Ајде ќе ви одговорам, како одговорен чоек...
А зошто баш Белорусинот би одел во Швајцарија на одмор ?
Што би можел да направи со 100 евра Белорусинот на одмор да речеме, во Македонија или во некои други држави кои не спаѓаат меѓу најбогатите и најразвиените во Европа и/или во светот ?
Сакаш да кажеш дека Франција и Германија оправдано си го пикаат носот насекаде каде што никој не ги поканил, а Русија не треба да ги брани сопствените интереси во источна Европа ?
Добро ете животот во Белорусија е никаков со минимална плата од 100 евра, а зошто балтичките народи бегаат во побогатите држави членки на ЕУ ?
Не е една од основните цели на членство во ЕУ подобрување на економските и животните услови во сите држави членки на ЕУ, или тоа е чисто само најобична пропаганда ?
Не знам, ова прашање изгледа ќе остане една од големите мистерии на мултиверзумот...
Абе да видит езеро, планина да видит... да видит дал и тамо бркојте белеат како и онамо...
Скоро истото што би го правел и дома...
Не реков никаде вакво нешто... реков дека така стојат работите од моја гледна точка, ниту оправдувам ниту навивам. Има еден концепт во меѓународните односи, balance of threat. Проблемот мислам можеби е до западната неапдејтирана бумерска студеновоенска генерација, и за нив Русија сеуште е најголема закана, иако таа денес е само бледа слика на Империјата на Злото, како што си ја викаше актерот-неолиберал Реган... Кина денес е далеку поголема закана, и мислам дека не би било во нивен интерес Русија да остане верен сојузник на Кина, ниту пак на русите да се џуниорот со Кина. Но проблем е исто што и ЕУ веќе станува закана, и за некои ЕУ држави и за Русија...
Подобри плати, повеќе работни места...
Да но за тоа треба време... дотогаш ќе има миграција од победните кон побогатите земји... само што сега и побогатите не се веќе толку богати...
Ете овие бројки јас на пример не ги знаев, дај да видиме од кај идат, па да земеме да дискутираме за нив... Досега никој не најде доблест да најде некои издржани докази за лошиот живот во Белорусија...сите кои тука го критикуваа Лукашенко, лошиот живот во Белорусија го претсавија како догма... Дај да збориме за куповната моќ на Белорусија и за животот таму... многу висок Human development index не се постигнува со лош живот, туку со чиста статистика, а тоа не лаже...
Хммм, добар обид за иселувањето, ама не држи вода... Најголемиот број мигранти во Европските земји се од држави на кои не им е отворена вратата... На кој не му се свиѓа наоѓа начин да се исели. Сакав уште прошлиот пат да го дадам примерот за Куба и тоа колку бегалци имало од Куба во САД, иако нели биле вратите им биле затворени, ама ете како да претпоставував дека некој ќе се истрча со примеров „биле затворени“
Значи сепак протестите не се од социо-економски карактер, туку се тригерирани од запад?
Сепак збориме за протести кои се одвиваат 2 години во кои има 11 мртви, 3000 повредени од кои 100тина трајни инвалиди.
Кај сум напишал дека верувам во функционална автократија? Значи јас сметам дека било кој начин на практицирање на власт е подолжен на манипулации и злоупотреба, вклучително и демократијата, па дури и да се менува кловнот што е на власт на секој месец. Единствено нешто посебно за демократијата што сум напишал е дека ја сметам за лицемерна.
Како и доста од тука луѓе ти влегуваш со предрасуди за моите ставови.. Што да кажам за Британија? Британија ја сметам како многу негативна земја што заедно со другите Европски земји имаат многу лошо посеано на Балканот. Треба да ја ги сакам Британците? Мислење за Брегзитот сакаш? Според мене генерално голем удар за евро-атланските структури во глобала, лично за Британија, на крај ќе излезе позитивно.
Брегзит референдумот смени некои работи, меѓутоа гледајќи како се одвиваа кампањите, со шпекулации, напади и глупости... На основа на што гласаа? На лагите што ги слушаа од политичарите. Мислиш дека народот смени нешто? Не, сменија оние кои имаа појака кампања...
Ок како прво никој не вели дека стандардот им е на ниво на Зимбабве. Како што реков, има повеќе начини да се измери социо-економска благосостојба во една земја, која во Белорусија не е најлошата, па и според многу показатели доста подобра од „демократската“ Украина. Инаку HDI мери само ова:
A long and healthy life: Life expectancy at birth
Education index: Mean years of schooling and Expected years of schooling
A decent standard of living: GNI per capita (PPP international dollars)
Говориме за легална миграција, не бегалци. Едноставно Западна Европа е атрактивно место за поголем дел од светот. Рус териториите не баш, освен можеби за стан-земјите...
Не, всушност верувам дека се со домашно потекло, и се најверојатно пред се од политичко-идеолошки про-демократски и можеби во ситните букви про-капиталистички про-ЕУ про-неолиберален карактер... Како прво најверојатно има добар процент кој е незадоволен од последниве години со Лукашенко, но бидејќи таму нема фер избори, не можеме да знаеме дали се малцинство или мнозинство и каде точно е незадоволството... Сепак не мислам дека протестите се тригерирани од западните земји, но бидејќи е во нивен интерест Русија да биде по на исток, нормално дека ќе ги поддржат овие протести и ќе се погрижат опозицијата да остане про-ЕУ, но сега засега нема расположение за финансирање промена на режим...
Па кога дел од тие протести се насилни и нормално и полицијата мора да реагира некако... А гледам едно од барањата е и намалување на цените на горивата, супер ќе оди ова со глобалното затоплување... Сепак ги сметам французите за не многу трпелив народ и ако навистина не им одговара моменталната состојба во државата и ЕУ, нема да е чудно ако смислат некое подобро, посоодветно и посовремено демократско уредување во скоро време, само треба да се обединат граѓанството, а не вака со 200-300 илјади квази-анархисти по улици...
Така ми делуваше бе, монархо-комунист еден

Ок со ова се согласувам донекаде. Демократијата не е идеална и не треба да се идеализира и на некои места каде владее корупција, олигархија и стока од народ, можеби е подобро автократија или барем поавторитарно лидерство, но сега засега тоа е единствено политичко уредување кое дозволува најголем возможен број на учесници во политичкиот процес, дозволува да се критикува, реформира и закрпува политичкиот и економскиот систем, да се отстранува некадарна влада на мирен начин преку избори кои можат да бидат и предвремени, да се раздели власта и да можат кловновите да бидат судени и казнувани од независно судство, да се има независни медии со критички поглед кон сите кловнови и групи од кловнови, да се има слободни политички дебати од независни експерти... и за сето тоа е потребно демосот од кој произлегуваат кловновите да биде поморален, понезависен, пообединет, поинволвиран, помобилизиран... а сега наместо тоа на многу места владее апатија, идеологии, поларизираност, лаги, корупција и анархија/диктатура во пораѓај...
Сакам да кажам автократијата е дефолт и лесна, за демократија треба морална одговорност, активност, организираност, трезвеност...
Не те прашав за односот на британците кон балканците или за твојата љубов кон британците, туку дали референдумот таму си заврши работа. Да, медиите сеуште пробуваат да го препишат Брекситот на кампањите, лагите, пропагандите па и на Камерон... Како прво говориме за остров кој не искусил окупација веќе 1000 години. Неприфатливо а и неразбирливо е за нив некој друг да им крои политика и закони, особено не некоја бриселска зелка... менталитетот е различен, онаков островски. Второ, секојдневието раскажуваше доста поразлична приказна од онаа медијската. Секојдневието стана погласно и од медиите и политичарите и експертите... Субјективните искуства, импресии, чувства на гласачот, граѓанинот, човекот, станаа повалидни и пореални од објективните анализи, истражувања и проекции... Ерозијата на човечката самовредност, политичка моќ и економска сигурност во свет без политички, економски и морални граници... Чувство на излишност и диспласирање со маса туѓа и далечна за британската култура... Премногу промени, преголема неизвесност, мрачна иднина... Ова за нив беше нешто како the final stand за повраток на контрола, во рацете на народот, а не корпорациите и интернационалните олигарси. И јас лично тогаш бев против Брексит, но тука сум веќе неколку години и видов доволно и со мои очи... како се губи британското културно и морално јадро во грдите површни слоеви на денешното мулти-културно морално-дефицитно едвај-цивилизирано општество... земјата на благородништвото, умереноста, чесноста, манирите, самоконтролата... земјата на Толкин, Луис, Роулинг, Дикенс, Шекспир... верувам дека за тоа гласаа британците, а не за лажните ветувања на кловнот Фараж и компани...