Работна просторија е (канцеларија), 10 часови работно време, температура околу 20 степени, врата не се отвора многу 6-7 пати во цел ден.
Пример ако ја земам оваа:
Сетек | Сè од техника
setec.mk
и ја работам на максимум со 2000w, дневно би имал 10 x 2000w * 0.005 заокружено за 1W (ниска/висока микс) околу 100 денари дневно?
Јас до пред 4-5 год се греев со конвектор панел Thermor соба од 18m2 на приземје (ладен под)... не е премногу економичен поточно не е воопшто економичен за греење стамбен простор 24 часа, но ако се грее канцеларија 8-10 часа е добро решение особено ако не се плаќа индустриска струја! Брзо загрева тоа му е предност за канцеларии, значи за 10 мин ја добиваш саканата температура... И математиката баш не е ти е точна! Тој навистина троши 2kW на час, но има термостат и кога ја достигнува саканата топлина се исклучува (не троши воопшто), така да 2kW X 10h = 20kW ili 500кW месечно нема шанси да потрошиш.
Некогаш од досада некогаш од несоница наместо да бројам овци, броев минути ... телефонот во рака и као штоперица... па кога е вака на почеток на грејната сезона ке се уклучи термостатот ОN (се слуша) ќе топли 5-6 минути, па OFF се гаси и мирува 15-16 минути (додека собата ја има зададената температура) значи во полусезона на греење условно да кажеме 1/3 е активен а 2/3 исклучен, па како заладува така овие циклуси на ON и ОFF се доближуваат па во најстудениот период во годината дојде некаде (колку се сеќавам) пата-пата - пола време исклучен од термостатот пола активен, кај мене од прилика 6 мин грее/6мин е исклучен ...
Е сега ова е ептен паушално и индивидуално, зависи од многу фактори: каква изолација имаш (ја немам никаква), какви прозори, кој град си, колку е студено, колкав минус ќе фати зимово ... и на крајот на краиштата потребите од топлина јас сум греел на 22-23* на термометар, на најодалечена точка од него...и обично она вклучи-исклучи сум мерел околу или по полноќ, кога надворешната паѓа под нула... Во работното време кога ќе го користиш се разбира ќе биде повисока надворешната темп.... така да тоа е тоа! И дефинитивно мој предлог е Thermor (Francuski) панел конвектор за користење 10 часа греење во 4Х4...би требало да е добар и Atlantic (мислам дека и тие се француски конвектори)