Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Добро бе луѓе можно ли е до толку со логика да сте скарани?Светот го населуваат 8 милијарди+луѓе.Секаде и секогаш ке има ајвани што ги боли qr, не е возможно секаде да има дисциплина челична.Еве да кажеме дека од утре ние ке бидеме најдисциплинирани на планетава.Од каде дојде вирусот у Европа? Од Кина.Значи џабе е се,пак ке случи некој од некоја вукојебина да го пренесе по светот и пак и кај нас ке стигне.Се дури не измислат лек и вакцина вака ке биде.И тука и сегде низ светот.Со мерките се добива многу мало и краткотрајно намалување на бројките,а се ризикува цел свет у рецисија да потоне.Не може у вакво време каде што на двајца мажи им е дозволено дете да посвојат,да ги држат луѓето затворени.Предоцна е за тоа,21 век е
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.901
Поени од реакции
12.450
Па токму тоа го зборувам почитуван Lurtz.
Кога би носеле маски во затворени простори, како што се школи, кафани, големи фирми, не би имале волку голема бројка заболени, не би имале 53 ученика и 8 наставници во изолација за само една недела од почетокот на учебната година.

Ова за теретаниве и сали за спортување, јас лично сметам дека маска и спорт се лоша комбинација, така што препорачувам спорт во природа и на отворено.
Па во кафеани не може да се носат. Тогаш се губи смислата на кафеаната, да се муабети, пие и мези.
Друг проблем со меркиве е што тие кафеани се цел ден фул, а тој носи мерки за по 22 часот.
Трет е што тие теретани и фитнес центри никој не ги споменува ни ги контролира (ѓомити само кафеаните се виновни), а работат фул и без маски што е за нив нормално, како би вежбале со маска.
Од последната, за носење маска, исклучок е при спортување, за деца до шест години, при транспорт во приватно возило со членови на семејството и при седење во угостителски објекти и ..
Четврт е ЈСП каде сме како сончогледи пред брање еден до друг. Бадијала маски.
Е за разлика од тоа, ќе ги контролираат граѓаните дома или по 22 часот и ќе ги тераат да носат маски.
Накратко меркиве се колку да се каже сме донеле нешто со кое ќе ги казнуваме и плашиме обичните граѓани, ќе мора да се гушат со 1 маска цел ден, а прави мерки не гледам.
 
Последно уредено:

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Интересно е, или трагично, што вака ќе биде со години...има недостаток на вакцини за грип и еден тетанус, што останува со вакцина за ковид...тие богатите со врски ќе ја добијат, али додека биде вакцинава достапна за обичниот народ, има години и години да поминат......песимист сум, може грешам.. :ROFLMAO:

Едвај чекам да донесат закон за носење маска додека спиеме.

Се трагикомично со ситуацијава.
Меркиве ... колку да кажат дека нешто работат тие што се задолжени.

Најјако е ова со болниците, немало место, немало шит. Аман веќе, од факинг март сите прегледи ги откажаа, кога немаше 50 души во воена, со месеци се чекаше во државна да отворат за магнет, пример. Луѓето во меѓувреме испоумреа од 300 други работи, што прегледано, што не, преку такво од нивните ебани капацитети. Кажете веќе еднаш дека не сме способни, во нормални услови едвај работиме, а не пак сега.
Не не, грешиш, сите се од корона...за што ќе ни е магнет, корона не се открива со магнет...Corona, a way of life.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.901
Поени од реакции
12.450
Ама не им се трошат како што планирале. Луѓето си ги перат па сега не само заболени и здрави туку и на кучиња и мачки ќе им стават.
Бтв, продаваат обични маски 50-80 денари. Цената со вакви "мерки" очекувам да се качи уште малку. Ако треба да се менува преку сила на 2-3 часа или кога ќе се намократ или фатат со рака, треба да се има 4-5 резерва по лице дневно, по 4 члена...
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Ама не им се трошат како што планирале. Луѓето си ги перат па сега не само заболени и здрави туку и на кучиња и мачки ќе им стават.
Бтв, продаваат обични маски 50-80 денари. Цената со вакви "мерки" очекувам да се качи уште малку. Ако треба да се менува преку сила на 2-3 часа или кога ќе се намократ или фатат со рака, треба да се има 4-5 резерва по лице дневно, по 4 члена...
И не само тоа.Пред да влезам у Тинекс,го симињам ранецот,го вадам санитајзерот и ги поминувам рацете за да не ја фаќам маската со валкани раце,ја вадам од кесичка маската и ја ставам.Плаќам со картичка на каса,излегувам надвор и пак рацете и картицата со санитајзер,па ја враќам маската што веќе влага фатила од што сум дишел у неа во кесето.После 10 метри ми звонат на телефон вода да сум купел.Ајде назад све јово на ново од почеток.А телефонот што го ставам на лице знаеш на колку маси претходно ми стоел? Нема,ова е правење будала од себе.Сите се правиме будали,не е можно до толку да внимава човек 24/7,негде сигурно ке кикснеш и тоа како по Марфи баш кога не требало.Каде е волан,рачка од мењач,кваки од врати абе памет ке му сврти на човек
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
lele kolku razgalenost u eden post. picheto ne sakalo maska da nosi pa koga nosat merki za da ne zavrsi na kislorod u bolnica plache, tiranija bilo.

realno grujo mnogu poefektiven ke bese vo ovaa pandemija, ke trtneshe kazni 300 evra za maska minimum. vie se mnogu labavi pa zatoa vakvi ligushi ispagjaat od nekoi dupki i peshteri.
Ти си тажен лик чоече...
 
C

CoolIris

Гостин
Па во кафеани не може да се носат. Тогаш се губи смислата на кафеаната, да се муабети, пие и мези.
Друг проблем со меркиве е што тие кафеани се цел ден фул, а тој носи мерки за по 22 часот.
Трет е што тие теретани и фитнес центри никој не ги споменува ни ги контролира (ѓомити само кафеаните се виновни), а работат фул и без маски што е за нив нормално, како би вежбале со маска.

Четврт е ЈСП каде сме како сончогледи пред брање еден до друг. Бадијала маски.
Е за разлика од тоа, ќе ги контролираат граѓаните дома или по 22 часот и ќе ги тераат да носат маски.
Накратко меркиве се колку да се каже сме донеле нешто со кое ќе ги казнуваме и плашиме обичните граѓани, ќе мора да се гушат со 1 маска цел ден, а прави мерки не гледам.
Во кафеани келнери треба да носат, а не носат. И протоколи да се почитуваат. Инаку истото мислење го делиме.

Ок, еве ве прочитав сите. Може ли да ми образложите каква е вашата замисла за правилни мерки, т.е мерки кои ги задоволуваат вашите критериуми? Ова озбилно ве прашувам и ве молам без недолични коментари. Читам, ако не превземаат ништо, за ништо не чинат. Ако превземаат нешто, мерките не чинат. Значи, озбилно ме интересира вашата замисла за справување со ситуацијата. :)
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Во кафеани келнери треба да носат, а не носат. И протоколи да се почитуваат. Инаку истото мислење го делиме.

Ок, еве ве прочитав сите. Може ли да ми образложите каква е вашата замисла за правилни мерки, т.е мерки кои ги задоволуваат вашите критериуми? Ова озбилно ве прашувам и ве молам без недолични коментари. Читам, ако не превземаат ништо, за ништо не чинат. Ако превземаат нешто, мерките не чинат. Значи, озбилно ме интересира вашата замисла за справување со ситуацијата. :)
Јакнење на имунитет е единствено нешто што е докажано дека може да ти помогне,а никој не го спомнува тоа.Не сум против носење маска али ефектот е сигурно помал од тоа што ти го постираш.Таа маска што може да сопре такви микрочестички,ти нема да издржиш 5 мин да ја носиш
 
Јас издржувам дури и по 12 часа да ја носам. Се гушам да и тешко ми е, ама мил ми е животот. Нејсе, не е тамава за мене. И не ве прашав со намера да ме напаѓате, туку чисто да знам како размислувате. Благодарам Наќо на одговорот.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ок, еве ве прочитав сите. Може ли да ми образложите каква е вашата замисла за правилни мерки, т.е мерки кои ги задоволуваат вашите критериуми? Ова озбилно ве прашувам и ве молам без недолични коментари. Читам, ако не превземаат ништо, за ништо не чинат. Ако превземаат нешто, мерките не чинат. Значи, озбилно ме интересира вашата замисла за справување со ситуацијата. :)
Забрана за јавни собири од тип на утакмици, концерти, медиумско пропагирање за дистанца, односно препораки за дистанцирање и избегавање на гужва, а луѓето да ги остават да живеат како мислат дека треба и секој со свој памет, ако излезам во кафана тоа го правам на свој ризик па ако се заразам сам сум го прифатил ризикот.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Јас издржувам дури и по 12 часа да ја носам. Се гушам да и тешко ми е, ама мил ми е животот. Нејсе, не е тамава за мене. И не ве прашав со намера да ме напаѓате, туку чисто да знам како размислувате. Благодарам Наќо на одговорот.
Повели пушти да видиме каква маска носиш
 
C

CoolIris

Гостин
Повели пушти да видиме каква маска носиш
Обична хирушка маска + н95.
Автоматски споено мислење:

а луѓето да ги остават да живеат како мислат дека треба и секој со свој памет, ако излезам во кафана тоа го правам на свој ризик па ако се заразам сам сум го прифатил ризикот.
Во ред. А доколку се разболиш и имаш потреба од кревет на инфективно, инфектолог, пулмолог, анестезиолог, дали и тогаш го прифаќаш ризикот сам да се лекуваш? :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Во ред. А доколку се разболиш и имаш потреба од кревет на инфективно, инфектолог, пулмолог, анестезиолог, дали и тогаш го прифаќаш ризикот сам да се лекуваш
прифаќам, доколку сите вие што трубите за меркиве прифатите само вие да ги поднесете еконосмските загуби, дали ти прифаќаш?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Во ред. А доколку се разболиш и имаш потреба од кревет на инфективно, инфектолог, пулмолог, анестезиолог, дали и тогаш го прифаќаш ризикот сам да се лекуваш? :)
А добро, до лани што закачувавме грипови, и тоа ли си го баравме, па сами да се лечиме? Ај кажи ми, зашто плаќаме здравствено секој месец?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom