Доколку нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком во станбената зграда, можеш да провериш дали има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Доколку забележиш во станбената зграда да има сандачиња со логото T-Home или сегашното T лого, тогаш сигурно има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Во такви околности, можеш да аплицираш за оптички пакет A1 Net Lite Neo L од А1 Телеком преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
https://www.a1.mk/internet-tv-fiksna/internet-tarifi/a1-net-lite
Доколку ти го одобрат барањето, ќе треба да дојде прво екипа од Македонски Телеком за да го намести оптичкиот телекомуникациски приклучок во станот и да ти даде нивен рутер на користење, па потоа ќе треба А1 Телеком да ја превземе оптичката телекомуникациска линија од Македонски Телеком и да ти пушти оптички Интернет преку истата.
Со A1 Net Lite Neo L добиваш само оптички Интернет од А1 Телеком и евентуално фиксна телефонија - доколку сакаш да ја користиш, но не добиваш и телевизија, освен ако планираш да гледаш телевизија на Интернет, се разбира.
Но доколку има техничка можност во твојата станбена зграда за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш преку истиот оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком можеш да користиш оптички Интернет, фиксна телефонија и телевизија и од Неотел, а не само од Македонски Телеком и од А1 Телеком, така да, со оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком можеш да бираш помеѓу повеќе различни опции.