Погрешни тези со кои го наведува населението да верува дека е така, да се самообвинуваме за ситуацијата. Во една од најсиромашните држави хронични болести се како добро утро, дури и за помлади. Тоа тешка форма е тралала муабет.
Делумно се согласувам затоа што триесет години гледам секојдневно какви се повеќето луѓе кои бараат лекарска помош кај нас.
Доаѓа со очигледен здравствен проблем на почеток, му се кажува смени животни навики, помалце стрес, повеќе активност да го анулираш истиот, остави цигари, алкохол -> Епилогот е ти дај ми ги апчињата на мене, препиши ми нешто Енапи, Клексани што и да е, еднаш се живее докторе, не сме роботи како на запад хехехехехее
Му викаш дојди на забар за недела дена да го средиме живецот или било што, ќе види дека нема болки, нема да дојде - Епилогот е ти ѕвони во 3 сабајле после 2 недели со уште една глава никната на него од оток - ДОКТОРЕЕЕЕ ПОМАГАЈЈЈ УМРЕВВ
Колку што не трујат со храна од Ш класа и труење со какви се не отрови, така и водењето сметка за здравјето кај нас е на ниско ниво.
Сите сакаат некакви си магични апови, некои терапии, ти кажуваат тебе што да им препишеш, кријат алергии и аномалии и потоа кога ќе се појави вакво некое срање, многу починати сме имале, па секој втор кај нас го има ова и тоа е поразителен факт.
Сфаќам дека некои премногу паничат со смртноста со коронава ама факт е дека не сме баш најздрава нација и дали е некој вид на дефанзивен механизам ама повеќето што ги имам приметено со хехенца на ФБ за коронава се оние што не вежбаа на физичко поради некоја срцева маана или во аптека на први трчаат по терапијата
