Телевизија Презента!!!!
Тешко само на жена му на овој, сигурен сум дека од сабајле е во прстот во уста и не знае што се случува. Од нигде никаде и се преврте животот заради глупости и стана тема на муабет кај сите стринки.
Женава е гарант од оние кои сакаат традиционален македонски маж, кој влегуваат во брак затоа што така треба, за да бидат заштитени, да не се борат сами во животот, и се е тоа ок но зошто секогаш со вакви типови.
И као шо кажаа погоре, секогаш мора да се ликови "верници", не судам зошто автоматски сум ист како нив. Утре истиот ќе критикува луѓе кои не сакаат брак, геј луѓе, а кои се подобри личности од него. Премногу контрадикторност, ако си она што си терај го тоа, ама тоа е тоа.
Ја пак не влегувам во сериозни врски зошто сум порочен човек, зошто правам киксови и би правел вакви работи гарант зошто не сум се победил самиот себе, ликов застанал пред олтар и го направил најсветиот чин во христијанството за да го изгнаси по само 30 дена. Се надевам дека жената ќе биде свесна и ќе се откаже од него.