари за нов кога болниците се пуни. Па сеа размислете дали Шведска или ние сме биле у право. Не размисли некој дека земјите од кој ги копираме мерките може да си дозволат уште 5 пати карантин да воведат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.411
Ај што не умираат толку, не умираат. Но факт е дека од средината на јули имаат помалку починати (дневно) од Македонија. Последниве денови да ги прескокнеме (да не се шлогираме), кај нас постојано двоцифрен број, кај нив максимално 5. А тие се 10 милиони (ако не грешам).
Aма тие слушаат, за разлика од нас. И кај нас да слушаше народот, бројот на мртви ќе беше во минус, ќе имавме по 5-6 воскреснати секој ден.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Океј, за наша употреба ги дособрав податоците за возраста на починатите пациенти од почетокот до 27 октомври.
Мака измачив за да ги соберам сите со гуглање за секој ден (особено на почетокот било каша попара во известувањето), но ми недостасуваат податоци за 10-тина пациенти за кои никаде не пишува на која возраст биле.
За 4 од нив е наведено дека се над 60 годишни, но нема прецизирано на која возраст се.
Резултатите се следни:

20 - години: 1 починат (некое бебе кое со хеликоптер го носеа за Швајцарија, ама заведено е кај нас)
20 - 30 години: 8 починати
30 - 40 години: 12 починати
40 - 50 години: 59 починати
50 - 60 години: 155 починати
60 - 70 години: 302 починати
70 - 80 години: 274 починати
80+ години: 127 починати
Многу работа си удрил. Единствено си ги извадил оние над 60 години (си ги поделил во три групи. Податоците (со мали отстапувања) се достапни на едно место.
- 10 години: 1 починати
10 - 20 години: 0 починати
20 - 30 години: 8 починати
30 - 40 години: 12 починати
40 - 50 години: 56 починати
50 - 60 години: 153 починати
60+ години: 689 починати
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.971
Чисто сумјам дека преку ноќ станаа дисциплинирани и ги намалија бројките 100 пати. Муабетот е дека они си ја погодија соодветната стратегија, а ние не. Дека нели се убедувавте тука дека нашите мерки биле соодветни за нас. Еве ги глеаме резултатите колку биле соодветни. Ги поебавме сите пари за карантин кога болниците беа празни, и сеа нема пари за нов кога болниците се пуни. Па сеа размислете дали Шведска или ние сме биле у право. Не размисли некој дека земјите од кој ги копираме мерките може да си дозволат уште 5 пати карантин да воведат.
Времето ќе покаже и они имаат затегнати мерки во најава.
Не ми беше целта да кажувам кој погодил стратегија, а кој не, туку да нагласам дека различен народ и култура си бараат различни мерки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom