Странски инвестиции

  • Креатор на темата Креатор на темата NonameMacedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Абе отепани барем да донесеа појче инвестиции во појче градој да има конкуренција да даваат поголема плата, не вака 14.500 ден. минимална, а со 18.000-19.000 земаш со се „бонуси“ и 3-та смена, абе не те оставаат да здивниш, време буквално немаш никакво за ништо. Со конкуренција барем 25.000 ден. да беше минималната плата. Зато сите заминуваат, нејчи никој да се тормози за 14.500 ден. и да си скратува време само за ебани бонуси и 3-та смена да оди. И оти после бегале, не че се сликаат овде со Муртинецот и со Мицко пред изборно.
 
Пред некои ден разбрав дека фабриката Амфенол од Кочани го преполовила бројот на вработени и планирала да ја затворат, помислив дека е поради Корона кризата и е привремено, но двајца ми потврдија дека дека ја затварат фабриката а не ја знаат причината. Оваа фабрика вработува 2000 работници од Кочани, Македонска Каменица и Пробиштип и е премногу значајна за нас иако јас не сум директно вработен. Дали некои има инфо дали е ова точно дека се затвара фабриката? (Да не се повторувам Ве молам без мешање на Вмро и СДСМ и без предизборни кампањи, верувајте многу се познава кога некои партиски пиун ќе пише коментар)
 
Избор во Прилеп за работа немаш многу, кај да појш секако на минималец ќе те осигурат, така да многу не ти менува. Единствена разлика е шо можиш да крениш докај 22-23к во Гентерм, и то преку сила со трети, саботи, исполнети норми и квалитет при работа.
Но идиотиве почнаја да не му ги продолжуваат договорите на старите оператори, за на нивно место да донесат ново вработени, за кој најверојатно земат субвенции. Овај чин е за секаква осуда
 
Кога те викаат на интервју те прашуваат дали си спремен да работиш во смени, дали ако фирмата има потреба би одел прекувремено (за викенд). Во договорот ти пишува дека може да ти биди наложено да одиш до 160 часа прекувремено во текот на една година. Никој не ти става нож под грло да мора да потпишиш пред да прочиташ што потпишуваш. Сам си се фатил на орото.
За другото накратко, сигурно по убавина не се одбрани тие што не му се продолжени договорите, треба сами да се запрашаат зошто од преку 2000 вработени зошто баш за нив нема нов договор.
 
Не дека некој не е свесен дека ќе може да мора да работи во смени или прекувремено. Најчесто или му е кажано на интервју или дознал од веќе вработените. Туку е прашањето дали има избор. Речиси и да нема фирма кај што може да работиш помалку од 8 часа. А во голем дел од случаите и прекувремно и 3ти смени. Теоретски е право на избор никој не е насилно принуден да работи. Но во пракса многу се одлучуваат за тоа зошто сметаат дека им е подобро под лоши услови да работат од да не работат. И тоа е...дури и да не си задоволен во пракса е тешко да бараш друга работа и да работиш на една имаш проблем зошто треба да прибираш документи и да одиш на тестови и интервјуа кои се за време на работно време во тековната организација. Плус немаш можност пробно да работи некаде. Така да не е баш слободен пазарот и дека секој може да бира што и каде би работел да не почнам и со тоа што има конкуренција од невработени кои прифаќаат се само за да се вработат.
 
pravo na izbor e... mozes da ne go potpises dogovorot, tuka e izborot ili eventualno da se dogovoris nesto porazlicno. vo drzavi kade ima visok % nevrabotenost mokta e na strana na rabotodavecot, vo drzavi so mal % na nevrabotenost i te kako moze da se dogovoris...
 
Целосно си во право, конкуренцијата, невработеноста, физичките карактеристики и се друго се фактори кои секој ги согледува поединечно. Мојот пост беше само ориентиран кон она што добив впечаток дека членот вика некој ги принудува на нешто што тие не знаеле дека постои. Сите знаат и сите се свесни што работата во фабрика или во производство бара. Македонија е таа што е, платите се тие, работните часови се тие, нормите се тие... Во светот основна плата земаш за 100% вложување и резултат, за помалку следува санкција за повеќе следува награда. Капитализмот го налага тоа. Тоа дека некои поединци мислат да се шлепаат на грбот на другите не може да трае вечно кога приватна компанија е во прашање, сите знаеме дека некогаш нешто мора да заврши.
 
Право на избор е но не слободен избор. Да причина за тоа е стапката на невработеност и капиталот на невработениот. Исто и ако имаш капитал можеш да чекаш и полесно да избереш и подобри услови за работа. Собраниот капиталот ти дава преговарачка моќ.
Автоматски споено мислење:

Целосно си во право, конкуренцијата, невработеноста, физичките карактеристики и се друго се фактори кои секој ги согледува поединечно. Мојот пост беше само ориентиран кон она што добив впечаток дека членот вика некој ги принудува на нешто што тие не знаеле дека постои. Сите знаат и сите се свесни што работата во фабрика или во производство бара. Македонија е таа што е, платите се тие, работните часови се тие, нормите се тие... Во светот основна плата земаш за 100% вложување и резултат, за помалку следува санкција за повеќе следува награда. Капитализмот го налага тоа. Тоа дека некои поединци мислат да се шлепаат на грбот на другите не може да трае вечно кога приватна компанија е во прашање, сите знаеме дека некогаш нешто мора да заврши.
Да има избор и награда на квалитет во приватни фирми. Работодавецот се труди да обезбеди највисок квалитет и количина за сработеното под најниска можна цена.
 
Компарација на странски директни инвестиции.

Ejpjug6XgAEEpwE
 
Оооо викам коночно овие да донесат инвестиција
205 милиони евра инвестиција и нови 4.000 работни места, најави од Тајван директорот на ТИРЗ, Деспотовски
и читам Јагео, а Кемет се подружница на овие, значи технички ќе го прошируваат Кемет или па ќе имаат друг брен од нивните подружниц, ништо невобичаено како што беше и Амфенол.

Дури и оваа инвестиција ја должиме на една претходна влада која знаеше како да донесе инвестиции.
 
ТИРЗ: 2000 нови работни места во последните 12 месеци

За само една година се отвориле околу 2000 нови работни места во компаниите во ТИРЗ, велат од Дирекцијата.

Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13% повеќе споредено со истиот период лани, а за 25% и 31% повеќе од септември 2021, односно 2020 година. Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст на вработените продолжув и само за еден месец 200 наши сограѓани добиле нови работни места.

„Заклучно со септември е регистриран и раст на извозот и увозот. Во првите девет месеци од годината компаниите во Зоните оствариле извоз од 2.8 милијарди евра што е за 8% повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во септември извозот достигнал 329 милиони евра, а споредено со почетокот од годинава извозот е зголемен за 19%. Увозот од почетокот на годинава до сега достигна над 2,3 милијарди евра. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 275 милиони евра што е за 20% пониско ниво споредено со септември 2022 година, но за 45% и 55% повисоко ниво споредено со деветтиот месец од 2021 и 2020 година“ наведуваат од ТИРЗ.

Поради ваквите економски движења, како што додаваат, и нето извозот е во позитива, а заклучно со септември изнесува 22%.

Се очекува ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Само годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра каде веќе се реализираат дел од планираните 6000 нови работни места.
 
Ме интересира. Дали ова е дело на Владата СДСМ 2017 или на Владата Вмро 2007
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom