Каков циркузантски клуб се Јунајтед, мизерија невидена. Не може ниту да се каже дека се преценети бидејќи нема човек што барем малце се разбира од фудбал да ги смета за сериозна екипа. Кои играчи се овие Шо, Баи, Погба, Мегваер, Гринвуд, вечитите таленти Рашфорд и Марсијал со 5 добри настапи по сезона и мегазасилувањето Бруно Фердандеш кој освен гол од пенал ништо друго нема направено. Освен Де Геа 90% од играчиве не би биле ни на клупа во било кој посериозен клуб. Срамни трансфери, срамни играчи, срамен тренер, срамен клуб, уште Дембеле им фали да дојде за целиот впечаток да биде комплетен.
Денеска да можеа и столчињата ќе го напуштеа стадионот да не го гледаат резилот на Јунајтед. Место Глори Глори на Олд Трафорд отсега како нова химна треба да се пушта музиката на Бени Хил. По прикладно е на новите околности.