Нудат, од пред некој месец. Како ќе излезе тоа, ќе видиме кога се ќе се врати во нормала.
После секој фидбек од клиент се реприотизира роудмапот. После секој рилис во поголем обем. Не секој ден, ама често. За ден до три ќе онборднеш дете од факултет?

Со среќа.
Ништо страшно во муабет за фудбал, жени, мажи или парфеми, напротив. Тоа го прави тимот поквалитетен на подолг период. Јас досега не сум сретнал фирма што го обесхрабрува.
Тоа не е клиент. Тоа се луѓе со кои секојдневно треба да соработуваш. Во нормален перформинг тим, сите девелопери имаат секојдневна комуникација (и формална и неформална) со ПМ/ПО. Клиент е крајниот корисник на апликацијата.
Не сум против работа од дома како опција, на некои луѓе им е корисна како опција. Фул тајм работа од дома е друг муабет, и ќе упропасти еден куп проекти на среден рок. Како што бројките веќе почнаа да покажуваат од септември наваму. Иако на почеток почна феноменално, затоа што на луѓето им беше ново, и еден куп менаџери видоа шанса за поголем бонус во намалување на трошоци за канцеларија.