Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
@Сталкерот, @Паланчански има фактор од 1:10 просек на светско ниво, за официјална статистика према вистински болни. Тој фактор варира од земја до земја, и зависи од начинот на тестирање, квалитетот на тестовите и процент на население кое е природно имуно на корона вируси.

Во Германија најверојатно е 1:5, Јужна Кореа можеби уште помалце, ама во Бразил е 1:20.

Кај нас со оглед како тестираме и каков е квалитетот на тестовите таа бројка е блиску до просекот од 1:10.

Еве ако ви се гледа Др. Кембел објаснува тука.

Затоа за колективен имунтитет нас ни требаат околу 90.000 - 100.000 болни по официјална статистика со некаде 3.600 мртви.
 
@teneke Моделот на IHME на повеќе наврати се има покажано како неадекватен. Да земеш едно сценарио од истиот и да го сметаш за апсолутно точен е нелогично.
 
@teneke Моделот на IHME на повеќе наврати се има покажано како неадекватен. Да земеш едно сценарио од истиот и да го сметаш за апсолутно точен е нелогично.

Немаме подобар модел и најверојатно нема ни да има. Така да мора да се земи тоа што е најблиску до реалната состојба.

Затоа што бројките над 1% смртност се погрешни и ја искривуваат сликата, па затоа ги имавме карантините кои направија повеќе штета од корист.

Короната е 4 пати посмртоносна од појак грип и тоа се зема како факт веќе во сите пресметки. Тоа ти иди 0.4% смртност.
 
И што ти кажуваат тие податоци... :confused:
Од каде знаеш/те колку луѓе воопшто го имаат Бетмен ... нели има голема бројка, која ништо не им е, не се ни свесни дека го имаат...

Еве Фаучи (Фаличниот) што кажува, зашто на него не му веруваш :toe: :
Јас пласирам официјални податоци. Колку се точни и дали воопшто се точни јас не можам да проверам.
Инаку мислам дека во Македонија има повеќе заразени отколку се прикажуваат, ама тоа е само мое мислење на кое не можам да се повикувам. Како што не можам да се повикувам ниту на тврдењата дека тестовите не се веродостојни, па резултатите можат да бидат далеку во плус или далеку во минус.
 
Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19

Еве ~12% се е под контрола, доста рипате.

ДВОЈНО ПОМАЛ ПРОЦЕНТ НА ЗАБОЛЕНИ ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕТХОДНИТЕ 2 ДЕНА
СИТУАЦИЈАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА, ПИКОТ СЕ НАМАЛУВА
 
Зошто споредбите со Шведска или Германија се далеку од разум

Од новите три предложени мерки, две се непотребни и неефикасни. Па и третата е хм
КурТули ФФМ, ветерот ги спаси...инаку овие од Мосад, од обезбедувањето на репката на Израел ќе пријавеа дека има напад со боени отрови :cool: и службено ќе побараа 3:0
 
Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19

Еве ~12% се е под контрола, доста рипате.

ДВОЈНО ПОМАЛ ПРОЦЕНТ НА ЗАБОЛЕНИ ЗА РАЗЛИКА ОД ПРЕТХОДНИТЕ 2 ДЕНА
СИТУАЦИЈАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА, ПИКОТ СЕ НАМАЛУВА
до утре кога ќе има пак ~350 од ~2000 тестирања
 
@Anon ти од кај заклучи дека ајде ако еден ден се намалат бројките на заразени тоа значи готово се стабилизират? Проценки се прават неделно итн а не од ден на ден.
Убо си рече @Hurin.
И нормално последниве 2 дена наоколу земјиве имаат помалце, мора и кај нас да е така.
 
Немаме подобар модел и најверојатно нема ни да има. Така да мора да се земи тоа што е најблиску до реалната состојба.
Не е верен муабетот. Америте користат агрегат од 30-тина модели пред да донесат одлука. IHME моделот на повеќе наврати има се покажано како погрешен и онаа вредноста "10 пати" повеќе заразени од пријавени е претпоставка во самиот модел. За жал, истата нема поткрепа во реалноста.
 
Не може да се знае точна бројка, ама во секој случај бројот на заразени е далеку над истестираниот. Пример Шведска, има се на се 100 000 пријавено заболени што е 1 посто од популацијата, а еве имаат некоја форма на имунитет стекнато. Значи мора да имаат далеку поголем број на заболени.
 
https://www.mkd.mk/svet/vesti/gejts...iLzCU2ikkHSojN7PZwRq58CKXHk5eKrBW44ALwJ0kowjE

Ова е да размислиш дали е подобро да умреш или да ти пројде животот на ваков начин.
Драми, упм.

Поарно да си умрел отколку маска да си ставел во продавница. Или ред пред банка шо треба да се прави. :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Не може да се знае точна бројка, ама во секој случај бројот на заразени е далеку над истестираниот. Пример Шведска, има се на се 100 000 пријавено заболени што е 1 посто од популацијата, а еве имаат некоја форма на имунитет стекнато. Значи мора да имаат далеку поголем број на заболени.
Дефинитивно е поголем реалниот од пријавениот, ама тоа далеку може да биде 20% , а може и да е 200 пати. До сега, најдобар показател ни е бројот на асимптоматични кои се потврдени преку PCR тест, шо е од прилика 20-30%.

Шведска си е приказна за себе. Процедурата за да дојдеш до тест кај нив е доста ограничувачка. Бар беше на почетокот.
 
Драми, упм.

Поарно да си умрел отколку маска да си ставел во продавница. Или ред пред банка шо треба да се прави. :icon_lol:
Немој случајно да спомнеш дека границите ни се затворени цела година, дека образованието и здравството не функционираат и дека било каква секојдневна активност ти е искомплицирана до максимум зашто се коси со мерките за социјално дистансирање. Маските биле проблем, пресмешно.
Автоматски споено мислење:

Дефинитивно е поголем реалниот од пријавениот, ама тоа далеку може да биде 20% , а може и да е 200 пати. До сега, најдобар показател ни е бројот на асимптоматични кои се потврдени преку PCR тест, шо е од прилика 20-30%.

Шведска си е приказна за себе. Процедурата за да дојдеш до тест кај нив е доста ограничувачка. Бар беше на почетокот.
Ќе пројде целово ова за некоја година, и ќе се анализираат бројките, кој ќе бидат поблиску до тоа на teneke него твоето. Смртност од 0.5 посто е реално предвидување, 5 посто е класично ширење паника.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom