За разлика од другите зелки што молчат додека ги гризе кутрето, јас имам сосема спротивен пристап. У животот никого не сум оштетил, искористил, изманипулирал или било што нечесно заработил и стекнал, па пошо сум со чист образ не ми е никаков проблем сечии дела и недела да биде ставени пред очите на јавноста. Таа за нив ќе даде морален суд, што во случајот на Слободан е едногласно негативен што е евидентно од текстовите од тип „Спие ли мирно“ и „Ода на алчноста“.
Господ ми е сведок дека прво сум пробал да ги едуцирам и поттикнам малите акционери да не дозволат транзициските профитери да ги ограбуваат. Овој преседан најмногу ќе ги засегне нив 80.000, ама и сите 800.000 вработени, затоа што пензиските фондови од вториот столб поседуваат околу 40 миљони евра вредни северџански акции, најмногу во Алкалоид. Па ако веќе не успеам да ги оправам малите акционери, сигурно ќе го оправам Живко догодина неказнето да си исплати како и Кутревски 60% од добивката, т.е. 10 миљони евра. Тоа исто ќе го направат и другите директори на котираните компании, па барем берзата догодина нека се пеплоса, а вработените и брокерите нека се спремат да вртат плескавици. Не секој народ заслужува да има берза, ете Албанија и Косово немаат.
Такашто, како мали акционери имате две опции: или ургирајте и алармирајте што помасовно кај институциите за случајот да се следи и да се спречи криминалот, или продајте си ги македонските акции на овие одлични цени пошо догодина по бонусите ќе се преполоват!
Јас за случајов ги информирав сите релевантни меѓународни и домашни институции, вклучувајќи ги и обвинителството и судскиот совет. Досега сигурно поради основано сомневање на корупција што го предизвикува евидентно небулозната пресуда веќе е започната истрага со следење и прислушување на кутрињата, нивните адвокати, судијката, поротниците, како и судиите од советот на Апелација кај коишто ќе падне предметот по жалбите на зелките да го решат правосилно. Такашто - бујрум! Ти
@DumDumDum поздрави ги слободно нека повелат да направат било што незаконско. Погоните се ионака блиску до Шутка и Идризово.
А ако и по сите овие преземени мерки и дејствија, Апелација случајно ја потврди одлуката, тогаш најсериозно ќе се посветам како втор најголем акционер во Пекабеско да ги информирам апсолутно сите партнери и потрошувачи за овие случувања. Тие потоа ќе можат според својата етичност и отчетност пред сопствената јавност и акционери да одберат да продолжат да соработуваат со Пекабеско и да ги купуваат неговите производи или не. Дури и компанијата да отиде во стечај, ќе изгубам само пари и тоа нема воопшто да ми го измени начинот на живот. Меѓутоа, секоја исплата на „менаџерска награда“ мене најмногу ме оштетува, а тоа немам намера да го трпам. Во таков случај, за мене лично е сѐ едно дали компанијата работи со загуба или работи добро и Слободан си ги зема парите, ама за него богами нема да биде!