Јасно, фала на советот, ќе проверам колкава е разликата во цената за 8cm и 10 / 12cm стиропор.За цената не знам.
Јас би те запрашал дали можеш малку подебел стиропор да ставиш, посебно ако живееш во поладните предели од Македонија. Додуше и зависи и од што ти се изградени сегашните ѕидови.Барем уште 2 -4 сантиметри. Знам дека оптималната изолација си вреди секој денар.
Инаку, може мислење за следнава клима ?
TOSOT MUSE PREMIUM TWH12AFB-K6DNA5B по супер цена од 19.990 ден.
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 3 години
Мене ми треба за 14-15 квадрати соба, со таванска изолација тервол 10cm и 8cm(?) надворешна изолација стиропор, ПВЦ дограма.
Цената ми изгледа одлична за тие перформанси што ги пишува, но не знам дали навистина климите од Tosot се навистина " исти " или блиску до тие од Gree ?
Знае некој нешто подетално за Tosot климите ?
Последно уредено:
