Искрено Амберот и неговиот двостепенен компресор е жив промашај. Види ја само енергетската на Amber Nordic во споредба со Panasonic Ethirea.
Прегледај го приврзокот 269980Прегледај го приврзокот 269979
Џабе му двостепениот компресот и 50кг надворешна единица и три реда и изменувачи, и останати керефеки за едвај да биде во рангот на Panasonico-от.
Не е ниту поекономичен за користење (SCOP му е идентичен) и има поголема потрошувачка бидеќи е сметан за 0,3KW поголема потреба од топлина што се 1-2м2 повеќе во неизолиран простор. Ниту пак е нешто поевтин за купување, максимум 50 еур.
За сметка на тоа нема сензори за присуство и филтрацијата на прашина, бактерии и вируси не може да се мери со онаа на Panasonic-от.
Бидеќи Amber Nordic 9 i 12 се практично исти клими, со ист компресот и димензии што може да се провери на service manual-от максималната вредност на финскиот тест од 3,7 KW на -15, е очекувана и за 12 ката.
На пониски температури под -10 ќе дава поголема топлина од класична 3,5, oно сепак се зборува дека е реална 5,5 продавана за 3,5, не може да се носи со јапонските 5,5 од средната класа, кои се поскапи но и многу, многу помоќни. Примери:
Fujitsu 18KMTA на -15, 4,7KW по Eurovent,
Daikin FTXF50 на -15, 4.2KW по Eurovent
Mitsubishi АP50 4,7KW на -15 по Eurovent
Каде ова ја става Amber? Со еден збор, никаде, по мое гледиште.
Купувањето на Amber за комплетно греење на клима во неколку дена во 2-3 години е преголем компромис за да не се одбере за проверен и квалитетен јапонски бренд со докажана издржливост.
Купувањето на Amber за греење на поголеми простории нема што да бара во споредба со погоре споменатите јапонски 18, плус да не зборуваме за квалитетот и издржливоста, со кои Gree не може да се мери барем од моето искуство. Во краен случај и 2 Haier Tudra или 2 Gree Lomo ќе испорачаат поголема топлина.
Главен проблем на Amber-от е цената. Доколку би била под 40000 би била вредна за размискување.
Иначе како што видов набрзина и новите 12 U-Crown се декларирани на 3KW во average зона, со само А++ класа (SCOP од 4,6) и цени од блиску 60.000 мислам и дека нема ни што да бара на пазарот.