Извадок од протоколите за отворање и работа на угостителските објекти:
"На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци...
Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри."
Формално правно инспекторите се ДОЛЖНИ да ги казнат угостителите доколку растојанието е како што велиш 130 цм, па дури и да е 149 цм! Инаку, доколку им прогледаат низ прсти тогаш инспекторите ја злоупотебуваат својата функција и овластувања. Исто како да речеш дека не треба да се казни оној кој ти наплатил 150 евра, а ти издал сметка на 130 евра.
А во однос на вториот дел од цитатот, јас не сум видел ресторан или кафана каде на споени маси за 12 особи растојанието помеѓу гостите да биде 1,5 метри! Поправи ме ако грешам.