Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Не, мислам дека е многу попаметно како реакција на оваа вест е да ги затвориме сите граници утре, да ги затвориме сите фабрики, да го укинеме јавниот превоз, да купиме еден тон тоалетна хартија, неколку вреќи брашно и еден сандак масло, и да се скриеме под маса. Не е на одмет и едно кандило да чуваш дома.
Ja, без сарказам, би го направил све ова.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Озбилно толку е процентот? ЕБЕНИ 0.2 % смртност на светско ниво? :pos::pos: Гладот во одредени држави однесе минимум 10 пати повеќе од овој патетичен процент.
Логиката им е, да не постоеше овај вирус тие 0.2 ќе беа живи.

Или ако немаше рестрикции насекаде во светот процентот ќе беше поголем, работа што неможе да се докаже сега.

Кога ќе помине кризава ќе се направи анализа и валда ќе се докаже дека сите земји постапија погрешно.

П.С Гледам во Кина активни 245, валда сум грешка, не е можно, местото каде што почна да се шири ова да има олку малку.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804

која е функцијата на ова?

Да ги "охрабри" тие што имаат висок крвен, шеќер, што се гојазни и сл.?

Како може премисата на наративот да биде - еј нема гајле, повеќето умираат тие со коморбидитети?
Фактот дека тие би живееле уште кој знае колку, да не заболеле од корона, е занемарлив?
Коморбидитети кај нас, со ова децениски усрано здравство (и општество), има на тон, меѓу населението и тој факт треба да се занемари?
Автоматски споено мислење:

П.С Гледам во Кина активни 245, валда сум грешка, не е можно, местото каде што почна да се шири ова да има олку малку.
За другите не можам да потврдам, ама Кина и Србија, на два пати живи ги фатија дека лажат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ме интересира до кога би ги затвориле фабриките? Сдсм се експерти на тоа поле, имаат одличен успех од изминатите децении. Не се сомневам дека повторно добро би си ја завршиле работата.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Добро бе до кога ќе го тупите за маските? Научен консензус е дека работат, не целосно но работат.

Што мислат поединци доктори, научници, или шарлатани е небитно.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.929
Скоро цел свет воведува мерки, кај нас една мала група упорно игнорира и тврди дека вирусот не е опасен, не е точно дека болниците се преполни, не е точно дека дел од медицинарите се тотално исцрпени, не треба да се преземаат никакви мерки...

Навистина циркус.
Автоматски споено мислење:


Епа проблемот е што 12-мина денеска засекогаш легнале... Не им помогнал амоксиклав.
Епа тоа е проблемот, што луѓето подзаборавија да размислуваат со сопствена глава и се потпираат единствено на авторитети, во овој случај кои не знаат кај тераат. Маска на отворено, поголема глупост не би ни сретнал, колку и да сакам здраворазумен да бидам ми отвара сомнеж дека некој нас добро не ебе во мозок овие 8 месеци.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Добро бе до кога ќе го тупите за маските? Научен консензус е дека работат, не целосно но работат.

Што мислат поединци доктори, научници, или шарлатани е небитно.
Маска сам на отворено? Против што работи? Против доводот на воздух во сопственото тело?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не се зборува за тоа.
За тоа се зборува, можеби не на последните две страни, ама тоа е новата генијална мерка која сакаат да ја воведат. Јас немам против маската ништо (немам ни за ама за атер на хипохондрите) и ја ставам кога влегувам во било каков затворен простор каде што има повеќе луѓе, најчесто во супермаркети. Ама ово со маската и отворениот простор едноставно ми ја навредува интелигенцијата.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890

која е функцијата на ова?

Да ги "охрабри" тие што имаат висок крвен, шеќер, што се гојазни и сл.?

Како може премисата на наративот да биде - еј нема гајле, повеќето умираат тие со коморбидитети?
Фактот дека тие би живееле уште кој знае колку, да не заболеле од корона, е занемарлив?
Коморбидитети кај нас, со ова децениски усрано здравство (и општество), има на тон, меѓу населението и тој факт треба да се занемари?
Автоматски споено мислење:

За другите не можам да потврдам, ама Кина и Србија, на два пати живи ги фатија дека лажат.
Можеби и јас сум во ризична група,можеби и ти којзнае.Вистинското прашање е која сума ке ја платат останатите за тие малкумината да поживеат уште малку? А тие што ке умрат од банални заболувања поради не можност за лекарски преглед или некакво испитување,се бројат ли?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
За тоа се зборува, можеби не на последните две страни, ама тоа е новата генијална мерка која сакаат да ја воведат. Јас немам против маската ништо (немам ни за ама за атер на хипохондрите) и ја ставам кога влегувам во било каков затворен простор каде што има повеќе луѓе, најчесто во супермаркети. Ама ово со маската и отворениот простор едноставно ми ја навредува интелигенцијата.
Тука скоро сите се сложуваме за дебилизмот на оваа мерка...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Можеби и јас сум во ризична група,можеби и ти којзнае.Вистинското прашање е која сума ке ја платат останатите за тие малкумината да поживеат уште малку? А тие што ке умрат од банални заболувања поради не можност за лекарски преглед или некакво испитување,се бројат ли?
Можеби сметаат на тоа дека ако не носиш на отворено и ако имаш некој рандом контакт во моментот ноже да биде фрка, друго објаснување нема.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Реалната слика што ни се случува во државава е далеку од добра....да не се лажеме.
Анти-маскери, анти-вакцери, теоричари на заговори и сл. има во цел свет...така да нормално дека и кај нас ги има.
Но разликата во капацитетите на болниците и болничкиот персонал во високо развиените држави е неспоредлива со онаа кај нас.
Ние сме на прагот на целосна капитулација во здравствениот систем. Немаме ресурси, немаме болнички капацитети. Лошото здравство, не е проблем од пред една година, го имаме многу одамна.....но сега со Ковид-от испливува во целост на површина.
Трагично е што ќе се пополнат и преостанатите (малку) слободни кревети по болниците и после каде. Што ќе прават? Шатори на секој паркинг низ градот да отворат, џабе им се, нема кој да работи таму.

Што е со онаа група на хронично болни (високоризични категории), кои не можат да бидат прегледани од специјалист и истите примаат терапија препишана од месец март.....значи тие се однапред отпишани, секако доколку немаат пари за преглед/лекување во приватно здравство (што е помал процент).

Истовремено и за мене неразбирливо, можам да кажам трагично е што свеста воопшто не се буди кај населението. Во стан на мојот кат, вчера вечер прославуваа роденден со +50 души, правеа журка до 3 после полноќ, беа претежно на возраст од околу 20 години.

Не велам да се крева паника, тоа е најмалку што ни треба......но да се почитуваат мерките не е воопшто тешко.....барем мене не ми е. За наше здравје се работи, за здравјето на нашите најблиски. Гаранција дека нема да се заразиме нема....но да се потрудиме да не се заразиме.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
А тие што ке умрат од банални заболувања поради не можност за лекарски преглед или некакво испитување,се бројат ли?
Според мене, кај нас, ова е поголем проблем отколку економијата.

Исто така и тие кои имаат хронични болести, од друга страна, поради ненавремена, непостоечка здравствена грижа, се во опасност, од сопствените коморбидитети. Двојна опасност - ако се заразат, но и без тоа, поради нефункционирањето на и така лошата здравствена грижа за коморбидитетите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom