- Член од
- 29 август 2019
- Мислења
- 1.254
- Поени од реакции
- 2.992
Ова со комарникот на надворешната единица фино изгледа за лето, но за на зимо малку ме загрижува да не праи проблеми со дефрости при временски услови на ветер и снег па да се насобере и замрзне слој на комарникот а изменувачот нема да го топи тој слој при дефрости.Пред 5,5 години ја заменив старата офф-он со нов инвертер и откако ја симнаа старата надворешна се зачудив од ѓубрето што беше залепено на изменувачот на надворешната единица. Затоа веднаш на новта клима и поставив мрежа од комарник за да се таложи ѓубрето на неа и да не се лепи на изменувачот и на некој начин му доаѓа како филтрите на вн.еденица. Резултатот е ова
Прегледај го приврзокот 269989Прегледај го приврзокот 269990
Почист изменувач поефикасна рабата на климата а е 15 мин работа за местење на мрежата.Големото ѓубре останува на мрежата а малата прашина што се лепи на над.изменувач го мие самата клима при работа во мод на греење,поздрав.
Колку што имам читано луѓето на север ги вадат дури и решетките од задната страна за да се решат од вакви проблеми, и онака тие се корисни само за транспорт а после монтажа не би требало воопшто да се потребни се разбира освен ако монтажата не е на прометно место па колку толку да го штити изменувачот.
Ќе следам јас кај мене како ќе мрзне зимово, ако се лепи на решетките ќе гледам да ги отстранам, особено таа малата пластичната на крајот, која може требаше да се тргнe уште при монтажата....пошо мислам дека е само за транспорт....