Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд

  • Вкупно гласачи
    98
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Можеш да ги дефинираш.

На пример ќе го земеме Bruce Springsteen. Лик што никогаш го немам слушано а и немам некој претеран респект.

И еве ќе земеме "Rolling Stones Top 500" албуми на сите времиња како некој општ критериум (прво ми падна на памет). Таму дечкото е застапен со 5 албуми. Колку и да не ми е по ќеиф, неговиот "квалитет" е неоспорен.
Ама во ова нема ни зрно објективност. Ова се арбитрарни работи. Еве земи две различни листи со по 100 најдобри бендови во историјата, бргу ќе видиш дека барем половината ќе бидат различни. Твојата општост во критериумите е потполно арбитрарна, и со самото тоа неточна.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780

Добро де пак ќе речам, форум трол си и не те интересира дискусија и аргументи, туку само к*р си играш :) и тоа е ОК.

Можеш да земеш и листи на топ 100 фудбалери на сите времиња, и голем дел од листите ќе се разликуваат (нема да бидат 100% идентични). Но ако, на пример, во една листа го нема Кака, тоа не значи дека не е одличен фудбалер.
 
И што докажа со ова? Како со ова го докажа постоењето на општите критериуми? На едната листа ќе го има Кака, на другата ќе го нема. Кој е општиот критериум кој ќе ни помогне да покажеме и докажеме дека Кака бил одличен фудбалер? И тоа пази, во фудбалот постојат објективни критеруми, бидејќи се работи за активност со мерливи резултати. Во музиката е тоа многу потешко.
 
Уххх, сега почињаш да поставуваш неверојатно глупи прашања :) time to stop. Секое добро пријателе !!!!
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Уххх, сега почињаш да поставуваш неверојатно глупи прашања :) time to stop. Секое добро пријателе !!!!
Не, туку поставувам прашања на кој што ти немаш одговор, иако прво се испрси со постоењето на општите критериуми по кој се одредува вредност во музиката. Сега кога малку ти се растресе уверувањето во постоење на такви општи критериуми, и кога западна во дискусија која никако нема добро да заврши по тебе, се обидуваш да ги дискредитираш моите сосем легитимни прашања како глупи.

Во ред е и тоа, бидејќи и јас и ти знаеме дека сега се најде во тесно па ја свитка опашката. Секое добро и на тебе.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.532
Поени од реакции
87.632
На секој со повеќе од два грама мозок му е кристално јасно дека "Fast and Furious" е лош филм, а "Wolf of Wall Street" е добар филм. Е сега, дали ти е забавен или не е друг муабет ама тоа не го менува фактот дека е сепак лош.
Наместо Wolf of Wall Street, си можел да го ставиш Death Wish како пример, сепак си можел да го испочитуваш никот што го имаш...

Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Наместо Wolf of Wall Street, си можел да го ставиш Death Wish како пример, сепак си можел да го испочитуваш никот што го имаш...

"Death Wish" е мастерпис !!!! Ако не си го гледал веќе, обавезно ѕирни го тројката. Прејак е :cool:
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
973
Поени од реакции
1.601

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.126
Музичкиот елитизам како и музичкиот популизам се екстремно небалансирани позиции. Музичкиот елитизам, во својата потоксична форма, суштински е навредлив. И да постои некоја објективна разлика меѓу кичот и добрата уметност (нешто што е дискутабилно на многу планови), да му кажуваш на некој дека нема музички сензибилитет и сл. само затоа што слуша музика што не се вклопува со твојот вкус, повредува луѓе на подлабоко ниво. Луѓето ја поврзуваат музиката што ја слушаат со разни интимни чувства, животни случки и ред други работи поради различни причини. Кога некој им го плука тоа, на некој начин ги вреѓа нивните искуства и идентитет.

Некои музички елитисти се индоктринирани од некоја субкултура и научени се нивното уво да перцепира одредени мелодии и хармонии како „добри", а други како „лоши". Дрндањето за кичот најчесто нема врска со музичката форма која е кич, туку е асоцирана со контекстот и субкултурата која ја слуша. Многумина од елитистите (за уметност, облекување и др.) што ги знам, повеќе имаат склоност да судат луѓе по различни основи и посклони се кон аверзивни чувства и помала емаптичност, а судот си го втемелуваат со некое етичко оправдување („Поради тоа што луѓето слушаат/гледаат/се облекуваат вака и вака, тоа доведува до вакви и онакви општествени проблеми") што честопати нема благе везе. Можда и ја бев у групата на музички елитисти еден период од животот и жалам за сето тоа пошто искуството ми покажало дека луѓето и нивните музички вкусови не се црно бели.

У контекст на темава, од моја перспектива, бендови што допиреле до мене на најдубоко нивоу и резонираат со моите фреквенции... :D

1. Swans
2. Pink Floyd
3. Opeth
4. Dead Can Dance
5. Nirvana
6. The Cure
7. The Doors
8. Anastasia
и така доаѓаме до моментот кога ја те прашувам:
А критичарите на уметноста за што служат?
Нивната работа е беспотребна?
Нерелевантна суштински?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Само овие три песни вредат колку целокупното творештво на Квин. Квин се како телевизијата, за секого по нешто, вкупно земено едно големо ништо.

Автоматски споено мислење:

Кога ќе дојде до прашања за музика, јас сум arbiter elegantiarum.
Самоназначен арбитер, и јас сум таков, и сите други кои слушаат музика :)
Ставањето на Цеца и Квин во иста реченица не се добра работа. Јас не сум фан на Џој Дивижн но никогаш не би ги ставил во иста реченица со Цеца затоа што тоа би било глупо, ќе ме изеде срам. Credit where credit is due. Не може да се одрече тоа дека Дивижн се квалитетен бенд, иако според мене најдобро нешто што произлегло од ЏД е Њу Ордер :angel:, исклучително добар бенд.
Зошто да не може несогласувањето да биде со фер муабет?

Постои и друг феномен, имено музика која човека го потсетува на некој период од животот, позитивен или негативен и преку таа призма е оценувана одредена музика. Мене Dead can dance ме потсетуваат на една женска особа на која не сакам да се потсетувам, многу "елитистички" настроена за музика и филмови, никако не можевме да најдеме средина, ме давеше со филмови на Фон Трир и слични ужаси.
Од неа дознав цела биографија на Иан Кертис :D

Би било добро некој да постира жива свирка на Џој Дивижн, ако се GOAT тогаш мора да чуеме како звучеле во живо. Кој го интересира Квин нека погледне концертот на Естадио Монументал Антонио Либерти во Буенос Аирес.

Некој погоре напишал дека Квин биле погодни за пуштање во угостителски објекти.
Не е така. Јас во тек на 4 децении живот ниту еднаш не сум слушнал песна на Квин, нит во паб, бар, кафана, биртија, клуб, дискотека, летна тераса па дури ни на радио. Сум чул на спортски манифестации (We will rock you, I want it all, We are the champions etc.) и тоа е тоа.
Има песни на Квин за слушање во друштво има и такви кои се слушаат во самотија. Квин имаат широк репертоар на квалитетни песни.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Би било добро некој да постира жива свирка на Џој Дивижн, ако се GOAT тогаш мора да чуеме како звучеле во живо. Кој го интересира Квин нека погледне концертот на Естадио Монументал Антонио Либерти во Буенос Аирес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom