- Член од
- 27 јули 2020
- Мислења
- 344
- Поени од реакции
- 567
- Возраст
- 62
Вие можете да се спротиставите на моето мислење,но не и на фактите што ги презентирам!
Едно исечено дрво значи десет нови засадени! И барем на хартија нашава држава засадува повеќе отколку што сече! Со закон сите шумски претпријатија се обврзани на тоа,а тоа е плански и контролирано од барем две други "независни тела"!
Запомнете дека дрвата се обновлив ресурс! Испуштаат кислород и врзуваат јаглерод! Тој процес е обратен кога горат,но други дрвја повторно го земаат јаглерод диоксидот и испуштаат кислород. Процес на врзани садови! Екологија!
Е сега овој кревок екосистем кај нас(како и поголемиот дел од светот) е нарушен со несразмерно поголема емисија на ЦО2 првенствено од фосилно потекло! Јаглен,нафта! Органски соединенија што спиеле под земја стотина милиони години.
Само види дека во државичкава се трошат преку милион тони нафтени деривати годишно!!! Додај го РЕК и се ќе ти стане јасно!
Дрвата што се горат не претставуваат ни 5% од вкупната емисија на ЦО2 ни на ПМ2.5-10 честички.
И каде во фактиве објаснувате дека глупости било да се заменува греењето на фосилни горива со топлотни пумпи.
Цело време објаснувате дека загадувањето доаѓа од фосилните горива. И пред да ми објасните дека струјата претежносе создава на фосилни горива, јас ќе ви одговорам дека не сте во право. Тоа важеше пред повеќе децении, а важи и во најнесовесните општества. Секаде се борат за производство на струја од обновливи еколошки извори, а кај нас некој за сеча на дрва се залага. Вие не сте ги виделе пустошењата на Македонските планини од шумската мафија.
Сами знаете дека во Скандинавија не размислуваат како вас.







ама жалам што тоа е вистинскиот термин,поинакво објаснување нема. Мора некој,а мене баш очи ми боде,да ги едуцира наново дека:ако кај нив не чури незначи дека еколошки се греат! Тие клими и топлотни пумпи не работат на:добра воља,виша сила или некаква магија! Работат на струја! А графиконот погоре(ете баш од ИЕА) убаво кажува од што иде таа струја и што се испушта во атмосферата за истата. Убаво кажува и што се не загадува во државава! Убаво кажува и кај се цврстите горива во тоа.