Веќе е илузорно да размислуваме кој е одговорен, кој е крив, што требало да се направи, зашто не било направено....а власта поима нема ниту како да се однесуваат, ниту што да превземат....едноставно блокирани се.
Се движиме по една стрмна патека со преку 20% позитивни, имаме премногу смртни случаи во компарација со регионот. Ја надминавме бројката на 500 нови дневно, болниците се веќе полни, медицинскиот кадар што го имаме е бројчано мал и преморен.
Прашање на денови е кога болничките капацитети ќе се преполнат, бидејќи ниту здравствените власти предлагаат ригорозни мерки, ниту населението ги почитува основните мерки за заштита.
Македонија нема капацитет за да го издржи ова темпо.
Бројот на новозаразени рапидно расте, треба ли да стигнеме до 1000 дневно за да сватиме дека се неопходни ригорозни мерки.
Карантин не сакам ни јас, ни било кој....но не ни бега.