Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Во повеќето држави е како кај нас. Од цела Европа само Германија се носи нешто подобро, затоа што имаат огромен број на медицински персонал, и соодветна инфраструктура. Во една Америка, најголема светска сила не е ништо подобро отколку кај нас. И наместо да кукакме колку сме заостанати и неспособни, треба целата ова психолошка пресија што се врши да престане. Короната е тука, многумина ќе ја добијат и нема ни да приметат, некои ќе кренат температура, некои неколку дена ќе ги болат коските, и некои ќе умрат. И така ќе биде се додека не се најде вакцина или лек.

Маски, карантини, полициски час, се е тоа џабе, само се создава психоза и паника кај луѓето.
Веќе е касно за тој воз. Од март, до сега, регулативите што ги носат корелираат слабо со бројката на заболени која у еден хаотичен динамичен систем е рандом, поточно, зависи од секакви фактори кои не можеме да ги исконтролираме сосема. Мислам онака, од глуп ракав ги вадат предлозите за нови, глупи закони. Кога сме кај хаосот, ова е уште еден показател за ефектот на пеперутка и како една промена може да го однесе фрагилното општество у секаква насока.
Каде и да е, можда ќе инсталираат АИ камера у секој дом со гласот на Венко кој ќе нѐ опоменува ако не измиеме раце и ќе ни чита статистики за бројот на умрени од корона. Врвот на психозата се такви закони како тој што сакаат да го донесат, за носење маска сам, ебано надвор, не за друго, туку „за да се привикнеме на новата ретардирана нормалност"... Ко у ебано четиво на Орвел се осеќам. Има хелт маршалс, бе, у Велика Британија, чијашто функција е да тастаат у полиција ако некој не поштуе регулативи. Кој кур?
Психолошките последици од цела оваа глупа хистерија сѐ уште не ги разбираме, пошто сме у лудилото на моменталниот цајтгајст. Тек за пет години (ако не ескалира ова у нови ментално хендикепирани граници и не нѐ сјебе на секој можен економско политички, еколошки и психосоцијален план) ќе ги осетиме афтерефектите кога ДСМ ќе се напуни со цела секција психолошки нарушувања поврзани со глупиот ковид. Мене не ме изненадува цела оваа анкса и хистерија; така глупо еволуцијата ни ја има наштимано психолохијата; само екстремно ми иде да ја дигнам пола глупа планета у воздух. Невозможно глупо изреагира цел свет, мислам дека нема сценарио у кое можеше да се изреагира поглупо.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Не е баш така, голем дел на луѓе работат во фирми/институции со дневна интеракција со куп луѓе. Не е баш етички да си го сееш вирусот и да си нагаѓаш имам или немам. Што ако имаш некој во близина со компромитиран имунитет или е на имуносупресиви? Не одат сите да се тестираат само зошто се хипохондрици иако има доста и такви.
Си направија фирмиче со тестовиве како со паркинзите и тоа е тоа.
Ти според закон мислам дека мора да земеш боловање и при сезонски грип.

Муабетот ми е, што ти менува ако имаш Корона?
Ти ако си болен, со симптоми, морат да седиш дома, додека оздравиш.

Со позитивен тест нема да добиеш различен третман, така?

Едино ако матичниот не те пушта на тестирање, што е нормално ако си со лесна слика, а од превентива фирмата бара резултат, во тој случај ќе треба фирмата да ти плати тестирање.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ти според закон мислам дека мора да земеш боловање и при сезонски грип.
Kаде ова, од Хрватска нагоре или во Македонија, државна администрација? :)

Приватњаци во Македонија на луѓево повеќе од 10 дена не им даваат одмор во годината, за грип ќе им дадат.. :)

Короната е поконтагиозна од грипот, тоа е плус фактор некој да биде испратен на тестирање.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Kаде ова, од Хрватска нагоре или во Македонија, државна администрација? :)

Короната е поконтагиозна од грипот, тоа е плус фактор некој да биде испратен на тестирање.
А што ако државата а ни фирмата не сака да ти плати тестирање ? А вие дома 2ца треба да се тестирате и ви кажат 4500 денари од човек е на приватно?


Зарем тој 1 тест ќе смени нешто? Амоксиклав, сумамед, мултивитамини, течности повеќе пиење и тоа е тоа. И матичната и епидемиологот и сите тоа ќе ти го кажат. Моли се на Господ само лесно да ја прелижиш. Небитно дали е корона или сезонски грип. Сепак во Македонија сме. И пред коронава беше хаос. :)
 
C

CoolIris

Гостин
Короната е тука, многумина ќе ја добијат и нема ни да приметат, некои ќе кренат температура, некои неколку дена ќе ги болат коските, и некои ќе умрат.
Нечиј родител, брат/сестра, другар/другарка. Прашајте ги семејствата на починатите дали носењето маски создаваат паника и психоза кај населението.
Доволно е само задолжително носење на маски за клиентите
Проблемот е што не ги носат маските. Или ги носат обесени на лакт, или само на устата и никако не сфаќаат дека треба да носат. Еве прочитај создавале психоза и паника кај населението.

Ако не сакате карантин, носете маска. Ете ви рестриктивна мерка, прифатлива и за заштита на здравјето на народот и за да не дојде до стопирање на економијата.

Инаку, кај нас имаш група граѓани кои не сакаат никакви рестриктивни мерки и кукаат зошто ги има. И од друга страна група граѓани кои кукаат зошто рестриктивни мерки нема, а кога ќе ги донесат истите, кукаат дека се лоши. Погодување нема.

За автобусите, се согласувам. Мислам дека најголем број од заразените се заразуваат во автобус.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Јас работам од дома.
Ако работиш на одредени проекти, тие проекти можат да секнат, нели, ако претпријатијата добијат одреден карантин и се соочат со затворање. Ланецот е поврзан.
Дома скоро сите добија кратења на платите, а ризикот да ја загубат работата, во која вложиле време, знаења, вештини, па и пари, е огромна ако добиеме уште еден непродуктивен карантин. Мора да се вага. Никој не сака нови 10-15 к невработени и дополнителен пад на БДПто.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Kаде ова, од Хрватска нагоре или во Македонија, државна администрација? :)

Короната е поконтагиозна од грипот, тоа е плус фактор некој да биде испратен на тестирање.
И кај нас, колку што знам, звучи како СФ, ама ако газдата мисли на доброто за фирмата мора да те пушти дома. :D

Еве мене, што ќе ми мени ако сум со температура, кашлица и тие работи, позитивниот тест?

Ако морам да докажам на работа дека ради Корона не идам е друга работа, ако сум без работа, што?

Се знаат кој мерки се преземаат при симптоми, осум месеци ги повторуваат на телевизија.

При влошување на ситуација, се контактира матичниот и тој по автоматизам ти закажува тест.

Приватно тест подржувам ако си бил во близок контакт со заболен, ради превенција да не си асимптомски случај.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А што ако државата а ни фирмата не сака да ти плати тестирање ? А вие дома 2ца треба да се тестирате и ви кажат 4500 денари од човек е на приватно?
Затоа ако во случај не примети во првичниот пост го нивелирав целиов хаос со тестирањето на ниво на ПОЦ и преостанати легални кражби во Македонија.

Штом е таква работата како што ја опиша - немаш симптоми ќе носиш маска цело време и ќе избегнуваш да се мешаш во колеги. Ако колегите се пикаат во тебе или не носат и тие маски, нивен проблем. Кај мене на работа летово еден колега испадна позитивен асимптоматски ама тој носеше маска, носиме и ние, не се пикаме еден во друг и ниеден не беше позитивен.
А ако имаш симптоми ќе ти даде матичниот упат и тестот колку што разбрав е бесплатен, не знам што не е јасно :toe:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Нечиј родител, брат/сестра, другар/другарка. Прашајте ги семејствата на починатите дали носењето маски создаваат паника и психоза кај населението.
И сега што? Ова е некој контра аргумент? Луѓето се смртни, веќе си возрасна, треба да го знаеш ова. Секој човек е нечиј брат, татко, син. Не може заради тоа да застане животот.

100.825.272.791 , ова е бројката која ја нуди интернетот како одговор на прашањето колку луѓе умреле досега во историјата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И кај нас, колку што знам, звучи како СФ, ама ако газдата мисли на доброто за фирмата мора да те пушти дома. :D

Еве мене, што ќе ми мени ако сум со температура, кашлица и тие работи, позитивниот тест?

Ако морам да докажам на работа дека ради Корона не идам е друга работа, ако сум без работа, што?

Се знаат кој мерки се преземаат при симптоми, осум месеци ги повторуваат на телевизија.

При влошување на ситуација, се контактира матичниот и тој по автоматизам ти закажува тест.

Приватно тест подржувам ако си бил во близок контакт со заболен, ради превенција да не си асимптомски случај.
Ќе ти смени тоа што коронавирусот е поконтагиозен од обичниот грип и ќе седиш дома. Ако си од оние што не веруваат или мислат ова е измислено, во секој случај ништо нема да ти смени :toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Ако работиш на одредени проекти, тие проекти можат да секнат, нели, ако претпријатијата добијат одреден карантин и се соочат со затворање. Ланецот е поврзан.
Дома скоро сите добија кратења на платите, а ризикот да ја загубат работата, во која вложиле време, знаења, вештини, па и пари, е огромна ако добиеме уште еден непродуктивен карантин. Мора да се вага. Никој не сака нови 10-15 к невработени и дополнителен пад на БДПто.
Изгледа само мојот последен пост за целосен карантин го прочита :)

Јас сум против карантини, полициски часови. И уште повеќе против глупави мерки за маска на отворено, полиција да ти брои гости и слични идеи...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Изгледа само мојот последен пост за целосен карантин го прочита :)

Јас сум против карантини, полициски часови. И уште повеќе против глупави мерки за маска на отворено, полиција да ти брои гости и слични идеи...
Не, нема поглупава работа од гелон за дезинфекција. Двеста пати на ден мијам раце ама тоа не го ставам на раце.
 
C

CoolIris

Гостин
И сега што? Ова е некој контра аргумент? Луѓето се смртни, веќе си возрасна, треба да го знаеш ова. Секој човек е нечиј брат, татко, син. Не може заради тоа да застане животот.

100.825.272.791 , ова е бројката која ја нуди интернетот како одговор на прашањето колку луѓе умреле досега во историјата.
Еве прашај ги Владимире, статистиката воопшто не им е битна. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Изгледа само мојот последен пост за целосен карантин го прочита :)

Јас сум против карантини, полициски часови. И уште повеќе против глупави мерки за маска на отворено, полиција да ти брои гости и слични идеи...
Ставовите се менуваат, како што се менува состојбата.

Според она што го гледам секој ден, сѐ е полно, од паркови, автобуси, кафичи, пазари. Луѓето сакаат да си продолжат да живеат. Јас би ги задржал маските во група и во затворен простор, другото не би го ставил ни на маса. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom